Маурициус

Маурициус

Недопрена природа, кристално чисто и сино море, шаренило од цвеќиња и ситен бел песок.. Добредојдовте во рајскиот свет!

Сѐ ова може да се види на туристичките плакати и фотографии, меѓутоа, Маурициус (Mauritius) е вистинскиот избор за сите оние кои посакуваат рекреација и спорт во својата авантура. Ова е дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите авантуристи затоа што нуди врвно планинарење, kite surfing и нуркање. Целиот остров е опкружен со масивен корален гребен и претставува вистинско уживање за искусни нуркачи.

Покрај прекрасните плажи и лагуни кои се заштитен знак на островот, внатрешноста е богата со прашуми, водопади, планинарски стази и див свет. Зелените шуми обезбедуваат дом за ретки растителни и животински видови, како што е летечката лисица која може да се сретне само тука. Во прочуениот парк Касела (Casela) ќе доживееме сафари авантура и ќе видиме зебри, камили, лавови, тигри, на плажата Тамарин (Tamarin) ќе видиме делфини и китови, а во селото Чамарел (Chamarel) и џиновски желки.

Главен град е Порт Луис (Port Louis) со пристаниште и тврдина која доминира над градот, а значајни се пазарот, луксузниот кварт Caudan Riva, хиподромот Champ de Mans, Палата на Владата... На планината Le Pouce (анг. The Thumb) се наоѓа Национален парк. Името го добила по врвот чиј изглед потсетува на палец, а од него се нуди преубав поглед на градот и околината.

Северниот дел на островот нуди најдобра комбинација на плажа, традиционална кујна и ноќен живот. Се забавуваме на плажа со познатите звуци на DJ-ите додека високите палми ни прават ладовина за пиење на шарени коктели од рум и локалното пиво Phoenix. Ги правиме најдобрите фотографии за instagram додека во рацете држиме плодови од ананас и кокос.

Ќе ги испробаме традиционалните јадења како што е dholl puri (палачинка полнета со грашок и мешавина од зачини), ракчиња во лут сос, пржени нудли и рибни специјалитети припремени на сите можни начини.

Гостопримливиот Маурициус (Mauritius) не нуди само одлична забава и фантастични плажи, туку и културен идентитет вреден за истражување. Биди дел од уште една Jungle авантура!

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Маурициус

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Маурициус не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против COVID-19.

Задолжително е здравствено осигурување кое покрива и пандемија COVID-19.

Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://safemauritius.govmu.org/ . Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

ВИЗА
Државјани на Република Македонија кои туристички патуваат во Маурициус, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 60 дена. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, повартна авио-карта, доказ за поседување на доволно финансискки средства и потврда за уплатен туристички аранжман (ваучер кој го добивате кај нас во агенција). Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.

All in One travel form
Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://safemauritius.govmu.org/. Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување во Маурициус не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден се движи помеѓу 29-32 степени, а навечер паѓа на пријатни 26 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци. 

БЕЗБЕДНОСТ
Хотелот во кој сте сместени се наоѓа на локален остров каде живее локално население. Островот е безбеден, но секако препорачуваме да водите сметка за Вашите пари и лични работи како што би воделе на било која друга дестинација. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат. 

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Мешаното колонијално минато се има одразено и во културата на Маурициус. Кујната е мешавина од индиска, француска и креолска кујна, а се карактеризира со исклучително зачинета храна со силен вкус. Населението обично ги поминува вечерите во голем број ресторани низ островот и можете да најдете храна за сечиј вкус, од индиски ресторани, преку кинески, креолски, јужноафрикански, до ресторани со европска кујна. Постојат и големи светски ланци на ресторани. Маурициус може да се пофали и со квалитетно пиво, како и со рум направен од шеќерна трска, уште од времето на првите колонисти. Се препорачува флаширана вода за пиење.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Маурициус. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Што се однесува до интернет и Wi-Fi, конекцијата знае да биде бавна, но сосема доволна за основна комуникација. Некогаш сигналот знае да биде полош во собите, но на рецепција во главно, работи одлично. Доколку сакате картичка за интернет, која нуди пристап до брз интернет, известете го водичот.

СТРУЈА
За Маурициус постојат два типа на приклучоци, C и G. Тип на приклучок C е приклучокот кој има двa кружни влеза како што се користи во Македонија и типот G е приклучокот кој има три правоаголни влеза во триаголен образец како што се користи во Велика Британија.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Маурициус е Маурициска Рупија. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 48.89 MUR 
1 USD = 44.45 MUR
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување. 

Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички, но не треба премногу да се потпирате на нив. Провизиите кои ги земаат не се големи, но секако би требало да проверите со матичната банка. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+4, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Маурициус е 3 часа, а во текот на летното сметање на времето е 2 часа, затоа што Малдиви не преминува на летно сметање на времето.