Добредојдовте во Азија. Континент кој со своето пространство и контраст ја прави една од највозбудливите дестинации. Високи облакодери на модерните престолнини, широки булевари, улични продавачи, дива енергија и шаренило па се до рурални села и племиња во џунглите и номади во тундрите.
Истражете ги оризовите полиња на Бали, засведочете ја убавината на Таџ Махал и шарената Индија и снежните врвови на Хималаите во Непал или искачете се на “кровот на светот“ Тибет, поранешната резиденција на Далај Лама. Почувствувајте ја енергијата на југоисточна Азија, егзотични плажи и медитација или испијте чај на некоја од плантажите во Шри Ланка. Ако се упатите посеверно, Ве чекаат номади од Монголија и руската царица Камчатка, земја на мечки, зима и вулкани... Посетете ја најстарата цивилизација на светот и шетајте по кинескиот ѕид или продолжете во Јапонија, земја на модерно и традиционално, шетајте по улиците на модерното Токио и вдишете го мирисот на процветените цреши. Ништо не оставаме неистражено, затоа Ве водиме во Северна Кореја, појдете на авантура во најизолираната и најтајната земја, каде заедно ќе ги откриеме тајните на оваа држава. Во централна Азија Ве чекаат држави со кои заедно одиме по патиштата од свила.
За малку да го заборавиме Блискиот исток и да не го спомнеме кралството Јордан во кое се наоѓа чудото од античкиот свет, градот во камен Петра. Или Бејрут, главниот град на Либан помеѓу планини и мориња со најстара историја. Да не ги заборавиме персиските теписи и фстаците во Иран и ексклузивното Дубаи. Можности има безброј, на Вас е само да изберете дестинација затоа што... Ве водиме во Азија.