Турција патувања

Локалитети од листата на УНЕСКО на светско наследство, храмови од периодот мезолит, повеќе од 130 планински врвови кои се надминуваат 3.000 метри, се само дел од причините зошто Турција е прогласена за шестта најпосетувана дестинација на светот. Преубавата и богата земја од двете страни на Босфор и Дарданели е надалеку позната по своето гостопримство. Во престолнината Истанбул ќе го посетиме најстариот автентично сочуван пазар на светот кој потекнува од 15. век. Историскиот центар на Истанбул заедно со Сината џамија и Аја Софија, Мевлана и дервишкиот танц во Коња, Троја, камените формации и летањето со балони во Кападокија, археолошките наоѓалишта како Пергамон или Аспендос и националниот фестивал на камили во Ајдин, се само некои од најпосетените локалитети и историски наследства на оваа држава. Почитувањето на традициите и националниот идентитет се основните принципи на воспитувањето во Турција, а прво меѓу традициите е легендарното турско гостопримство. Уживање во ориентална, но и современа музика до доцна во ноќта се подразбира, како и обиколка на локациите за шопинг и различни видови на хедонизам. Ќебаб, лахмаџун, ќофте и сарма се некои од традиционалните турски специјалитети кои совршено одат со чај, ајран, боза или раки. На крајот, засладете се со баклава или локум и искусете го целосното доживување на Медитеранот, кој ќе Ве повикува да се враќате назад повторно и повторно. 

Поаѓања

Патувања