Индија патувања

Ниту една друга земја не остава таков впечаток како Индија (India). Во сеќавање ќе ви остане тишината на пустината, течењто на реката Ганг, златните изгрејсонца над Варанаси, бенгалските тигри, светите луѓе од Пушкар, медитацијата, јогата, "ајурведските масажиЌ, слонови, богот Шива, магичните плажи на Гоа... 

Индија не може да се опише со зборови, туку мора да се доживее!

Стигнавте во Њу Делхи, престолнината на Индија... Добредојдовте во поинаков свет! Микс на разни култури, микс на луѓе и животни кои слободно шетаат на улица. Хаотичен сообраќај, улична храна и константниот звук на кравји ѕвона апсолутно ќе ве воодушеват! 

Ќе се восхитувате на симболот на Индија, но и на вечната љубов- храмот Таџ Махал кој го изградил Шахот Џахан за својата покојна сопруга. 

Ќе дознаете колку нијанси на розевата боја постојат, кога ќе го здогледате Џаипур, розевиот град на Раџастан, престолнина на кралското семејство. 

Одиме во Варанаси, домот на Брама и најпознатото хиндуистичко место за аџилак. 

Ве носиме во пустина, во Пушкар, хипи гратче, полно со хинду храмови, интересна храна и опуштени кафулиња!

Почастете го своето сетило за вкус со традиционалното ароматично кари, уживајте во мешавината на кокосово млеко, чили, ѓумбир и други зачини, а потоа разладете се со “lassi“ кој се прави од јогурт, вистински “противотров“ за лутото кари. 

Вдишете ги мирисите на зачини кои се мешаат со вкусовите на свежо овошје од локалните пазари. 

Искапете се во боите на виножитото и уживајте во шаренилото за време на Холи фестивалот, кој се слави во во пролет во хинду земјите и е посветен на богот Кришна. Најголем настан во индискиот календар е Дивали фестивалот на светлината и се слави кон крајот на октомври, а претставува почеток на Индиската Нова година. Ова е патување кое ќе ве излечи од зависноста на дигитални уреди, ќе ги доживеете луѓето, вкусовите, мирисите и нестварните предели на Индија.

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

За влез на територија на Индија не е потребна вакцина. Секако можете да се посоветувате со Вашиот доктор или институт за јавно здравје.


Индија (India) е веројатно една од најдобрите дестинации за купување на сувенири. Ќе имате прилика да бирате сувенири кои се квалитетно направени, со интересни приказни кои ги врзуваат и многу ниски цени. Во било кој дел на Индија (India) ќе видите многу продавници за сувенири, но место со најголем избор е Њу Делхи односно Пахаргањ, Пушкар, и Ришикеш. Од Индија не заборавајте да купите фигури со хинду божеставата, миризливи стапчиња, простирки, шалови, марами од кашмир, чаеви, зачини, скапоцени и полускапоцени камења, накит од сребро и злато. Ценкањето е обавезно во Индија, а цената може да ја намалите и до десет пати.


Сушниот период во Индија (India) е помеѓу октомври и април и е најповолно за посета на оваа земја. Температурата се движи помеѓу 25-30 степени. Во градовите кои се на Хималаите ноќните температури може да паднат и до 10 степени, затоа земете и потопла облека. За останатите градови потребно е да носите полесна и удобна облека, но нешто што премногу открива. Најдобро е да се носат лесни кошули, долги сукњи, широки панталони, комотна облека.


Најповолната опција за превоз по градовите е тук-тук. Потребно е однапред да се договори цената со возачот, па тогаш да го почнете Вашето возење. Покрај тоа што ова е најповолниот превоз, ова е и најживописниот вид на превоз. Секако, можете да користите и такси, но поради големите гужви во сообраќајот, најверојатно до крајната цел побрзо ќе стигнете со тук-тук.


Со копија од пасош и една фотографија, можно е да се купи СИМ картичка за која треба да одвоите до 10$. Покрај бесплатните повици во круг на индијските мрежи, се добиваат барем 1ГБ интернет (во зависност од мрежата). WI-FI има во скоро сите кафулиња и хотели и функционира добро.


Салоните за масажа може да ги пронајдете во секој од градовите во Индија (India), но најдобри се оние во Ришикеш. Градот е посветен на јога, вегетаријанска исхрана, масажа и здрав начин на жвот. Најспецифична масажа е ајурведската масажа која се прави со топли масла, но мора да земете во обзир дека после овие масажи телото ги ослободува сите негативни супстанци па заради тоа може да добиете температура или мали стомачни проблеми. Покрај овој тип на масажа има и многу други видови кои се распространети и на нашите простори, релакс, антистрес итн. Цената на масажа се движи помеѓу 10 и 40 евра и обично траат околу еден час.


Во Индија (India) на секаде може да најдете улична храна која е навистина ефтина. Порциите на улица се движат од пола до два или три долари. Доколку јадете на улица многу е важно да внимавате да конзумирате термички обработена храна и никако да не конзумирате вода. Свежи салати, сокови со вода, мраз или било што што содржи вода која не е термички обработена не треба да се конзумира.

Покрај уличната храна тука се и бројните ресторани кои се прилагодени за туристи. Покрај индијските специјалитети има и другите кујни. Цените во рестораните се малку повисоки, па за еден ручек би требало да издвоите од 5$ до 10$.

Важно е да напоменеме дека на нашите патувања посетуваме и свети градови во кои конзумацијата на намирници од животинско потекло е забранета. На тие дестинации уживаме во понудата на вегетаријанска храна и се освежуваме со цедени сокови.

Додека престојувате во Индија (India) советуваме да ги пробате нивните специјалитети. Кујната ја одликуваат големиот број зачини, а некои од нив се пикантни и лути. Колку се употребуваат зачините покажува фактот дека и во секој чај ставаат зачин за добивање на единствена арома. Задолжително пробајте го Масала чајот, кој го служат секаде и е комбинација на чај, млеко и неколку зачини.

Индија (India) е толку голема и многубројна што на секои 20км се менува кујната и има нови специјалитети. Разните начини на спремање на пилешко и во зависност од припремите јадењата добиваат нови имиња. Од пецива најпознати се тестата кои се слични на тортиљи и исто така носат различни називи во зависност од брашното и начинот на припрема. Важно е да знаете дека нема телешко месо бидејќи кравата е свето животно и нејзиното месо не се конзумира.

Exotic Rooftop - ресторан кој се наоѓа на покрив на зграда на најпрометната улица на Нју Делхи, Пахаргањ. Служат одлична и проверена индијска храна. Изборот е голем, а цените се доста достапни. Можете да појадувате за отприлика 5 евра заедно со пијалак и кафе, додека ручек или вечера чини до 10 евра.

Nirvana Caffe - ресторанот се наоѓа во Пушкар и од него се пружа неверојатен поглед на градот и езерото. Служат национални јадење кои воглавно се вегетаријански, но може и да се најдат јадења и со пилешко.

Surabhi – ресторан кој се наоѓа во центарот на Џаипур е уреден на традиционален начин. Имаат одлични јадења од пилешко кои се прилично зачинети, така што ако не сакате зачинето тоа задолжително нагласете го. Покрај одличната кујна, вечерта ќе Ви ја разубават танчерите кои изведуваат акробации со оган и девојки кои носат и по 10 стомни на глава како и траиционални свирачи.


Деловите во Индија (India) по кои се движат нашите тури се туристички, па со тоа, истите се и многу безбедни. Народот во Индија (India) е многу питом. Локалците секако ќе ви се најдат секогаш кога ви е потребна помош. Сепак, од причина што Индија (India) има повеќе од една милијарда жители, а на улица секогаш има огромна гужва, ве советуваме да секогаш водите сметка за своите лични работи и пари, бидејќи како и секаде низ светот, во Индија (India) можат да се најдат и џепароши. Доколку се одлучите за патување на тура која вклучува и патување со воз, за време на ноќта, кога спиете - чувајте ги вашите работи блиску до главата. Креветите во возовите имаат доволно место за удобно да се сместите и да покрај себе ги ставите своите работи.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Индија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Република Индија е седма држава во светот по големина, а втора по број на жители. Индија е република со парламентарен систем на демократија и се состои од 28 држави и 7 сојузни територии. На југот, Индија излегува на Индискиот океан, на запад на Арапското море, а на исток на Бенгалскиот залив. Копнено се граничи со Пакистан на запад, со Кина, Непал, Бутан на север, а Бангладеш и Мјанмар на исток. 

Површина: 3.287.590 km2
Број на жители: 1,324 милијарди
Главен град: Њу Делхи (New Delhi)
Јазици: хинди и англиски и 21 национален јазик
Вера: Хиндуизам, Будизам, Џаинизам и Сикизам настанале во Индија. Од религии во Индија е најзастапен хиндуизмот со 80,5%, потоа исламот 13,4%, христијанството 2,3% и останатите религии со 3,8% од населението. 

2. ВИЗА

На државјаните на Р.С. Македонија им е потребна виза за Индија. За истата може да аплицира, плати и добие online. Пасошот мора да биде важечки најмалку 6 месеци по враќањето од патувањето (минимум 3 слободни страници). Цената за виза е 80 USD во денарска противвредност + услуга за визирање 500 МКД

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

UTC +5:30

4. КЛИМА

Климата во Индија е суптропска, тропска и екваторска. Индискиот потконтинент има изразито монсунска клима во лето и од крајот на април до октомври, од Индискиот океан дуваат топли и влажни ветрови кои носат доста врнежи. Преовладува тропско-монсунска клима. Средна јануарска температура е од 11-12 степени во подножјето на Хималаите, а 27-28 степени на југот, јулската температура е од 20 до 35 степени со огромна количина врнежи. Најголема количина врнежи забележана е во Асам (11мм) кој се наоѓа во североисточна Индија. Со вештачко наводнување усевите успеваат и во зима. Билниот свет е многу богат со прашуми, џунгли, савани, застапена е и средоземна вегетација. Монсунската клима, топла и периодично влажна е услов за наведената вегетација и животинскиот свет. 

5. ХРАНА

Индија ги буди сите сетила и чувства, што значи дека тука може да почувствувате сѐ освен рамнодушност. Таква е и гастрономијата на оваа огромна земја. Индиската кујна може да се подели на четири региони во склад со страните на светот, иако внатрешно во тие региони има понатамошни поделби. На истокот најпозната е бенгалската кујна. Храната се служи на талија, специјален послужавник каде централно место завзема голема чинија со ориз, а од страните мали чинии со други јадења. Иако во нивното припремање често користат житарки, мешунки па и зеленчук, највкусниот тип е припремен од млечни производи. Најчести зачини и состојки користени во оваа кујна се синапот, чили, ѓумбир, коријандер и неговите листови, зелен кардамом, panch phoron (мешавина од пет зачини во еднаква мера: пискавец, анасон, кумин, црно семе калонџи и синап), куркума, кумин, калонџи, коморач, синап, сусам, јогурт, брашно од леблебија, масло од горчица и гхее, прочистена млечна маст односно прочистен путер. Западна Индија ја сочинуваат четири различни кујни. Во секое јадење се става најмалку еден прстоват шеќер, а нивното традиционално тали понекогаш е сочинето од дури 10 јадења (ориз, пециво, зачинет јогурт, разни видови мешунки и фарсана (грицки), суби (назив за јадење од зеленчук), десерти и khichdi. Во регионот на Гоа, најмногу се користи чили, шеќер, сусам, орашасто овошје и брашно од леблебија. Ражастан регионот е една од најпопуларните туристички дестинации. Недостатокот на вода за готвење го замениле со пржење во gheea, што на јадењата им дава посебен шмек. Северноиндиската храна е богата и со силен вкус. Многу се застапени chapati и roti, видови пецива кои се прават без квасец и со додаток зачини. Се смета дека од овој регион поттикнуваат највкусните dhali, јадење од леќа во кое се додава кари смеса. Најчести зачини и состојки се коријандер, кумин, суви чили пиперчиња, куркума, цимет, кардамом, гарам масала и анасон. Јужноиндиската покранина е карактеристична по сочната и лута храна. Главната состојка е оризот и разните зготвени јадења од зеленчук. Значајно е и суби од патлиџан, бамјите и зеље, кокосот и кокосовото млеко кое како дел од многу јадења ја гаси јужњачката лутина. Зачините кои најмногу се користат во овој регион се листовите кари, горчица, асафетида, бибер, тамаринд, пискавец и чили. 

6. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА 

Ниедна вакцина не е неопходна за патување во Индија, но ги советуваме нашите патници да се консултираат со лекар и да одлучат дали би сакале да примат некоја вакцина. Најдобро е да се посоветуваат со Институтот за Јавно здравје. Пожелно е да се понесат лекови за стомачни проблеми (пробиотици), Фервекс или некои лекови за болка и температура за секој случај. Општата санитарна ситуација во Индија е сложена и бара големо внимание при конзумирање вода, храна и одржување лична хигиена. Не се препорачува конзумирање вода од чешма туку исклучиво флаширана.

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Здравственото осигурување не е задолжително но е препорачливо. Може да подигнете од било која осигурителна куќа или да уплатите во нашата агенција до 5 дена пред патувањето.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Опасноста од елементарни непогоди во Индија е изразена во периодот на летните монсунски дождови кои периодично паѓаат во интервал јуни/јули до сепрември/октомври. Поради поголемите елементарни непогоди предизвикани од монсуните кои најмногу ги погаѓаат руралните подрачја се формираат кризни служби кои на лице место укажуваат неопходна помош односно вршат евакуација. На територијата на Индија генерално не постои отворена опасност од вооружени напади ниту пак висок степен на криминал. Потребно е да се води сметка околу почитувањето на локалните обичаи и придржување до истите.

9. ПАРИ

Официјалната валута во Индија е индиската рупија- INR (една рупија содржи 100 пајса). На патувањето може да понесете евра или долари. Односот е 1 EUR = 70 INR,  a 1 USD е околу 60 INR. Постои можност за користење платежни картички, пред сѐ на банкомати, но не треба премногу да се ослонувате на тоа. Провизијата не е голема, но потребно е да се провери со матичната банка. 

10. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мрежи функционираат во Индија. Во однос на роаминг цените, проверете на страницата на Вашиот мобилен оператор. Можете да купите и локална картичка која не е скапа. Во однос на интернет и WiFi, конекцијата може да биде побавна, но е сосем доволна за основна комуникација.