Сејшели

Сејшели

Сејшели (Seychelles) е островска Република составена од архипелаг острови лоцирани во Индискиот Океан, околу 1.600 километри од источните брегови на Кенија (Kenya) и Танзанија (Tanzania). Космополитските Сејшели (Seychelles) денес се мешавина од африкански, европски и азиски народи од различни раси, култури и религии. Влијанијата на сите нации се рефлектираат во нивните традиции, обичаи, кујна, музика и уметност. Изградбата на куќите е прилагодена на животот во тропските предели, со куќи со стрмни покриви. 

Дом на многу ретки примероци на растенија и животни. Жителите се горди што дури 50% од земјата е заштитена во вид на Национални паркови и резервати. Тука може да се најдат најразлични заштитени видови животни, од најмалите жаби во светот, до најтешките копнени желки во светот, од најголемото семе во светот - Coco de Mer, до дрвото медуза.

Поаѓања

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Сејшели

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Главен град: Викторија

Површина: 459 km²

Број на жители: 94.228 (2016.)

Население: најголем дел Французи, Африканци, Индијци и Кинези

Јазик: француски, англиски, креолски

Вероидповед: христијани - римокатолици

Локално време: UTC + 4

Независност: 26.jun 1976.

Валута: сејшелски рупии

 

2. ВИЗИ:

Виза за Сејшели не е потребна за граѓаните на Република Северна Македонија за туристички престој до 90 дена. Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќањето од патот (минимум 2 слободни страници).

 

3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА е UTC + 4, односно при пресметување на зимското време разликата помеѓу С. Македонија и Сејшели е 3ч и за време на летото е 2 ч, бидејќи Сејшели не преминува на летно сметање на времето.

 

4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:

Водата не е за пиење, се користи само флаширана вода и се избегнува мраз. Вода од шише се користи и за миење на забите. 

Не е неопходна вакцина за влез во Сејшелите. 

Што се однесува до лекови за маларија, не е неопходно да се земаат затоа што во Сејшелите нема маларија, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да се знае дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства. 

Со Вас понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за намалување на температурата, за болка или лекови што обично ги носите со себе на патување. Исто така, понесете и крема сончање и Аутан. 

Препорака е да имате здравствено осигурување. Можете да уплатите здравствено осигурување во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цената на осигурувањето, обратете се во агенцијата.

 

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Сејшели е безбедна дестинација, но се препорачува да се чуваат скапоцените работи во сместувањето бидејќи секогаш постои можност за кражба на улиците или плажите.

 

6. КЛИМА:

Сејшелите имаат слична температура во текот на целата година кога ноќите ретко достигнуваат под 24 степени, а денот ретко надминува 33. Може да очекувате постојана промена на облаците и сонцето, бујно зеленило и влажност затоа што ова е тропска дестинација.

 

7. ХРАНА:

Кујната на Сејшели настанала под влијание на француската, британската, индиската, африканската и арапската кујна, создавајќи целосно уникатна кујна, каде што најважни намирници се оние што се наоѓаат во нивната околина: морска храна, риба, како и разни тропски овошја и зачини. Особено ѓумбир, кари и чили. Речиси секое јадење има најмалку еден од овие три зачини во себе.

 

8. ОБЛЕКА:

Од облека треба да понесете летна, полесна гардероба, но задолжително со себе понесете неколку долги ракави и долги панталони, пред се поради авионите, но и можноста за пад на температурата.

 

9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:

Валутата која во оптек е Сејшелски рупии - SCR. 

1ЕУР = 15 SCR, 1 $ = 13 SCR. 

Препорачливо е да носите долари со себе бидејќи е најприфатена валута на Сејшелите. 

Во подобрите хотели и во главниот град, има банкомати и сите услуги можат да се плаќаат со картички или во странска валута (евра и долари), а истото важи и за изнајмување автомобил. За деталите консултирајте се со вашата банка и не заборавајте да пријавите заминување во странство за да не ви ги блокираат картичките.

 

10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Во повеќето случаи, нашите мрежи работат во Сејшели. 

Сите сместувања имаат wi-fi. 

Во однос на електричната енергија, напонот е ист како нашиот, но потребни Ви се адаптери за приклучок. Влезот е ист како и за Велика Британија (три рамни конектори). 

Не можете да набавите адаптери на дестинацијата.

 

11. СУВЕНИРИ:

Од сувенири препорачуваме: Такамака рум, Coco de mer - морски кокос (многу е важно да имате автентичен сертификат за купување, т.е. да добиете сертификат затоа што од 2017 година е воведен закон кој строго го контролира шверцот од ваков вид, без оригинален сертификат може да завршите во затвор), нешто со мотиви од желка кои се заштитен знак на Сејшели, есенцијални масла, накит од креол и уметнички дела, марами, фустани...
 

12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:

Не ви треба меѓународна возачка дозвола за изнајмување автомобил или мотор во Сејшели. 

Секогаш проверувајте го рокот на траење на сè што ќе купите во Сејшелите.