Испразнетете ги своите телефони и камери, затоа што бројот на величествени призори кои ќе сакате да ги забележите на нашето патување во Кенија (Kenya) е бесконечен.
Првата помисла на оваа земја е секако сафари, меѓутоа, во неа се кријат уште безброј богатства кои го одземаат здивот. Златните тревни рамнини на Масаи Мара, снежниот врв на планините на Кенија (Kenya), блескавите езера Накуру, коралните гребени, плажи со бел песок, плантажи со чај... Може да се пофали и со голем број на светски познати национални паркови и природни резервати, во кои животните слободно се движат во своето природно опкружување, на само неколку метри од нас.
Ќе имаме можност да го видиме единствениот природен феномен кој е заштитен знак на овој дел од светот, и не може да се види никаде на друго место - годишната миграција на милиони гнуа, зебри и други животни во природниот резерват Серенгети (поголемиот дел се наоѓа во Танзанија (Tanzania), а помал дел во Кенија (Kenya) - резерватот Масаи Мара (Masai Mara)). Ќе ги набљудуваме стадата гнуа како ја преминуваат реката Мара, зебрите во потрага за вода и храна и предатори кои ја чекаат својата шанса. Пред нас се одигрува борбата за опстанок и спектакл кој може да се види еднаш во животот.
Во главниот град Најроби (Nairobi) ги храниме младите слончиња, пиеме кафе додека ги храниме жирафите уживаме во улична храна, од печено месо на скара до рибни специјалитети, а ќе се засладиме со превкусните десерти, мандази (крофна) и матоке (варена банана).
Го посетуваме селото Масаи (Masai village) и уживаме во танцот на племето Масаи, традиционалните носии и различниот начин на живот. Најсиромашната населба во земјата, Кибера, ќе не “спушти на земја“ и ќе не потсети дека најважното богатство е она кое го носиме во себе.
Единствена култура, егзотични пазари, тропска клима, села кои живеат со стари обичаи и звучна мелодија на дивината... подготвени сме за африканската приказна!
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Кенија
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Главен град: Најроби
Површина: 580.367 km²
Број на жители: 44.354.000 (2013.)
Население: 99% народи од африканско потекло од преку 50 племиња
Јазик: swahili и англиски
Вероисповед: 65% Христијани, 7% Муслимани, остаток од припадници на традиционалните религии
Локално време: UTC + 3
Независност: 12.12.1963.
Валута: кениски Шилинг
2. ВИЗИ:
Државјаните на Р. С. Македонија можат да аплицираат за електронска виза за влез во Кенија. Визата чини 51 УСД и се плаќа online. Вебсајт: http://evisa.go.ke/
3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА e UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Кенија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Кенија не преминува на летно сметање на времето.
4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:
Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува лед. Флаширана фода се користи и за миење заби.
За влез во Кенија е неопходно да имате жолт картон (потврда за вакцинација против жолта грозница).
Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги консумирате, меѓутоа за тоа консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите нé штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.
Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за смалување на телесна температура, лекови против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете и крема за сончање и Аутан.
Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цена на осигурувањето јавете се во агенцијата.
5. БЕЗБЕДНОСТ:
Кенија е безбедна дестинација, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење во мрак и навечер, затоа што пред се сé работи за сиромашни и неразвиени подрачја, како и на местата каде има голем метеж (локални пазари и сл.) и треба да се води сметка за џепароши. Исто така не е препорачливо да се движите со скапоцен накит. Треба да избегнувате посета на оддалечени и рурални подрачја.
Избегнувајте продавачи на опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални.
Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да фотографирате, морате задолжително да прашате.
Внесување и изнесување на кениски шилинг е забрането, но нема ограничување за внес на конвертибилни валути. Во земјата е дозволено внесување на 200 цигари и 1 литар алкохолен пијалок. Изнесување на живи животни, како и производи од заштитените животински видови (кожа, корали, слонова коска и сл.) е забрането и може да доведе до затворска казна.
6. КЛИМА
Кенија важи за една од земјите со најповолна клима на светот во текот на целата година. Во текот на денот температурата е обично 25-30 °C, a доцна навечер и рано наутро се симнува до 12-16 °C. Во јужните и крајбрежните делови на Кенија е многу потопло и во зависност од годишното време влажноста на воздухот е многу висока, а сонцето е исклучително силно бидејќи се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, па така со себе задолжително понесете облека со долги ракави и долги панталони. Периодот на дождови трае од март до јуни, но дожд може да се појави во било кое време од годината.
7. ХРАНА:
Исхраната во главно се состои од свежо овошје и зеленчук, како и традиционални супи и чорби. За ручек и вечера во Кенија обично се сервира месо (пилешко, јагнешко, свинско или говедско), но и риба и вегетаријанска храна.
Улична храна не се препорачува (пред се поради тоа што ова не е подрачје со традиционална улична храна)
8. ОБЛЕКА:
Од облека потребна е летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и долги панталони пред се поради авионот но и можноста за пад на температурата.
Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.
За сафари е потребна облека со мирни бои (избегнувајте темни бои, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои), долги панталони и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да спречите вдишување на прашина.
9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Валутата која е во оптег е кениски шилинг - KES.
1eur = 113 KEN, 1$ = 100 KEN.
Препорака е со себе да носите долари но исклучиво испечатени 2006 година и подоцна.
Користење на меѓународни платежни картички (VISA и сл.) во Кенија е прилично развиено, особено во подобрите хотели, ресторани, самопослуги и сл. За детали посоветете се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство за да не Ви ги блокираат картичките.
Во некои случаи можете да плаќате во долари, но подгответе ситни пари.
На пазарите, продавачите на сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, бидејќи тоа е обичај.
Покрај ценкањето обичај е секогаш да оставате бакшиш.
10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:
Нашите мрежи генерално работат на територијата на Кенија, односно во поголемите градови.
Сите сместувања имаат wi-fi.
Што се однесува до електричната енергија, напонот не е ист како и кај нас и потребни Ви се адаптери. Влезот е како за Велика Британија (со три конектори.
Адаптери на самата дестинација не можете да набавите.
11. СУВЕНИРИ:
За почеток, мораме да напоменеме дека изнесување на живи животни, како и производи од заштитените животински видови (кожа, корали, слонова коска и сл.) е забрането и може да доведе до затворска казна.
Од сувенири препорачуваме: традиционална облека и материјали, tradicionalnu odeću i materijale, душеци и корпи изработени од автохтони влакна, предмети и скулптури од дрво, кениски кафе и чај, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата Масаи...
12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:
Доколку сакате да изнајмите возило или мотор во Кенија, потребна Ви се меѓународна возачка дозвола но и дозвола која мора да ја извадите во Најроби, во надлежното министерство.