Каде што се наоѓаат најмногу песочни дини на светот, каде ја чувствуваме мистичната енергија која ја испраќа Мачу Пикчу, шарените падини на "Планината-Виножито", долината на Инките каде бушавите лами им се умилкуваат на посетителите, каде Кечуа Индијанците припремаат ајахуаска напитоци и пловечките острови во Пуно - таму се наоѓа неверојатната земја Перу. Земја со која владееле легендарните Инки пружа еден од најголемите биодиверзитети на нашата планета: чаму чаму овошјето кое доаѓа од Амазон, преку 3000 видови на компир, чича морада сокови од виолетова пченка во секоја таверна, алапака лами во сите древни градови, розеви делфини во реките па дури и мумии на вонземјани од Паракас... Не чекаат легенди раскажани не само на шпански туку и на јазиците кечуа и ајмар, поклонување на богот на Сонцето Инти и творецот на светот Виракоча, сѐ тоа послужено со чај од кока. На целото патување околу нас се простираат нежни звуци на андските инструменти и неизбежниот Кондоров лет (El Conodor Pasa). Перу е земја каде традицијата пулсира и поради тоа, покрај обиколката на регионот околу Лима и Куска во нашата јужноамеричка авантура сакаме нашите патници да ги однесеме на детално истражување на Перу каде овој дел на светот пружа шанса комплетно да не освои. Покрај местата како што се Писак и Чинчеро, Олантајтамбо ве носиме и во Пуно, Арекипа, Наска и Паракас. Перу на дланка!
Патувања
Видео
Прашања, одговори и искуства
Кога станува збор за пари, односот на доларот и еврото во овие земји е многу сличен како кај нас, малку е поповолно да носите долари, но во ред е и ако имате и евра. Локалната валута во Перу (Peru) е сол. Нашата препорака е да носите пари во готово и да не се потпирате на употребата на картички. Некој просек за патуање од 20 дена е околу 500-600 евра, без факулативните излети. Трошењето е индивидуална работа и доста зависи од шопингот и дополнителните активности. Оброците во рестораните се обилни и не се скапи (од 4-10 евра). Сувенирите исто така се поволни и може да се ценкате.
Посетата на Куско (Cusco) може да Ви биде во текот на целата година, со оглед на тоа што секое годишно време носи своја магија меѓутоа најпогодно време за посета е од декември со март. Доколку планирате посета на Rainbow mountain најдобро е да одите во периодот измеѓу март и ноември со оглед на тоа што тогаш е сушниот период во Перу (Peru) и најизразено ќе ги видите боите на оваа фасцинантна планина. Доколку сакате да посетите некои од високите врвови на Андите, го препорачуваме летниот и сушен период заради полесно качување и истражување.
Куско (Cusco) е град што е погоден за пешачење, истражување на разни колонијални улички, видиковци и пронаоѓањето на локални ресторанчиња е навистина лесно. Советуваме што повеќе од градот да истражите одејќи пеш. Не заборавајте да ја земете во предвид висинската болест, така што движете се полека и бидете добро хидрирани. Доколку Ви треба превоз до некоја дестинација, најдобро да ја посетите туристичка агенција во Avenida de Sol.
Куско (Cusco) е одлично место за љубителите на масажа. Особено се добри за "борба" против висинската болест. Целиот град е исполнет со локални салони кои масажата ја прават со помош на вулкански камења, еукалиптус и масло направено од традиционални билки. Во зависност од масажата што ќе ја изберете цената се движи помеѓу 20 € и 40 €. Масажа е нешто што секако не смеете да го пропуштите во Перу (Peru).
- Cebiche- сирова риба припремена во цитрусен сос – 8€
- Cuy- пржено морско прасе со компир – 10€
- Sopa de choclo – супа од пченка – 5€
- Bistec de alpaca- шницла од месо од алапака – 10€
- Arozz con mariscos- ориз со морски плодови – 8€
- Fusiones ресторан на плоштадот на Оружјето богат со традиционална храна и прекрасен балкон со поглед на градот.
- Пазарот San Pedro е богат со локална храна и свежо цедени сокови.
- La Estancia imperial на плоштадот на Оружјето е локален ресторан со прекрасен поглед.
- La Valeriana- пекара и слаткара во Avenida de Sol. Највкусните десерти од овошје може да ги пробате токму овде.
- Pachapapa-ресторан со локална храна во близина на плоштадот San Balas.
Со оглед на тоа што Лима (Lima) се наоѓа во јужната хемисфера, најдобар период за посета се месеците од декември до април. Тоа се месеци каде преовладува топлата клима и е период со најголем број на сончеви денови. Земајќи во обзир дека Лима (Lima) се наоѓа во близина на пустина, не мора да се грижите во однос на дождовите така што во овој град може да уживате во текот на целата година. Доколку сакате да сурфате, тогаш дефинитивно препорачуваме да одите во текот на летните месеци.
Низ Лима (Lima) може да се движите и да се возите со такси, но најважно е да се договорите за цена пред што влезете во возилото. Предградието Мирафлорес е најдобро да го прошетате пешки со оглед на тоа што има прекрасно шеталиште. За безбедно разгледување на градот советуваме да купите карта за панорамско туристичко разгледување и така да ги посетите најважните делови на градот. Цената на такси од аеродром до Мирафлорес се движи помеѓу 50 и 60 сола.
Плажите во Лима (Lima) излегуваат на Тихиот океан и заради силните морски струи се одлични за љубителите на сурвањето. За капење не се препорачуваат заради високите бранови. Постојат голем број школи во кои може да уплатите часови по сурфање. До плажите лесно се стигнува од Паркот на Љубовта и Мирафлорес. Најдобра плажа за сурфање е Punta Hermosa.
Доколку за време на посетата на Перу (Peru) сакате да одите на масажа, препорачуваме да ги посетите локалните салони во помалите градови како што е Куско (Cusco). Во Лима (Lima) масажата е малку поскапа и се движи од 50 евра па нагоре. Цената зависи од видот на масажа и времетраењето. Во Мирафлорес може да го посетите СПА центарот Peru Wellbeing Spa и да пробате некои од масажите кои овој центар ги нуди.
- Lomo Saltado – стек припремен со кромид и чили. –10 €
- Aji de galina– пилешко со компир, јајце и маслинки. – 9 €
- Papas A La Huancaína – компир припремен со кашкавал и лут сос. – 7 €
- Rocoto Relleno – полнети лути пиперки со месо и зеленчук – 6 €
- Causa Limeña – ролници од компир и аја сос. – 6 €
- La Vista ресторан со прекрасен поглед и уште подобра храна кој се наоѓа во близина на центарот Larcomar.
- Ресторан Javier – се наоѓа во Баранко, во близина на мостот на воздишките.
- Calle de las pizzas- улица со многу локални ресторани која се наоѓа во близина на паркот Кенеди.
- La mar Cebicheria Peruana- се наоѓа во Мирафлорес, одличен ресторан во кој мора да го пробате популарното себиче.
- Perú Gourmet ресторан, погоден за гурмани и љубители на локалната перуанска храна.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.