Мексико

Мексико

Ве носиме во земјата на сомбрерата, брзиот Гонзалез, текилите, тортиљите и омилениот чили сос! Одиме во земјата која со својот културен диверзитет, легенди и нереални пространства кои гарантирано ќе ве освојат! Одиме во Мексико (Mexico)!

Од огромното пространство на Мексико (Mexico), има едно делче на Кариби мека и медина за забава и уживање – чист хедонизам! На целата мексиканска разиграност кога ќе се додаде и карпскиот шмек иго имаме совршениот рецепт за супер одмор и за возбудливо патување.

Егзотични Карипски плажи со бел песок и тиркизно море, одлична храна, музика, неверојатна природа, енергични и весели локаци, острови, сеноти, шарени колонијални градови, богата историја и антички рушевини, бескрајни тропски џунгли.. Земја каде ќе танцуваме и уживаме во звуците на маријачи на плажа... Место полно со живот и луда енергија која ќе ве купи за цел живот!

Мексико (Mexico) е една од дестинациите која има апсолутно сé!

Во било која категорија на патници да припаѓате, сигурни сме дека ќе си го најдете своето делче рај токму тука!

Jungle Мексико е активна и динамична програма, исполнета со многу уживање и истражување, креирана за вистински да се доживеат сите вкусови. 

Bienvenidos a Mexico!

Поаѓања

Патувања

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Мексико

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО COVID- 19
За влез во Мексико не е потребен ПЦР тест и/или вакцина. 

ВИЗИ
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Одговорна амбасада за државјани на Р.С Македонија е амбасадата на Мексико во Белград и неопходно е лично присуство. Лично присуство на секој подносител на барање поради потребата да се земат биометриски податоци (сликање и земање на отисоци од прсти). Нашата агенција има консултативна улога во процесот на визирање и нема можност да биде посредник и/или да извади виза во име на патникот.

* На патниците кои поседуваат важечка виза за САД не им е потребна виза за Мексико.

* На патниците кои поседуваат европски пасош не им е потребна виза за Мексико.

ВАЖНА НАПОМЕНА: СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА ВАДАТ ВИЗА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО МЕКСИКО ПОТРЕБНО Е ДА ЗАКАЖАТ ТЕРМИН ЗА ВИЗИРАЊЕ МЕКСИЧКА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД НАЈДОЦНА ТРИ ДЕНА ПО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПАТУВАЊЕТО. ДОБИЕНИОТ ТЕРМИН ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА СЕ СПОДЕЛИ СО НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ. НАШАТА АГЕНЦИЈА НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА НЕМОЖНОСТ НА ДОБИВАЊЕ ВИЗА ПОРАДИ НЕНАВРЕМЕНО ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН И ВО ТАКВИ СЛУЧАИ - ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ. 

За сите погоренаведени информации, уште еднаш да се потврдите со документите кои Амбасадата ги испраќа по мејл кога Ви го закажува терминот, како и вебсајтот на Амбасадата: https://embamex.sre.gob.mx/serbia/index.php/consular/visa

MULTIPLE IMMIGRATION FORM (FMM)
Во авионот на летот за Мексико се добива образец (tourist card) кој треба да се пополни со Вашите податоци. Еден дел од образецот останува со Вас и треба да го чувате бидејќи ќе Ви треба при излез од земјата. Образецот кој останува за Вас, не смеете да го изгубите! Entry формата/ формуларот за влез во Мексико, што и во hard copy ќе ја добите на летот Истанбул - Канкун, потребно е се пополни online: https://www.inm.gob.mx/fmme/publico/en/solicitud.html за check in во Скопје.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување и влез во Мексико не е потребна вакцинација и нема опасност од тропски болести. За патувањето не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Секако овие податоци и информации препорачуваме да ги проверите со Институтот за Јавно Здравје во Македонија. Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани. Исто така понесете и Аутан или некое слично средство против комарци.

КЛИМА
Мексико е голема и климатски разнолика земја. На полуостровот Јукатан, односно пределот кој го посетуваме за време на нашето патување во Мексико, застапена е тропска клима. Температурите се високи во текот на целата година, но временските прилики се менуваат во зависност од периодот од годината. Потребно е да понесете летна и лесна облека, но задолжително земете нешто со долги ракави пред сé заради авионите но и заради можноста да падне температурата, особено навечер. Дневната температура се движи помеѓу 30-35 степени целзиусови, додека навечер може да падне до 20-24 степени, во зависност од периодот во кој патувате. Месеците од Ноември до Мај се одликуваат со пониска стапка на влажност, многу сончеви часови, високи температури и топло море. Од Јуни до Октомври може да очекувате исто така многу сончеви часови, топло море за целодневно уживање и високи температури со малку повисока влажност на воздухот со краткотрајни освежителни дождови. Планот на сезонатa на патувањата и поаѓањата на нашиот Вебсајт се базирани на искуства од претходните 10 години и се избегнуваат месеците за кои постои опасност од обилни дождови и урагани.

*Во однос на ураганите, истите не може да изненадат односно има претходно предупредување и прогнози за приближување на ураган, иако нејзината точна траекторија може да биде непозната, постојат многу прецизни прогнози за општото подрачје што се очекува да го погоди ураганот.

БЕЗБЕДНОСТ
Градовите и местата кои си посетуваме за време на патувањето се безбедни, но секако советуваме да внимавате на своите лични работи, документи и пари (како и на патување во било кој европски или некој друг град). Карипскиот регион е безбедна и сигурна зона односно единствениот туристички центар во Мексико, каде примарна гранка е туризмот.
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), местото во кое се сместуваме е мало туристичко место каде сите збиднувања се околу нашиот хотел, односно во близина на плажата и главната пешачка улица, така што сме во осветлен дел каде се движат туристи и е безбедно. Навечер, избегнувајте сами да ги истражувате периферните делови на градот.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјална и основна валута во Мексико е Мексикански пезос. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 22.92 MXN
1 USD = 20.59 MXN
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување.  

Во многу од баровите, рестораните и продавниците ќе може да плаќате во долари, но по неповолен курс отколку да ги смените парите во менувачница. Што се однесува на платежните картички, може да носите за подигнување средства од банкомат, но секако е подобро да имате кеш со себе. Доколку носите картичка најавете и на матичната банка дека ќе имате плаќања во странство, како не би Ви ја блокирале картичката кога ќе плаќате во Мексико. Исто така советуваме да не носите банкноти од 500€ бидејќи повеќето менувачници не ги прифаќаат. Патниците на ова патување трошат од 450€ па нагоре (без факултативните излети), но тоа секако е инддивидуална работа и зависи колку трошите на shopping, храна, сувенири, излегувања итн. Ако до сега не сте научиле да се ценкате, ова е вистинско време инаку сé ќе платите многу поскапо.
*Во некои од рестораните може да биде вклучен бакшиш во сметката и изнесува околу 10%.

ХРАНА И ВОДА
Храната во Мексико е многу вкусна но и пикантна и зачинета, па сите кои имаат осетлив желудник треба да бидат претпазливи. Доколку не сакате лута или зачинета храна, важно е да напоменете во рестораните да не ставаат ништо луто. Во Мексико исто така постојат многу интернационални ресторани,  за сите оние кои не се љубители на мексичката кујна. Најпопуларните пијалоци е свежите овошни сокови, пиво, мескал и текила. 
За препораки во однос на одлична локална храна, street food, локални традиционални ресторанчиња најдобро би било да се консултирате со нашиот претставник на дестинацијата. *Конзумирајте исклучиво флаширана вода.

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Плаја дел Кармен, Кинтана Роо се наоѓа во GMT -5 временска зона, односно разликата помеѓу Македонија и Плаја дел Кармен е -6 часа. 

СТРУЈА
Потребно е да понесете адаптер за струја – влез како за САД (штекерите се со 2 сплоснати влезови или со два тенки и еден подебел)

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Во Мексико скоро секаде има достапен интернет. Во поедини сместувања сигналот може да биде послаб во собите, но е достапен и одличен на рецепција во хотелот. Исто така повеќето барови и ресторани имаат WiFi. Мобилните мрежи од сите мрежи функционираат во Мексико, но исто така може да купите нивна сим картичка за интернет доколку сакате да бидете постојано поврзани. Картичките за интернет ги има во сите поголеми маркети (како на пример маркетот OXO, во близина нашиот хотел).

СУВЕНИРИ
Ако сакате да купувате сувенири и текила – дозволено е во багажот да имате едно шише.