Општи услови на патување

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ 

1. ПРЕДДОГОВОРНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: 
Со потпишување на стандардниот договор – потврда за патувањето (во понатамошниот текст: Договор) со својот потпис во име на сите патници од договорот (во понатамошниот текст: Патник) потврдува дека му се врачени овие Општи услови на патување (во понатамошниот текст: Општи услови) и однапред припремена и објавена програма на патување (во понатамошниот текст: Програма), дека е како и сите патници од договорот со истите запознаен и дека во целост ги прифаќа, како и дека е запознаен со факултативните можности за патничко и здравствено осигурување.  

Одредбите на овие Општи услови се составен дел на Договорот меѓу патникот и ТА “ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ СКОПЈЕ” како организатор на патувањето (во понатамошниот текст: Организатор) и се обврзувачки за двете договорни страни, со исклучок на одредбите дефинирани со посебни пишани договори или Програмата за патување.  Пред склучување на Договорот, Организаторот може во секое време да го измени описот на своите услуги во Програмата и за тоа да го извести Патникот во примерен рок, без одложување, во пишана форма, на хартија или друг траен носач на запис, што Патникот и Организаторот согласно констатираат дека пред склучувањето на Договорот, Патникот е за сите евентуални промени на податоци од Програмата, во примерен рок известен, пред склучувањето на Договорот.  
Во случај да постои разлика меѓу пријавата на Патникот и изменетиот предлог на Организаторот, новата Програма се смета за нов предлог и го обврзува Организаторот во наредните 48 часа. Доколку Патникот не го извести Организаторот во наведениот рок, дали ја прифаќа новата Програма – понуда, Договорот се смета за спогодбено раскинат.  
Организаторот на патувањето пред потпишување на договорот, го запознал Патникот со правата, по основ на Гаранцијата за патување за случајот на инсолвентност и надомест на штета.   

2. ПРИЈАВИ, УПЛАТИ И ДОГОВОР:  
Патникот пријавата ја доставува по писмен пат, по пат на траен носач на запис, на e-mail или faх. Патникот може да се пријави на патувањето во седиштето, ограноците, односно издвоените посебни простори на Организаторот како и во туристичките агенции кои имаат склучено договор со Организаторот за посредување на продажба на патувањето (во понатамошниот текст: Посредник). Посредникот кој нуди продажба и продава туристичко патување, должен е да во Програмата на патувањето го назначи својството во кое настапува. Пријавата на Патникот станува важечка кога е потврдена со склучување на Договор и уплата на аконтација во висина од 50% од цената на аранжманот, ако не е поинаку договорено. Остатокот од договорената цена, ако не е поинаку договорено, се плаќа 15 дена пред почеток на патувањето. Доколку Патникот, не ја изврши уплатата во целост, се смета дека го откажал патувањето во согласност со точка 12 од Општите услови. Секоја уплата на аконтација се води како уплата за сите патници, а не само за одреден патник од Договорот.  Со склучување на Договорот, Програмата станува негов составен дел и не може да се менува, освен ако договорените страни експлицитно не се договорат поинаку, или ако промените настанат поради виша сила”. Доколку дојде до откажување или измена на Договорот, отказните одредби и измени важат за сите наведени патници во Договорот.  
За датум на уплатата се смета датумот на уплатата на сметката на Организаторот или Посредникот. Во случај на неблаговремена уплата во целост на авансното плаќање или плаќањето на преостанатиот дел на улатата за аранжманот, Организаторот на патувањето може да се откаже од Договорот и да бара надомест во согласност со точка 12. Од овие Општи услови.  

3. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ: 
- Во Договорот, освен услугите од Програмата за патување, се внесуваат и посебните барања на Патникот, со кои Организаторот експлицитно се согласил, 
- Да исплати сразмерна реална разлика помеѓу договорената цена и цената на патувањето, намалена пропорционално на неизвршувањето или непотполното извршување на Договорот за патување (во понатамошниот текст: намалена цена), при благовремена и основана писмена рекламација/приговор на Патникот, во согласност со Закон и овие Општи услови, освен ако пропустите при извршувањето на Договорот настанале поради: вина на Патникот, се препишуваат на трето лице кое не било договорен непосреден давател на услуги во реализација на Програмата, делувањето на “виша сила”, непредвидливи случувања врз кои Организаторот нема влијание и чии последици се неизбежни или некои други случувања кои Организаторот не можел да ги предвиди и совлада.  
- Пред патувањето да достави име, адреса и број на телефон на локалниот претставник, односно локалната партнерска агенција, а во одредени ситуации и по потреба и адреса и телефон на Организаторот, во случај за неопходна помош на Патникот 
- Не одговара за услугите кои биле пружени на Патникот од страна на други лица, вон Програмата. 
- Сите усни или било каков друг вид на информации кои се разликуваат од оние кои се содржани во Програмата за патување, Договорот или Посебниот договор и овие Општи услови, не го обврзуваат Организаторот и неможат да бидат основ за поднесување на приговор или рекламација од страна на Патникот.  

4. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ: 
- Детално да се запознае себе и сите лица од Договорот со Програмата, Општите услови за патување, да ги истакне посебните барања кои не се опфатени со објавување на Програмата  
- Сам да обезбеди факултативни полиси за патничко осигурување, бидејќи истите не ги обезбедува и за нив не одговара Организаторот, 
- Да ја плати договорената цена под условите, роковите и начинот предвиден во Договорот, 
- Да достави навремено до Организаторот точни и комплетни податоци и документи потребни за организирање на патувањето и да гарантира дека тој, неговите патни исправи, багаж и др., ги исполнуваат условите одредени со прописите на матичната, транзитна и крајната земја на патувањето (гранични, царински, монетарни и други прописи)  
- Да надомести штета која ќе ја направи кон непосредните даватели на  услуги или трети лица, со кршење на законски и други прописи и овие Општи услови,  
- Навремено да одреди друго лице кое патува наместо него, да ги надокнади сите реални трошоци предизвикани од таа замена према Организаторот и солидарно да одговара за неплатениот дел на договорената цена  
- На лице место, без одложување да го соопшти оправданиот приговор, по правило во писмена форма на Организаторот или лицата наведени во патната документација, 
- Пред потпишување на Договорот, да се информира на сајтот на Министерството за надворешни работи на Р. С. Македонија (www.mfa.gov.mk) и на други начини за земјите на таканаречен висок или умерен ризик, 
- Да се информира кај овластените претставници на Организаторот, најдоцна за 24 часа, но не порано од 48 часа, за точното време на поаѓање и враќање од патувањето. 

5. ЦЕНИ И СОДРЖИНА НА УСЛУГИТЕ:  
Цените се изразени во странска валута, а пресметката на уплатите се врши во денари по курс од 62 денари за 1 евро, односно, по курсот кој е наведен во Програмата за патување, ако не е поинаку договорено. Цените се формирани на основа на деловната политика на Организаторот и не може да бидат предмет на приговор од страна на Патникот.  
Услугите извршени во странство кои не се однапред договорени и платени, Патникот ги плаќа на лице место на непосредниот извршител на услугата.  
Цената од Договорот вклучува однапред припремена и објавена комбинација на најмалку две или повеќе услуги со просечен квалитет, вообичаен за дадената дестинација и објекти и тоа: сместување, исхрана, превоз, припрема и организација на патувањето за кое е договорена единствена цена која Патникот ја плаќа (во понатамошниот текст: Стандардни услуги).   
Цената на аранжманот не вклучува, ако не е поинаку договорено (во понатамошниот текст: Посебен Договор) трошоци за: локален туристички водич, посебни услуги на претставниците на Организаторот, туристички аниматор, факултативни програми, користење на лежалки и чадор за сонце, обезбедување на визи, влезници за објекти и за манифестации, осигурување на патници, собна послуга, користење на мини бар во соба, клима уред, рекреативни, лекарски, телефонски и др. услуги, резервација на посебно седиште во превозното средство, трошоци за сместување во еднокреветна соба, соба со посебни карактеристики (поглед, кат, големина, балкон итн.), додатни оброци и др. (во понатамошниот текст: Посебни услуги).  
Посредникот не е овластен во име на Организаторот да договара Посебни услуги кои не се предвидени во Програмата.  
Услови кои се однесуваат на остварување на попусти за деца и други поволности кои се засебно дадени во Програмата се одредени од страна на непосредните даватели на услуги и истите треба да се толкуваат рестриктивно (на пример, за деца до две години возраст, релевантен е календарски датум, кога детето ќе наполни две години, а не денот на почетокот на патувањето, или датумот на склучување на договорот). Во случај погрешно да се наведени возрастите на Патниците, Организаторот има право да ја наплати разликата до полна цена на патувањето.   
Во цената не се вклучени, и Организаторот не може да биде одговорен пред Патникот, за факултативни и дополнително извршени услуги кои ќе ги реализира и наплати странскиот партнер, односно непосредниот давател на услуги, а кои не биле превидени во Програмата и Посебниот Договор, како и за учество на Патникот на спортски и други слободни активности.  
Ако во назначениот рок, Патникот не го извести Организаторот во писмена форма дека се откажува од Договорот, се смета дека е согласен со новата цена, а истото може да биде потврдно и преку извршена уплата. 

6. ПРОМЕНА НА ЦЕНА И ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ: 
Доколку Патникот навремено го откаже патувањето (од 90 до 45 дена) - Организаторот има право да ги надомести административните трошоци. Организаторот може да бара зголемување на договорената цена пред почетокот на патувањето доколку по склучувањето на Договорот има промена на девизниот курс, кога цената е изразена во денари, а веднаш по дознавањето дека има зголемување на цените од страна на давателот на услугата. За зголемувањето на договорената цена од страна на Организаторот, Патникот има право: да побара замена за слична Програма од понудата на Организаторот без дополнителни трошоци или може по писмен пат да го раскине договорот без надомест на штета. Доколку во разумно време, не подолго од 48 часа, Патникот не го извести организаторот писмено дека прифаќа промена на договорената цена, се смета дека го раскинал Договорот. Дополнителни намалувања на цените на Програмата не може да се однесуваат на веќе склучените договори и не можат да претставуваат основа за било каков приговор на Патникот према Организаторот. 

7. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА:  
Сите услуги наведени во Програмата подразбираат стандардни услуги со просечен квалитет, вообичаени и специфични за одредени дестинации, места и објекти. Во случај да Патникот бара некои услуги надвор од Програмата, за тоа мора да склучи Посебен договор.  
Организаторот не е одговорен за описите на услугите во каталозите - публикациите или на веб-страниците на Посредниците и непосредните даватели на услуги (на пр. Хотели, превозници, итн.), освен ако Организаторот експлицитно не го насочил Патникот кон истите. Организаторот е одговорен само за описите на услугите содржани во неговите Програми или на својата веб-страница. 
Сместувачките капацитети и единици, превозните средства, и другите услуги, кои се опишани според официјалната категоризација на домицилната земја во моментот на објавување на Програмата, се различни и не споредливи по дестинација, па дури и во рамки на истата дестинација. Исхраната, удобноста и квалитетот на услугата зависи пред се од цената на аранжманот, одбраната дестинација и категоризацијата, утврдени според локално-националните регулативи и надвор од контрола и влијание на Организаторот. 
Датумите за почеток и крај на патувањето, наведени во Програмата, не подразбираат целодневен престој на Патниците во сместувањето, односно дестинацијата. Времето на поаѓање или пристигнување на патниците и влегувањето или излегување на Патниците од сместувањето е условено од процедурите за граничен премини, условите на патот, дозволите од надлежните органи, технички и временски услови или “виша сила”, кои може да влијаат на времето на поаѓање на авионите и другите превозни средства врз кои Организаторот не може да влијае, и затоа Организаторот не сноси одговорност во вакви случаи. Првите и последните денови на Програмата се предвидени за патување и не подразбираат престој во хотел или дестинација – туку тие само го означуваат календарскиот ден на почетокот и крајот на патувањето, така што Организаторот не е одговорен за вечерениот, ноќен или рано утрински лет, влезот во собата во доцните вечерни часови, напуштање на хотелот во раните утрински часови и слично. 
За авионските аранжмани, договореното време на почеток на патувањето е средбата на патниците на аеродромот, што е најмалку 2 часа порано од првообјавено време на полетување, од страна на авио-компанијата. Во случај да се промени наведеното време на полетување на авионот, Организаторот не сноси никаква одговорност, туку се применуваат национални и меѓународни прописи од областа на воздушниот сообраќај. По правило, поаѓање - пристигнување, полетување - слетување на авиони, кај чартер летовите е во доцните вечерни или рано утринските часови, и доколку на пример е обезбеден договорениот почетен или завршен оброк во вид на “ладен оброк” во сместувањето, се смета дека Договорот бил целосно извршен. 
Услугите на туристички водич, придружба, локален водич, аниматор или локален претставник не подразбираат нивно целодневно и континуирано присуство, туку само контакт и неопходна помош на Патникот, по однапред утврдени термини на периодично дежурство, објавено на огласна табла или друг прикладен начин. Упатствата и инструкциите на овластениот претставник на Организаторот (особено во врска со времето на поаѓање, транспортот, сместувањето, законските и други прописи) го обврзуваат Патникот, а непридржувањето на споменатите инструкции претставува кршење на Договорот и сите евентуални последици и штети во таков случај ќе ги сноси Патникот во целост. 
Измени или отстапувања на одредени услуги, кои не се предизвикани по волја на Организаторот се дозволени, се додека тие не влијаат негативно на целокупниот концепт на договореното патување. Доколку од наведените причини, летот или транспортот треба да се пренесат на друг аеродром или место, Организаторот е должен да му понуди на Патникот друг соодветен превоз до крајот на патувањето, без дополнителни трошоци за Патникот, како и да исплати евентуална разлика во цена помеѓу договорените и пружени услуги. Организаторот ги превзема сите трошоци за алтернативниот превоз најмалку во висина на возна карта од 2. Класа на транспорт.  

Кога трето лице настапува на место на лице кое резервирало одредена туристичка услуга, Организаторот има право на надомест за настанатите потребни трошоци поврзани за промената. Патникот и лицето кое настапува на негово место солидарно одговараат за плаќањето на договорената цена и трошоците за замена на патник. Организаторот нема да прифати замена на патник ако промената не е навремена, ако постојат посебни барања во однос на патувањето или тоа не е во согласност со законските и други правни регулативи.  

8. СМЕСТУВАЊЕ, ИСХРАНА И ПРЕВОЗ: 
8.1. Сместување: задолжително назачено во Програмата на патување со напомена дека: 
- Патникот ќе биде сместен во било која службено регистрирана сместувачка единица или сместувачки објект опишан во Програмата, без оглед на преференците на Патникот, локацијата и положбата на објектот, катноста, близината на бучава, паркинг и другите карактеристики  
- Сместувањето на Патникот во објектот е најрано по 16,00 часот на денот на почеток на користењето на услугата, а напуштањето на сместувањето е најдоцна до 09,00 часот на денот на завршувањето на користење на услугата. Патникот нема право на рефундација во случај на самоволно, или по своја вина предзвикано повремено или предвремено напуштање на сместувањето - ниту на хотелската услуга, ниту на цената на превозот, 
- Трокреветните и четворокреветните сместувачки единици (соби, студија, апартмани и сл.) се одредуваат во согласност со локалната категоризација и прописи на домицилните земји. Функционирањето на клима уредите во собите е различен во зависност од дестинацијата и не подразбира непрекинато работење од 24 часа дневно, 
- Организаторот не одговара на Патникот за штета настаната поради непочитување на законските прописи, пропишани правила и обичаи дефинирани од страна на превозникот, хотелиероте и други непосредни даватели на услуги 
- По започнување на туристичкото патување, а поради изненадувачки или оправдани причини, договорениот сместувачки објект може, без согласност на Патникот, да се замени со објект од иста категорија или со повисока категорија на истата локација, на трошок на Организаторот. Сместување во објект со пониска категорија може да се изврши со претходна согласност од Патникот и со поврат на дел од цената на аранжманот сразмерно за смалената категорија на сместувачкиот објект  
- Патникот превзема обврска и потврдува дека е запознает со правилата на однесување во сместувачкиот објект а особено за: депонирање и чување на пари, драгоцености и вредни предмети, внес на храна и пијалоци во соба, почитување на редот, времето за влегување и напуштање на собата, бројот на лица во една соба и сл., бидејќи Организаторот не одговара за штети настанати по тој основ. 
- Директна е одговорноста на самите превозници, одредена во согласност со локалните прописи и обичаи со кои се регулира промената на видот на превоз а која промена е вон контрола и одговорност на Организаторот.  
8.2. Исхрана: задолжително назначена во Програмата за патување со особено внимание за следното: 
- Разноликоста, квалитетот на храна и сервирањето на храната, зависат претежно од висината на цената на аранжманот, категоријата на сместувачкиот капацитет, дестинацијата и локалните обичаи, без разлика дали станува за самопослужување (шведска маса) или a-la-carte мени. 
- Услугата All inclusive и било која друга, подразбира услуга според интерни хотелски правила и не мора да биде идентична ниту во ранг на иста категорија на истата дестинација. Организаторот го запознава патникот со содржината на  All inclusive услугата во писмена форма 
- Доручекот, ако поинаку не е наведено, подразбира континентален доручек 
- Доколку исполнетоста на хотелот е под 30%, можна е промена на услугата за послужување “шведска маса” во a-la-carte тип на услуга, ако истото е предвидено во Програмата за патување. 

Во објектите за сместување, условите за исхрана се исти, без разлика дали по Договорот за патување патуваат деца, постари лица или лица со посебни потреби. Доколку на лице место Патникот самостојно се договори со давателот на услуга за исхрана за друг вид на исхрана, Организаторот не сноси никаква одговорност за тој договор и извршената услуга за исхрана. 

8.3. Превоз: Ако не е поинаку договорено: 
- Превозот и трансферот се извршуваат со стандардни туристички автоуси или други средства, според прописи и критериуми кои важат во земјата во која е регистриран превозникот кој е ангажиран од страна на Организаторот. Исто така се применуваат и прописите, принципите и правилата одредени од страна на превозникот (на пример: превозот во некое превозно средство може да нема нумерирани седишта, да нема вклучен оброк или пијалок за време на патувањето и сл.) Патникот има обврска да го прифати секое понудено место во превозното средство. 
- Организаторот има право за превоз да ангажира секаков тип на туристички автобуси кои исполнуваат услови според предвидените прописи (автобус или двокатен автобус). Истиот може да ангажира и други превозни средства, ако околностите условуваат. Доколку се користи минибус, бројот на седишта ќе биде дефиниран. 
- За време на возењето, во автобусите не се употребуваат тоалетите, освен ако истото е одобрено. Патникот е должен сите настанати штети како резултат на својата немарност за време на превозот, да ги плати веднаш. Исто така е должен пред патувањето да провери и усогласи своите патни документи и багаж, а во случај на воочени неправилности, да го извести водичот на патувањето. 
- Патникот има обврска да се однесува примерно во превозното средство и да ги почитува сообраќајните прописи и правила при превоз на патници. Во спротивно Организаторот има право да не ги прими за превоз или со полициска интервенција  да ги оддалечи од превозното средство а понатамошниот превоз до крајната дестинација не е обврска на Организаторот. Доколку Патникот  поради оддалечување од превозното средтво, заостане во патувањето, се применува скалата за откажување наведена во точка 12 од општите услови. 
- Патниот правец, паузите, местата и должината на траењето го одредува водичот – возач. Истиот има право, поради непредвидени, неизбежни, безбедносни и слични околности, да го промени редот на возење, планот на патување или редоследот на посета на локалитети. Патникот е должен да се придржува на упатствата на возачот или водичот на патувањето. 
- Разликите во дадените лични податоци на Организаторот, со податоците во пасошот на патникот (име и презиме, датум на раѓање и др.) може да придонесат кон издавање на нови авионски билети, дополнителни трошоци или прогласување на авио-билетите за невалидни, за што последиците ги сноси Патникот. Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот на врачувањето на аеродромот или во агенцијата. Не постои можност издавање на дупликат авио-билет или boarding pass. Патникот во целост ги сноси последиците од губењето или исчезнување на истите за време на патувањето. 
- Авионските или посебните превозни карти важат само за датумите и времето назначени на нив 
- Превозот на патници со воздушни, железнички, морски, речни или езерски превозни средства, се врши со и под директна одговорност на прервозниците, одредена во согласност со прописите и обичаите кои ги регулираат горенаведените видои на превози, и е вон влијание и одговорност на Организаторот. 

9. ПАТНИ ДОКУМЕНТИ, ЗДРАВСТВЕНИ И ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ: 
Патникот кој патува во странство мора да има важечка патна исправа, со рок на важење од најмалку 6 месеци од датумот на завршување на патувањето, и во договорен рок да му достави на Организаторот исправни и комплетни потребни податоци и документи за добивање на виза, доколку истата ја прибавува Организаторот. Вработениот кај Организаторот и Посредникот не се овластени да утврдуваат валидност на патни исправи или други документи. Кога Организаторот посредува во постапката за поднесување на документација, истите не гарантираат добивање на виза, ниту го гарантираат рокот за добивање на виза и не сносат одговорност ако пограничните власти или имиграциони служби не одобрат влез, транзит или престој на Патникот.  
Доколку за време на патувањето Патникот ги загуби патните исправи или истите му бидат украдени, должен е на свој трошок благовремено да обезбеди нови документи и да ги сноси сите евентуални штетни последици по тој основ. Патникот е должен да обезбеди Посебни услуги поврзани со својата здравствена состојба како на пример специфична исхрана, карактеристично сместување итн., поради негови хронични болести, алергии, инвалидитет и др., бидејќи во спротивно Организаторот не превзема посебни обврски, одговорност и штета по таков основ. За патување во земји во кои важат посебни правила, а кои опфаќаат задолжителна вакцинација или обезбедување на посебни документи, обврска на патникот  истите да ги обезбеди и во случај на евентуални последици самиот сноси одговорност за штета. 
Патникот е должен строго да се придржува до царинските, девизните и други прописи на домицилната, транзитните земји и земјата на престој, бидејќи во случај на неможност за продолжување на патувањето, сите последици и трошоци поради горенаведените ситуации се на негов товар. 
Доколку патувањето не може да се реализира поради пропусти настанати од страна на Патникот, поврзано со одредбите во оваа точка, се применуваат одредбите во точка 12 од Општите услови. 

10. БАГАЖ:  
Со особено внимание се информира Патникот дека превозот на багажот до одредена тежина, која ја одредува авио-превозникот, е бесплатен. Секое  надминување на тежината на багажот ја плаќа Патникот согласно тарифата на превозникот одреден во Програмата за патување. 
Транспортот на специјален багаж од аеродромот до хотелот и назад е целосна одговорност на патникот. На сите аеродроми се применуваат посебни безбедносни правила во врска со рачниот багаж, така што препорачуваме за повеќе информации Патникот да се информира на Аеродромот од кој се поаѓа.  Штетите и губењето на багажот при летањето, патникот е должен да го пријави, без одлагање, на надлежните аеродромски служби за изгубен багаж, бидејќи авио-компаниите одбиваат да извршат обештетување ако не е пополнет и предаден формулар за пријава на штети. Патникот има обврска да пријави губиток, оштетување или недостаток на багаж, а време на патувањето, на претставникот на Организаторот. 
Кај превозникот со автобус, патникот може да понесе 2 парчиња на багаж по седиште, и да го предаде на овластено лице на Организаторот. Деца до 2 години немаат право на бесплатен багаж. Патникот е должен да води грижа за своите ствари внесени во превозното средство (личен багаж), во предавањето односно примањето назад на багажот предаден на овластеното лице на превозникот, односно внесено во објектот за сместување. Сите свои права по горенаведеното, патникот ги остварува односно ги посредува преку Организаторот на патувањето или директно од превозникот, давател на услугата за сместување или осигурување а според важечките мешународни и домашни прописи. 
Преносот на багаж од местото на паркирање до објектот за сместување е обврска на патникот (превозот ќе се изврши колку е можно поблиску до сместувачкиот капацитет). За заборавените работи во превозното средство, Организаторот не сноси никаква одговорност освен во случај на насмасна и груба негрижа. Организаторот нема никаква одговорност за скапоцени предмети, кои обично не се носат со себе, освен кога изречито истите ги превзел за чување. Затоа се препорачува на патникот за време на патувањето да не носи вредни предмети или истите да ги даде на чување или пак да ги носи постојано со себе. 
Должност на Патникот е видливо да го означи својот багаж со лични податоци, личните документи, вредни работи и документи да не ги остава во превозното средство, бидејќи Организаторот не одговара за истите. Се препорачува документите, злато, вредни работи, технички инструменти и медикаменти се носат исклучиво во рачниот багаж а во сместувачките капацитети да се депонираат во сеф доколку е можно. 
Патникот има обврска да пријави губиток, оштетување или губење на багажот за време на патувањето на претставник на Организаторот. 

11. ПРОМЕНА И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРОТ: 
11.1. Пред почетокот на патување: Организаторот може да ја измени Програмата за патување само во услов кога промените се предизвикани од вонредни околности што Организаторот не можел да ги предвиди, избегне или елиминира. Дополнителните трошоци настанати како резултат на измената на Програмата ќе ги сноси Организаторот, а намалените трошоци се во корист на Патникот. Промената  на договореното сместување може да се направи само со објект од иста категорија, или во случај на промена во сместување во објект од повисока категорија, штошоците за промената се на терет на Организаторот. Ако се направат значителни промени во Програмата за патувања без оправдана причина, Организаторот на патувањето мора во целост да ги врати средствата што ги примил од Патникот, кој поради оваа причина би го откажал патувањето. 

Организаторот има право да го раскине договорот во следните случаи: 
- Недоволен број регистрирани патници, кој број задолжително е наведен во Програмата за патување, под услов навремено да го известил Патникот, во рокот утврден во Програмата за патување, пред почетокот на туристичкото патување и 
- Поради неможноста да се исполнат договорните обврски, за кои договорните страни не се одговорни, а кои обврски постоеле во моментот на објавување на Програмата,а кои би биле оправдана причина за Организаторот да не ја објави Програмата и да не го склучува Договорот, со обврска да му ги врати средствата на Патникот најдоцна во рок од 15 дена од денот на откажувањето. 
Во случај на прифаќање на новиот Договор, Патникот се откажува од какви било побарувања против Организаторот, врз основа на првично склучениот Договор за патување. 

11.2. За време на патувањето: Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата на патувањето и изврши потребни измени во Програмата, доколку се променат условите за патување (променет распоред на лет, принудно слетување, преполна граница или сообраќај, затворање на кое било од назначените места, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни и објективни околности и виша сила) без обврска да плати надомест на штета на Патникот. За промените организаторот има обврска веднаш и на најпогоден начин да го извести Патникот како и да ги сноси дополнителните трошоци за промена на самата програма. 
Во случај ако Патникот интервенира во извршувањето и спроведувањето на патувањето со грубо и недолично однесување, без оглед на дадените предупредувања, Организаторот може да бара надомест за направените евентуални трошоци. 
Во случај на појава на вонредни околности за време на патувањето што не можеше однапред да се предвидат, а кои може да се поистоветат со виша (терористички напади, вонредна состојба, експлозии, инфекции, зарази, епидемии и други болести, природни непогоди, климатски услови и сл.), двете договорни страни имаат право да го раскинат Договорот, при што Организаторот има право на реални или настанати трошоци до тогаш и обврска да му плати половина од трошокот за враќање на Патникот. Организаторот не презема никаква одговорност ако Патникот го одбие понудениот превоз со обезбедено средство за транспорт од страна на Организаторот. 

12. ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ: 
12.1. Пред почетокот на патувањето: Патникот има право да го откаже патувањето, за што е должен писмено да го извести Организаторот, на начин определен во Договорот. Датумот на писменото откажување на Договорот претставува основа за пресметување на надоместокот што му припаѓа на Организаторот, изразен како процент во однос на вкупната цена на патувањето, освен ако со Програмата не е поинаку определено, и тоа: 
Доколку Патникот го откаже патувањето навремено (90 до 45 дена пред почетокот), Организаторот има право да ги надомести само административните трошоци. 
- 10% доколку патувањето се откаже помеѓу 44 и 30 дена пред почетокот на патувањето, 
- 20% доколку е откажано помеѓу 29 и 20 дена пред почетокот на патувањето, 
- 40% доколку се откаже помеѓу 19 и 15 дена пред почетокот на патувањето, 
- 80% доколку се откаже помеѓу 14 и 10 дена пред почетокот на патувањето, 
- 90% доколку се откаже помеѓу 9 и 6 дена пред почетокот на патувањето, 
- 100% доколку се откаже помеѓу 5 и 0 дена пред почетокот на патувањето или за време на патувањето. 

Како исклучок од горенаведеното, ќе се примени следната скала на неуспех: 
а.) за бродови за крстарење 
- 5% и најмалку 60,00 евра ако се откаже пред 91 ден пред почетокот на патувањето, 
- 15% помеѓу 90 и 45 дена пред почетокот на патувањето, 
- 30% помеѓу 44 и 29 дена пред почетокот на патувањето, 
- 50% помеѓу 28 и 15 дена пред почетокот на патувањето, 
- 80% помеѓу 14 и 7 дена пред почетокот на патувањето, 
- 95% помеѓу 6 и 3 дена пред почетокот на патувањето, 
- 100% на денот на патувањето, отсуство или откажувањето за време на патувањето. 

 b.) за рекреативен одмор, за школски излети, настава во природа, детски и студентски екскурзи, ако се откажува комплетниот договор: 
- 5% доколку патувањето се откаже до 120 дена пред почетокот на патувањето, 
- 20% доколку се откаже помеѓу 119 и 90 дена пред почетокот на патувањето, 
- 50% доколку се откаже помеѓу 89 и 60 дена пред почетокот на патувањето, 
- 80% доколку се откаже помеѓу 59 и 45 дена пред почетокот на патувањето, 
- 100% доколку се откаже 44 на пред почетокот или за време на патувањето. 

Промената на договореното место, датумот на патување, средството за превоз, сместувачкиот капацитет, сместувачката единица, недобивањето на виза, неплаќање на договорената цена, итн., се смета за откажување од патувањето. 

Патникот е должен да му надомести на Организаторот само реални или направени трошоци (превоз, сместување, аранжмани за патувања и сл.), доколку откажувањето се должи на: 
- ненадејно заболување на Патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на Патникот, посвоителот и посвоеник, смрт на патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на патникот, посвоител и посвоеник 
- повик за воена вежба на Патникот, елементарна непогода или вонредна состојба, официјално прогласена од надлежен орган на земјата на патување. 

За наведените случаи, Патникот е должен да му достави на Организаторот доказ со кој се потврдува дека остварува право на здравствено осигурување по основ на привремена спреченост за работа (потврда на матичен лекар од областа на општата медицина или отпусна листа од здравствена институција во која изречито е наведена ненадејната болест и неможноста за патување), умреница или повик за воена обука. Локални терористички напади, експлозија, зарази, епидемии и други болести, елементарни непогоди, климатски услови и сл, за кои нема формално означување како вонредна состојба од надлежни државни органи во земјата на поаѓање или пристигнување, не се сметаат за причина за отказ или престанок на патувањето. 
Причините за откажување или прекинување на патничкото патување, инциденти на локални терористички напади, експлозии, инфекции, епидемии и други заболувања, природни непогоди, климатски услови и сл., За кои ниту една вонредна состојба не е прогласена од надлежните национални или домашни власти патување. 

Под ненадејно заболување се подразбира ако е потврдено од овластен лекар, утврдено како ненадејна и неочекувана болест или органско пореметување, кое настанува после склучувањето на Договорот за патување и кое не е поврзано или е последица на претходна здравствена состојба и е од таква природа што бара третман, престој во болница (хоспитализација) и го спречува почетокот односко користењето на договореното патување. 
Во случај ако Патникот да обезбеди соодветна своја замена или замената е направена од самиот Организатор, Организаторот е должен да му ги врати во целост уплатените средства, намалени за стварните и реални трошоци. 
Организаторот е должен да го склучи Договорот со новиот патник во случај на замена на Патникот. 
Во случај на откажување на патувањето поради настан кој е опфатен со полисата за осигурување, Патникот го остварува своето право директно од осигурувачот. 
По откажувањето на Договорот, на Патникот нема да му се вратат сумата платена на Организаторот за посредување за добивање на виза, како и за платени законски и други трошоци.  

12.2. По започнување на патувањето: Доколку поради откажување на патувањето, Патникот, по своја вина не користи некоја од договорените услуги, Организаторот ќе се обиде да добие надомест од давателот на услугата за неискористените услуги. Ако давателот на услугата не му ги врати средствата, Патникот нема право на поврат на соодветниот дел од цената на неискористеното патување/услуга. Доколку станува збор за безначајна услуга или мала вредност, Организаторот се ослободува од оваа обврска. 
Доколку поради вина на Организаторот не се извршат значителен дел од услугите предвидени со Договорот за патување, Организаторот е должен да превземе одредени превентивни мерки а со цел да се овозможи продолжување на патувањето или да му понуди на Патникот други соодветни услуги, се до крајот на патувањето и тоа без дополнителни трошоци за Патникот, се во согласност со овие Општи услови, без притоа да се ограничуваат останатите законски права на Патникот. 

13. ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ И ГАРАНЦИЈА:  
Патничкото осигурување не е вклучено во цената на патувањето. Организаторот советува склучување на осигурување кое не е законски задолжително, како што се осигурување од одговорност при патување, здравствено осигурување и осигурување од несреќа. Ако Организаторот и Брокерот нудат патничко осигурување, тоа е само медијација. Договорот за осигурување се склучува помеѓу Патникот и осигурителната компанија, на кои директно се адресираат сите побарувања. Потребно е да се прочитаат сите услови за осигурување и договорот за осигурување. Премиите за осигурување не се составен дел од цената на патувањето и истите доспеваат веднаш со склучувањето на договорот за осигурување. Со потпишувањето на Договорот, Патникот потврдува дека е информиран и ипатен со пакетот на патното осигурување. Пакетот за патничко осигурување не опфаќа задолжително здравствено осигурување, т.е. на патникот му се советува да обезбеди потврда за здравственото осигурување самиот, бидејќи тоа може да биде причина одредени граничните власти да одбијат понатамошно патување или Патникот сам да мора да плати значителни трошоци во случај на медицински третман. 

15. ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ И ПОЕДИНЕЧНИ УСЛУГИ: 
15.1. Индивидуална програма за патување по барање на Патникот: Индивидуално патување (во натамошниот текст: Индивидуална програма) на Патникот е комбинација од две или повеќе услуги, како и повеќедневно патување кое вклучува само услуга за сместување за одредени датуми, а кое патување Организаторот не го нуди, туку за потребите на Патникот го организирал. 
Одредбите од претходните точки на Општите услови се применуваат по иста аналогија и за Индивидуалните програми, освен ако во оваа точка не е поинаку определено. 
Патникот има право да го откаже Договорот, за што е должен писмено да го извести Организаторот. Датумот на писмено откажување на Договорот претставува основа за пресметување на надоместокот што му припаѓа на Организаторот, изразен како процент од вкупната цена на бараното патување, освен ако Програмата поинаку не е предвидена: 
Доколку Патникот го откаже патувањето навремено (90 до 60 дена пред поаѓањето), Организаторот има право да ги надомести само административните трошоци. 
- 15% доколку патувањето е откажано помеѓу 60 и 30 дена пред почетокот на патувањето, 
- 20% доколку се откаже помеѓу 29 и 20 дена пред почетокот на патувањето, 
- 40% доколку се откаже помеѓу 19 и 15 дена пред почетокот на патувањето, 
- 80% доколку се откаже помеѓу 14 и 10 дена пред почетокот на патувањето, 
- 90% доколку се откаже помеѓу 9 и 6 дена пред почетокот на патувањето, 
- 100% доколку се откаже 5 дена пред почетокот на патувањето или за време на патувањето. 

15.2. Индивидуални услуги и „Резервации на барање“: Ако Патникот резервира само една услуга, што не ја вклучува услугата преку ноќ, Организаторот делува само како посредник на услуга на друго лице. За индивидуални и „резервации на барање“, Патникот уплаќа депозит во износ не помал од 50 евра во денарска проотиввредност според продажниот курс на банките на денот на уплатата. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на Патникот, депозитот се пресметува во цената на услугата. Доколку резервацијата не биде потврдена од агентот на услугата во договорениот период, депозитот се враќа во целост на Патникот. Доколку Патникот не ја прифати понудената или потврдена резервација, што е целосно во согласност со барањата на Патникот, износот на депозитот го задржува посредникот за услуги, во целост. 
Посредникот на услугата, освен во случај на своја немарност и негрижа, не одговара за недостатоците, материјални и телесни оштетувања на индивидуалните туристички патувања, за кои истиот е само посредник помеѓу Патникот и непосредните даватели на услуги (на пример: поединечна услуга за сместување, превоз, влезници за спортски манифестации, излети, рент-а-кар и др.). По добивање на доказ за поединечна договорена услуга, договорните услови стануваат важечки исклучиво меѓу Патникот и секој поединечен давател на услуга. 

16. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ПАТНИКОТ 
Личните податоци на Патникот, кои тој доброволно ги дава, се деловна тајна на Организаторот. Патникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби. 

14. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на срезмерно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. Постапка за поднесување на приговор: Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата. Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник). Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена. Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале. Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста. Највисокиот надомест по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”. 

Овие Општи услови стапуваат на сила на 01.11.2019

Директор: Максим Максимовиќ