Замислувате некој остров? Прва помисла - тишина и сино небо над палмите на ненаселен остров на Карибите. Тогаш се појавува и насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури за еден магичен живот. Одиме на Куба!
Куба оваа сезона ќе ја работиме на два начини и тоа со поаѓање од Скопје!
Куба Акција
Една од нашите омилени програми за Куба. Се сместуваме во Хавана, 7/9 ноќевања и тоа во автентичните Casa Particulares, кои се куќи во кои живеат Кубанци - луѓе со неверојатен дух и позитивна енергија. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет кои се исклучително чисти поради тоа што издавање на овие “соби“ е единствениот приход на нашите домаќини кои се трудат секој аспект од нашето патување да ни го направат поубав. Сместување во Casa Particulares е автентично искуство кое ќе го памтите цел живот каде љубезните локалци ни раскажуваат приказни за Куба, какви што сме слушале за Југославија, нè учат Шпански и ни спремаат коктели :)
Со Хавана како база, го истражуваме овој неверојатен остров во кој ќе се чувствуваме како со временска машина да сме се вратиле низ времето. Ги посетуваме сите важни знаменитости на Хавана. Во близина на Хавана (околу 15 километри од центарот) се наоѓа познатата плажа Playa del Este, или Santa Maria del Mar, која излегува на истиот брег на Карипско море, каде што излегува и Варадеро. Бел песок, палми и тиркизна вода. Тука ги поминуваме деновите кога сакаме да бидеме на плажа. Факултативно го посетуваме и Варадеро - најпознатото летувалиште на Куба, како и Виљалес - долината на тутунот, каде учиме како се произведуваат познатите Кубански пури. Навечер излегуваме во локални клубови во Хавана, каде пиеме коктели и играме салса.
Куба Comfort - Хавана и Варадеро
Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат поголем комфор.
Во првиот дел од патувањето сме сместени во Хавана, во Boutique Hotel. Ги посетуваме сите знаменитости на Хавана, се возиме со кабриолети и пиеме Мохита и Даикири во местата каде што одел и Хемингвеј. Пиеме рум во Хотел Национал во Хавана, каде во 1946-та година е оддржан првиот “Мафијашки самит“, предводен од Лаки Лучиано. Одиме во Виљалес - долината на тутунот и шетаме низ неверојатно “живописните“ улици на Хавана. Се враќаме низ времето...
Патувањето го продолжуваме во Варадеро, сместени на база All Inclusive во Хотели со 4* или 5*. Коктели, бел песок, палми и тиркизното Карипско море. Денови наменети за комплетен одмор и полнење на батерии!
Viva la Cuba!
Поаѓања
Патувања
Видео
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.