Јапонија

Јапонија

Ве водиме во Јапонија (Japan), островска земја во источна Азија која претставува изолиран свет со единствена култура и пејзажи. 

Како ретко на кое друго место на планетата, контрастот од модерно и традиционално во Јапонија креирал неодолив склоп кој не се рефлектирал само на архитектурата и уметноста, туку и на луѓето и нивниот дух. 

Нaјголем дел од територијата зафаќаат планините. Дури 70% од површината на Јапонија e покриена со планини, вклучувајќи и преку сто активни вулкани. Земјата е составена од преку 6.800 острови од кои најголеми се Ханшу, Хокаидо, Кјушу и Шикоку

Токио (Tokyo) е главен град на Јапонија, а областа Токио Метрополис е најголема агломерација на светот и се состои од преку 26 градови и 8 села, кои со текот на времето израснале во еден град. Во него живеат преку 35 милиони луѓе. Многубројните музеи, културата и религијата се една од причините поради кои овој град го посетуваат преку 5 милиони странски туристи. 

Гејшите се жени кои ги проучуваат древните уметности, јапонскиот танц и музика. Нивното име во превод значи девојки на уметностите така што успешните гејши мораат да бидат грациозни, шармантни, образoвани, духовити и убави. Покрај тоа, треба да знаат да пејат, танцуваат, да бидат запознаени со сликарството, калиграфијата, церемонија на послужување на чај, а мораат да знаат и да свират Шамисен, рачен тапан, флејта и други инструменти. 

Целата Јапонија припаѓа на “вулкански појас на Пацификот“, а самиот Фуџи последната ерупција ја имал во 1707 година... За Фуџи се врзуваат и многубројни митови и мистерии. 

Нара, попозната како “дестинација од соништата“ е град во Јапонија во кој доминираат елени кои и денес слободно се шетаат по улиците на градот. 

Промовираме мир во светот и свест за нуклеарниот терор со патување во Хирошима - првиод град во светот на кој е фрлена атомска бомба на 06.08.1945 година пред завршување на Втората светска војна, а правиме и обиколка на главниот економски центар на Јапонија - Осака, каде модерното преовладува над традиционалното. 

Насмеаното племе Ве води на незаборавно самурајско патување во Јапонија!

Поаѓања

Патувања

Превоз

Авион

Авион
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Јапонија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Јапонија е островска држава во источна Азија сместена на ланец острови источно од Азијскиот континент, на западниот дел од Атлантскиот океан северно од Источнокинеското море. Јапонија ја сочинува архипелаг со повеќе од 3000 острови од кои најголеми се: Хоккаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу кои зафаќаат повеќе од 97% од површината. Двете јапонски букви кои го означуваат името на Јапонија значат “извор на сонцето“ па така целата земја често се нарекува “Земја на изгрејсонцето“. Јапонија е планинска земја, имајќи во предвид дека околу 80% од површината ја сочинуваат планини. Околу 66% од површината е покриена со шуми. По државно уредување Јапонија е уставна парламентарна монархија на чело со цар. Јапонија е десетта земја на свет по бројот на жители со нешто помалку од 128 милиони, од кои 99% се Јапонци. Главен град е Токио кој со соседните градови има околу 32 милиони жители и е најголемо метрополско подрачје во светот.

2. ВИЗИ

За државјаните на Македонија не е потребна виза.

3. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

За влез во земјата не е потребна вакцина. Состојбата во поглед на нуклеарно зрачење е нормализирана (вода, тло, воздух, храна) и претставува предмет на секојдневни опсежни анализи на јапонските органи. Здравствената состојба во Јапонија е задоволителна. Водата од чешма е бактериолошки исправна и сигурна за пиење. Сепак, ние им препорачуваме на патниците да пијат флаширана вода.

4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Јапонија се наоѓа во временската зона UTC+09:00, односно +7 во однос на Македонија.

5. КЛИМА

Јапонија има умерена клима и 4 различни годишни времиња, но поради големата далечина од север кон југ климата варира од регион во регион. Крајниот север во зима е многу ладен, додека крајниот југ има суптропска клима. На климата покрај тоа влијаат и сезонските ветрови кои дуваат од континентот кон океанот во зима и во спротивен смер во лето. Доцниот јуни и раниот јули е период на дождови (освен во Хоккаидо), кога над Јапонија се наоѓа дождовен фронт (baiu zensen). Во доцното лето и раната есен од тропските подрачја со низок притисок над екваторот се развиваат тајфуни и поминуваат од југозапад кон североисток, често носејќи обилни дождови.

6. ХРАНА И ПИЈАЛОК

Постојат две јапонски кујни - и двете се традиционални. Едната е традиционална во вистинска смисла на зборот коа со векови се наоѓала на трпезата пред шеесеттите години на XIX век и јапонското отворање кон запад, и другата која всушност претставува воведување на нови состојки и познати јадења припремени на јапонски начин. Имајќи во предвид дека Јапонија е островска земја, во подготовка на јадењата се користат сите видови на морска риба, ракчиња и морски плодови во сите облици. Како задолжителни јадења на јапонската трпеза се вбројуваат разни видови на супа, речиси задолжителен прилог со секое главно јадење е обарен ориз наместо кој многу често се служат и тестенини, додека главното јадење се состои во главно од месо или риба - варени, пржени или печени на скара. Во подготовка на храната се користат и сите видови на зеленчук и овошје, голем број зачини од кои соја сосот е речиси задолжителна состојка така што јапонската кујна во главно е многу богато зачинета и во споредба со останатите кујни е значително посолена но и многу помалку масна. Многу често месото, а особено рибата, се служи термички необработена како традиционалното суши или сашими. Кога станува збор за цените на оброк во ресторан, тие варираат во зависност од местото каде што јадете. Најевтин оброк можете да јадете во рестораните со брза храна каде јадат поголемиот дел од јапонците и каде оброкот ќе ве чини од 5-7 ЕУР. Во малку полуксузните ресторани оброкот чини во просек од 10-20 ЕУР.

7. СИГУРНОСТ

Јапонија важи за држава со високо ниво на јавен ред и мир, без ризик од вооружени пресметки и со ниска стапка на криминал во споредба со други развиени земји. Јапонија меѓутоа е земја со висок ризик од природни непогоди.

8. ОБЛЕКА

Без разлика дали патувате во Јапонија на пролет или есен, се препорачува слоевито облекување поради разликата помеѓу утринските и попладневните температури. Секако ве советуваме да понесете удобна облека како и тенка јакна за вечерните часови.

9. ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Официлајна валуте во Јапонија е јапански јен (JPN, Yen) и тоа е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странска валута не е дозволено.

По среден курс 1ЕУР = 157 ЈЕН, 1$ = 145 ЈЕН-и. можат да се користат платежните картички American Express, VISA, Diners Club и Master Card а во банкоматите картички со ознака Cirrus, PLUS, Maestro и Visa Electron но мора да напоменеме дека често се случува платежните картички да не поминуваат во Јапонија, па затоа Ве советуваме да се потпрете исклучиво на готовина.

10. СТРУЈА

Потребно е да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Јапонија е 100 волти. Адаптерот е со два текни и сплоснати влезови (како за во САД).