Занзибар патувања

Синоним за рај или хедонизам - островот Занзибар (Zanzibar). Островот на зачините е тропски остров на кој во својата историја влијание имале персиската, арапската, португалската и британската култура. Занзибар (Zanzibar) служел како место за одмор на трговските патници на релација Европа (Europe) - Индија (India).

Мирисот на цимет и ванила владеат на овој остров. Морските плодови Ви се на дофат на рака, а природата, водениот и подвондиот свет кои ве опкружуваат се фасцинантни. Занзибар (Zanzibar) пред се е остров со прекрасни, насмеани и неверојатно опуштени и забавени луѓе. Тука сé е во насмевката, така што не заборавајте дека и вие треба да бидете насмеани.

Кога ќе дојдете овде, заборавете на сé, релаксирајте се и препуштете се на магијата на тропскиот рај, звуците на брановите, топлата вода на океанот, прашкасто белиот песок, звуците на природата испрекинати со по некој силен и тап звук, удар на кокос кој паѓа на земјата....

Посебна магија има престолнината Стоун Таун (Stone Тown), кошница која никогаш не спие, каде сé е различно, забрзано, живо, шарено и фасцинантно. Градот од околу 100.000 жители, колевка на културата и вековната традиција, град на бродови и раскошни палати, град со арапски градби и британски вили, сé едно со друго, збиено со брегот на Индискиот океан. Неизоставни знаменитости на ова шармантно гратче се куќата на Фреди Меркјури, Арапската тврдина, Куќата на чудата и секако, локалниот пазар за зачини. На северниот дел на островот се наоѓаат најубавите плажи - Кендва (Kendwa) и Нунгви (Nungwi), а тука е и бисерот на истокот, местото Паџе (Paje), каде можете да пробате kite surfing. Посебна магија има и местото Мичамви (Michamvi) во кој се наоѓа познатиот ресторан и нашата омилена chill зона - Kae funk beach bar. Се гледаме во во рајот!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Занзибар (Zanzibar) е безбеден остров во текот на денот, особено на локациите кои се туристички активни. Локалците се исклучително пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да запознаваат нови луѓе. Уште повеќе, поголемиот дел од локалците се подготвени да Ви помогнат околу било што, а за возврат не бараат ништо. Иако локалците се генерално дружељубиви, треба да се има во предвид дека сепак на Занзибар (Zanzibar) се негува традиционално тргување и ценкање. Во тесните и испреплетени улици на Stone Town се поставени сувенирници, тезги и продавници со разни артикли, па прошетката таму може да претставува проблем на поединци кои не се навикнати на светот за трговија кој е познат по исламскиот, а особено арапскиот свет. Поедини трговци едноставно се премногу упорни да ги продадат своите артикли на туристите. Состојбата таму е малку различна. Се препорачува движење во група кога ќе падне ноќта. Иако се е релативно безбедно, а во градот исто така е поставен и видео надзор, не треба да ризикувате. Ноќниот живот привлекува разни профили на луѓе, како домашни, така и странски туристи па се препорачува внимание кога се оди во ноќна забава.


Вакцина не е потребна, како ни лекови против маларија. Од лекови единствено е потребно да понесете пробиотици, доколку имате некои стомачни тегоби, лекови против болки и за снижување на телесна температура. Исто така е препорачливо да понесете крема за сончање и некои препарати против комарци.


За влез на територија на Занзибар (Zanzibar) потребна е виза која се добива на аеродромот. Визата чини 50 долари. За добивање на виза потребно е да пополните формулар кој се превзема на аеродромот и треба да приложите фотографија со димензии 3,5 X 4,5 на бела позадина.


Најдобро време за посета на Занзибар (Zanzibar) е во текот на целата година со исклучок на периодот помеѓу март и мај кога е дождовна сезона.


На Занзибар (Zanzibar) треба да се обрне внимание на уличните продавачи кои често знаат да бидат напорно поради желба да ви продадат сувенири. Во состојба се неуморно да ги следат туристите, што може некому да биде и непријатно. На Занзибар живее и Масаи малцинство, која во главно држи до себе и работи како обезбедување во хотелите и продавниците за сувенири. Некои локалци имаат сфатено дека на туристите им е интересно како се облекуваат Масаи војниците, па и они се облекуваат така и на туристите пробуваат да им продадат илегални супстанци. Секое користење на дрога е законски забрането, па ваквите понуди треба да се избегнуваат.


Иако станува збор за африканска земја, Занзибар (Zanzibar) од туристичка перспектива е скап во однос со стандардот на жителите кои живеат на овој остров. Посебно кога зборуваме со ресторанот The Rock, каде за еден оброк би требало да одвоите во просек од 20 до 30 долари. Храната во рестораните во Stone Town, се движи измеѓу 5 и 20 долари по оброк, додека цените на пијалоците во рестораните и клубовите се движат меѓу 2 и 10 долари, во зависност од што пиете. За Занзибар (Zanzibar), препорачиво е да одвоите минимум 20 долари дневно, а за потполно уживање и безгрижно трошење, препорачуваме до 50 долари на ден. Златна средина би биле 30 до 40 долари на ден :)


Zanzibar е држава во која живеат преку 90% муслимани. Бидејќи станува збор за летувалиште, локалното муслиманско население не прави проблем околу начинот на облекување, поготово не на туристите. Прилично се либерални по начинот на облекување, особено во Stone Town кој е најпопуларна туристичка дестинација на Занзибар (Zanzibar). Се препорачува за време на пешачката тура и разгледување на Stone Town, да бидеме пристојно облечени, од причина што при истата влегуваме и во Хинду храм, но и Англиканска катедрала, некогашно место за тргување со робови.

Исто така препорачуваме да земете со себе патики за ежови и корали за време на излетот Stone Town и Prison Island. На плажата каде се наоѓал затворот има ежови. Исто така се препорачува носење на истите патики за време на излетот Blue Safari. На излетот осеката е необично силна, па водата може да се повлече и повеќе стотини метри, откривајќи тенок слој на морска трева и камења, каде морските ежови живеат. Дури и да дојде до убод, не треба да се секирате за ништо. Боцките на морските ежови не се отровни, а по некое време, истите сами излегуваат од кожата.


Најголемиот избор на сувенири се наоѓа на улицата Gizenga во Стоун Таун (Stone Town). Gizenga се спојува со улицаѕа Kenyatta, која е главната улица во Стоун Таун (Stone Town) и се наоѓа недалеку од главната пошта и куќата на Фреди Меркјури, така што лесно ќе ја најдете. Долж улицата има голем број продавници за сувенири. Во такви продавници обавезно е ценкањето така што покрај пари, треба да се наоружате со трпение, бидејќи нивното ценкање може да потрае. Цената на сувенирите во Стоун Таун (Stone Town) е необично висока за стандардите на Занзибар (Zanzibar), некои дури би кажале дека цените се поприлично европски. Тоа е и логично со оглед на тоа што сувенири воглавно купуваат туристи. Поефтини сувенири може да купите на Blue safari излетот, на островот кој се вика Kwala и кој се посетува на самиот излет. Сувенирите може да бидат и дупло а неретко и три пати поефтини отколку во градот. Обично се купуваат магнети во облик на Масаи воин, разнобојни марами и шалови со афрички мотиви, табла за Bao шах или Свахили шах, традиционална Masai облека, афрички маски и тотеми, слики со сафари мотиви итн.


Локален број може да се купи во импровизираните трафики кои се наоѓаат во главната улица Kenyatta во Stone Town, или во посебни продавници со опрема за мобилни телефони, каде обично се продаваат СИМ картички (Zantel, Tigo…) Сите картички функционираат така што прво се активира пакетот по пат на СМС, во зависност од уплатените средства, дава одреден број на гигабајти за интеренет, СМС пораки и повици (странски и локални).


Доколку имате слободно време и сакате да видите како локалците се движат низ островот тогаш дефинитивно треба да се возите со локален превоз кој се вика дала дала. Станува збор за мало комбе со покрив или без, кој е направен за максимум десет лица но најчесто се возат околу триесеттина. Ова е најзастапен вид на превоз на Занзибар (Zanzibar) и сите локални жители го преферираат овој тип на превоз. Ефтин е дури и за нивниот стандард, но квалитетот на превозот е доста низок. Со овој тип на превоз цел остров може да го обиколите за околу 20тина долари. Секако е различен од она што ние сме навикнати и ова искуство е на сопствена одговорност. Често се расипуваат заради преоптеретеноста, а и често се случува да ги застане и полиција доколку сметаат дека се преоптеретени. Во тој случај возачот застанува и вади половина од патниците како би ја поминал рутинската контрола Најсигурен вид на превоз е сепак такси. Таксито е достапно скоро во секој момент но цените се повисоки во однос на дала дала. Од еден на друг крај на островот, таксистите возат за обично од 30-50 долари, а може и да изнајмите возило со возач и цената се движи од 50 до 80 долари.


Занзибар (Zanzibar) пред се е остров за опуштање и уживање на плажа. Филозофијата на локалното население може да се сведе на два збора - хакуна матата, што може да се преведе како "нема проблеми". Кај локалците се е хакуна матата и се е лесно и спонтано. Така може да се дефинира и ноќниот живот на Занзибар (Zanzibar). Ако ја одземеме Full moon журката што се организира во Кендва (Kendwa), село на северот на островот, Занзибар (Zanzibar) не може да се пофали со ноќен живот каков што има во Европа. Најголемиот избор на клубови е во Стоун Таун (Stone Town) и тоа дури четири ноќни клуба! 

  • 1. Taperia
    Ресторан/клуб каде обично започнува излегувањето во Стоун Таун (Stone Town). Често има свирки во живо на локални бендови и е супер припрема за понатамошна забава. Обично собирањето е околу 20:30 часот и трае до 23:00 часот (за викенд и до 01:30 часот)
  • 2. 6 Degrees South
    Ако не сте знаеле, Занзибар се наоѓа 6 степени јужно од Екваторот. Доколку и по пристигнувањето на Занзибар (Zanzibar) заборавите каде се наоѓа овој остров, тука е клубот 6 degrees south да ве потсети. Обично овој клуб е следната станица откако Taperia ќе се испразни. Се наоѓа на самиот брег, недалеку од хотелот Africa House и се собираат многу туристи. Често се организираат караоке вечери во клубот.
  • 3. Tatu
    Доколку некој претерал со пеејќи на караоке, уточиште моќе да најде во дискотеката Tatu. Се наоѓа веднаш отспротива клубот 6 Degrees South. Во ова место се собираат и локалци и туристи и е одлично место за ноќните птици бидејќи журките траат ддо раните утрински часови со оглед на тоа што е последната станица од триаголникот на клубови во Стоун Таун (Stone Town).
  • 4. Bwawani
    Само за оние кои се спреми за излегување и забава до утринските часови. Журката во оваа дискотека започнува кога ќе се испразнат сите споменати клубови во Стоун Таун (Stone Town), што е обично некаде околу 01:30 – 02:00 наутро. До дискотеката се доаѓа со такси кое чини 7000TSH (околу 3 долари)
  • 5. Red monkey lodge
    За сите љубители на живи свирки Занзибар (Zanzibar) крие место каде во живо може да ги слушнете најдобрите afro beat-ови, а се наоѓа во местото Џамбијани , на источниот брег. Источниот брег е посебен драгоцен камен на Занзибар (Zanzibar) и топло препорачуваме да се посети.

По ноќниот живот познат е и Нунгви (Nungwi) каде на самата плажа има голем број beach барови/ресторани, клубови и дискотеки ( Cocobello, Gerry’s, Istanbul, Cholos…) додека во ресортот Kendwa rocks често се организираат и Full moon забавите кои траат до раните утрински часови.


Стоун Таун (Stone Town) нема класични плажи. Барем не онакви што се исклучиво за капење. Капењето е возможно и тука но треба да земете во предвид дека Стоун Таун (Stone Town) е пред се активно пристаниште со долга традиција на рибарство и морепловство. Естетски плажите не се најпрекрасни но се одлична опција за освежвање по целодневните излети. Најубавите плажи се на местата кои ги имаме предвидено по планот и програмите. Станува збор за плажите во Кендва (Kendwa) и Нунгви (Nungwi) северно на островот кои се најдобри за капење, а пота плажите во Паџе (Paje) и Мичамви (Michamvi) кои се одлични и за капење, уживање, сунчање, сликање. Исто така капење е предвидено на излетот Blue safari.


Во зависност од видот на масажата, цените се движат измеѓу 20 и 50 долари. Постојат бројни места во Стоун Таун (Stone Town), Кендва (Kendwa) и Нунгви (Nungwi) кои пружаат услуга масирање.


Од храна препорачуваме да пробате локална брза храна која секоја вечер се подготвува на доковите во Stone Town. Во делот на градот кој се нарекува Фородани (Forodani), поради истоимената градина, се изнесуваат тезги и се подготвува разноврсна брза храна. Да прошетате на Фордани (Fordani) е навистина посебно доживување. Целиот град навечер добива посебна боја и шарм, на што допринесуваат и локалците кои во голем број се собираат во градината која важи за место за собирање, дружење и разговори до доцна во ноќта. Секако целиот избор на јадења треба да ги пробате на сопствена одговорност. Иако се е добро припремено и вкусно локалците се навикнати на таков тип на храна, додека кај туристите дегустацијата на локална храна може да донесе и стомачни проблеми. За оние похрабрите и оние кои се наоружани со јаглен и пробиотици се препорачуваат лигњи, јастози, шаварма, пилешки/говедски ражничи, Занзибарска пица... Доколку имате желба да ја истражувате локалната кујна се препорачува ресторанот Lukman, недалеку од Англиканската катедрала. Lukman важи за ресторан кој најдобро припрема локална ,Walinyama'' и ,,Walikuku'',односно говедско со ориз и пилешко со ориз во сос од зеленчук и овошје. Исто така прават и одличен ,,Chipsimayai''. Името е комплицирано но станува збор за многу едноставно припремен оброк, компир со кајгана кој се служи со салата. За сите оние кои не сакаат да експериментираат препорачуваме бројни ресторани со европска кујна кои ги има во Стоун Таун (Stone Town), Кендва (Kendwa) и Нунгви (Nungwi).


1. The Rock ресторанот
2. Заливот Мичамви
3. Сокаците во Stone Town
4. Кајт сурфинг (kite surfing) на плажата во Паџе (Paje)
5. Зајдисонцето во Кендва (Kendwa)

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Занзибар

Најголем град: Stone Town

Број на жители: околу 800.000

Вероисповед: 99% муслиманско население

ВИЗИ:

За влез на територија на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар), на државјаните на Р. С. Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром), и чини 50 УСД. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и понесете две фотографии со димензија 3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на траење од 3 месеци. Кога се преминува на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето се поминува пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата.

На територијата на Танзанија не постои амбасада на Р. С. Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија).

Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај)

Може да се случи да Ви побараат да платите со платежна картичка наместо во кеш (ова почесто се случува ако патувате директно за Занзибар).

 

Временската зона е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.

 

Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите.

Ниту една вакцина не е неопходна за влез во Танзанија.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан.

Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата.

На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.

 

Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.

Плима и осека - На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.

 

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба.

Улична храна не се препорачува (пред се ова не е подрачје со традиционална улична храна)

Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.

 

БЕЗБЕДНОСТ - Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит.

Избегнувајте опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални.

Не се препорачува самостална обиколка на Дар Ес Салам.

Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.

 

Од облека понесете летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и ногавици пред се поради авионот но можно е и температурата да падне, пред се навечер и на Занзибар.

Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

За излет на водопадите Матеруни понесете удобна облека за тракинг низ џунглата, кабаница, панталони и костим за капење.

За сафари потребна е облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.

На Занзибар Ви е потребна летна гардероба и облека за плажа, но и нешто подолго (поради комарците, одење на излети во село, и обиколка на Stone Town каде морате пристојно да се облечете, затоа што се работи за место каде мнозинското население е со исламска вероисповед. За излет во шумата Јозани пожелно е да имате затворена облека или нешто постаро поради теренот по кој се движиме. За излетот на Blue safari пожелно е да имате нешто во што можете да одите низ вода (поради острите корали, алги и ежови).

***Треба да се води сметка доколку се патува на Занзибар за време на Рамазан, дека е неопходно пристојно облекување, што подразбира покриени нозе и рамења (долги ракави), особено кога се оди во обиколка на поголемите места како што е Stone Town.

 

Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS.

1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.

Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму.

Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. Консултирајте се со Вашиот банкар и задолжително пријавете заминување во странство, за да не ви ги блокираат платежните картички.

Во некои случаи можете да плаќате и во долари, но спремете ситни пари и еден долар ке Ви се смета околу 2000 TZS.

На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај.

Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.

 

КОМУНИКАЦИЈА - Нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа.

Сите сместувања се опремени со wi-fi.

Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија (со три влеза).

Адаптери на самата дестинација не може да набавите.

 

Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров.

 

Сувенири - За почеток мораме да напоменеме дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата.

Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар...