Бали патувања

Помеѓу Јава на запад и Ломбок на исток се наоѓа индонезиската провинција со средиште во Денпасар, фасцинантен остров со изобилие на ориз, кокосови палми, кафе и тутун... Феноменални плажи и неверојатна боја на морето - Бали (Bali)

Еден од 17.508 острови кои припаѓаат на Република Индонезија (Indonesia). Остров кој бил под власт на Холандија, сé додека во текот на Втората светска војна не го превземале Јапонците. Позади името на островот се кријат зборовите: “Утро на светот“, “Остров на боговите“ и “Последниот рај на земјата“. 

Бали (Bali) e сместен во пределот на екваторот, со песочни плажи долги стотина километри и големи бранови, претставува мамка за хедонисти и сурфери. Во внатрешноста на островот преоѓаме преку песочни полиња, речни брзаци, се качуваме на вулкански кратери со висина преку 3000м., а поминуваме низ пештери и тропски шуми. На Бали (Bali) постојат шест вулкански купови и две тектонски плочи, опкружени со прекрасна природа во која живеат околу 280 видови на птици, чија песна во комбинација со мирисите на островот ни овозможуваат да се чувствуваме како во рајот. 

Народот на Бали (Bali) е дружељубив и пријатен. Неговата календарска година брои само 210 денови. Луѓето буквално живеат за церемонии и прослави, земја каде танцот е секогаш во центарот на случувањата. 

Бали (Bali) го краси раскошна хиндуистичка архитектура каде секоја куќа поседува сопствен храм, декориран со шарени релјефни елементи и скулптури облечени во саронг. 

Одиме на патување на насмеаниот остров Бали (Bali), каде ќе го испробаме најскапото кафе на светот, додека ги набљудуваме најубавите зајдисонца над Индискиот океан!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Иако Бали (Bali) е прекрасна и популарна дестинација за одмор, треба да се води сметка за опасност од кражба. Своите драгоцени работи чувајте ги и не ги оставајте без надзор.


1. Плажата Seminyak- 5 km долга златна плажа, богата со барови и одлични ресторани.
2. Плажата Nua Dua - прекрасна бело пудреста плажа која е погодна за семејства но и за авантуристи кои сакаат да се испробаат во некој од водените спортови кои ги нуди токму оваа плажа.
3. Jimbaran Bay- погодна за љубители на морска храна и зајдисонце.
4. Плажата Амед - вистинско место за љубителите на нуркањетои за истражување на морскиот свет.
5. Плажата Бингин - одлична за сурфери и со бохо енергија.


Царинските прописи не налагаат задолжителна вакцинација, но Ве советуваме да го контактирате институтот за јавно здравје и да се консултирате.


Ви препорачуваме некои од следните места за масажи: 
- Carla Spa Ubud 
- Midas Spa Ubud

Двата салони се наоѓаат во центарот на Убуд (Ubud) и во својата понуда имаат традиционална балинезиска масажа.

Цената за масажа зависи од типот на масажа и должината на траење, во главно се движат од 100 000-400 000 rp.


За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза за Бали (Bali).


Локален број може да се најде во маркетите mini mart, cirkle k. Замолете ги вработените да ви помогнат со регистрацијата и активација на бројот. Цени на локалните картички се движат во ранг од 170.000-400.000rp.


Вашето патување планирајте го на начин истото да не се поклопи со празникот “Nyepi“. За време на тие денови на Бали (Bali) сé e затворено, па дури и аеродромот. Секогаш облекувајте се прикладно, покривајте ги рамената и колената, а однесувајте се пристојно за време на посетите на храмовите.


Ви препорачуваме да земете летна гардероба. За влез во храмовите неопходно е да имате sarang, посебни марами кои ги покриваат нозете. Важи и за мажи и за жени, а истите можете да ги набавите на Бали (Bali).


Ви советуваме да носите летна гардероба. За влез во храмовите неопходно е да имате sarang, посебни марами кои ги прекриваат нозете (важи и за мажи и за жени). Истите можете да ги набавите и на Бали (Bali).


На Ubud Art Market-от може да најдете прекрасни свилени шалови, рачно ткаени торби, шешири или капи и многу други рачни изработки.

Ако сте на одмор на Бали (Bali), Ubud Art Market е одлично место за купување на сувенири што ќе ги понесете дома.


Најдобро време за посета на Бали (Bali) е во периодот од јуни до октомври.


На Бали (Bali) е најдобро да застанете такси на улица, но она што е најважно да се договорите за цена пред да влезете во возилото. Постои можност за изнајмување автомобил или скутер и цената зависи од времетраењето на изнајмувањето.


За Аранжман од 12 дена на Бали (Bali) советуваме да понесете околу 600 евра за трошење.


1. Bali swing
2. Padma resort
3. Goa Gajah
4. Monkey forest
5. Bali bird park


1.  Potato Head Beach Club- Овој бар се наоѓа на базен покрај плажа и е еден од најдобрите дневни клубови на Бали. Има приватни кревети, одлични коктели, ресторан и прекрасен поглед.
2.  Sky Garden - Простран клуб кој се наоѓа во центарот на Кута (Kuta). Овој клуб содржи повеќе нивоа со различни типови на музика.
3.  Deus Ex Machina - Temple of Enthusiasm е chill место со одлична храна, музика, необични коктели. Се наоѓа во местото Canggu.
4.  Pretty Poison - Клуб каде можете да седите и да гледате настап на скејтери и слушате музика. Ова одлично место со одлична енергија се наоѓа во Canggu.
5.  LXXY Bali - Гламурозен, високоенергичен ноќен клуб во кој настапуваат познати DJ-и. Во склоп на клубот има бифе и тераса на кровот со базен. Се наоѓа во Кута (Kuta).


1. Warung рестораните на Бали (Bali) се нешто што секако не смеете да го заобиколите. Места со типична локална храна и локална енергија.

2. Jimbaran ресторанот е преубав ресторан на плажа. Препорачуваме да го посетите во вечерните часови кога овој ресторан е посебно осветлен.

3. Beach bar La Brisa e идеалното место за здрав појадок и добро кафе. Овој ресторан дефинитивно буди добар почеток на денот.

4. Strawberry Fields e ресторан кој има разновидно мени и одлични овошни и алкохолни коктели.

5. La Plancha е вистинско chill место на плажа со шарени lazy bag-ови и чадори.