Танзанија патувања

Сé што замислувате како најголема авантура во животот, ќе го доживеете на едно патување. Непрегледно пространство на африканските савани со своите жители лавови, зебри, газели и нилски коњи, целосно слободни во своето природно живеалиште - Мама Африка во својот изворен облик. 

Од набљудување на разиграни животни, до големи и опасни предатори, кои живеат само во склад со природниот ланец на исхрана, до качување по вулканскиот кратер Нгоронгоро (Ngorongoro), или посета на африканското племе Чага (Chaga) и филџан кафе со нив. Танзанија (Tanzania) ќе ги маѓепса сите ваши сетила и ќе имате чувство како да сте дел од природата, африканското и нашето насмеано племе. Бидете и вие накратко Бел Масаи, облечете ја нивната традиционална облека, ставете ги сите прекрасни украси на телото, грицкајте баобаб бонбони и тргнете во вистинска номадска авантура. Дознајте како изгледа животот во подножјето на Килиманџаро (Kilimanjaro), кралицата на сите африкански планини. 

Запознајте се со секојдневниот живот на другата страна од планетата додека ги посетувате Аруша (Arusha), Моши (Moshi) и Дар Ес Салам (Dar es Salaam). За крај ја оставаме најслатката авантура - Занзибар (Zanzibar)! Островот се наоѓа во Индискиот океан на 20-50 километри од Tанзаниското копно. Познат во светот е по зачините, неверојатните долги плажи со бел песок, долга традиција и Хакуна Матата начин на живот.

Патувања

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Танзанија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Танзанија

Главен град: Додома

Површина: 945.087 km²

Број на жители: 36.481.000 (2005)

Население: 99% од народот е од африканско потекло од преку 130 племиња

Јазик: свахили и англиски

Вероисповед: 30-40% христијани, 30-40% муслимани, остатоци од припадници на традиционалната религија.

Локално време: UTC + 3

Основана: 26. април 1964.

Независност: Танганика 1961, Занзибар 1963.

Валута: танзаниски шилинг

*Занзибар

Најголем град: Stone Town

Број на жители: околу 800.000

Вероисповед: 99% муслиманско население

 

2. ВИЗИ:

За влез на територијата на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар) на државјаните на Република Северна Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром) и чини 50 долари. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и да понесете фотографија на бела позадина со димензија 3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на важење од 3 месеци. Кога се преоѓа на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето со поминува на пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата. Сé од наведеното важи за државјаните на Република Северна Македонија и регионот но е неопходно да се провери визниот режим за Танзанија во матичната амбасада.

На територијата на Танзанија не постои амбасада на Република Северна Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија).

Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај)

Може да се случи наместо со кеш, да ви побараат да платите со платежна картичка (ова почесто се случува ако патувате директно на Занзибар).

 

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.

 

4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:

Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите.

Ниту една вакцина не е неопходна за влез во Танзанија.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан.

Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата.

 

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит.

Избегнувајте опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални.

Не се препорачува самостална обиколка на Дар Ес Салам.

Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.

*Почнувајки од 01.06.2019. сите патници за Танзанија не смеат со себе да имаат пластични кеси, затоа што од таа дата се применуваат високи парични казни за кршење на ова правило. Користење, производство или внесување на пластични кеси е нелегално. Сите посетители се советуваат да избегнуваат пакување во било какви пластични кеси , како во чекираниот, така и во рачниот багаж. Производите кои се купени на аеродром и се спакувани во пластични кеси, мора да се отстранат пред влегување во авион. Исто така, сите “зип кеси“ кои ги користат патниците за пакување на течности, не смеат да се внесат во Танзанија, и доколку патниците ги користеле во текот на летот, мора да останат во авионот. Ги молиме сите патници да избеггнуваат пакување или носење било каква врста на пластични кеси на оваа дестинација.

6. КЛИМА

Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.

Плима и осека - На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.

 

7. ХРАНА:

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба.

Улична храна не се препорачува (пред се ова не е подрачје со традиционална улична храна)

Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.

8. ОБЛЕКА:

Од облека понесете летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и ногавици пред се поради авионот но можно е и температурата да падне, пред се навечер и на Занзибар.

Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

За излет на водопадите Матеруни понесете удобна облека за тракинг низ џунглата, кабаница, панталони и костим за капење.

За сафари потребна е облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.

На Занзибар Ви е потребна летна гардероба и облека за плажа, но и нешто подолго (поради комарците, одење на излети во село, и обиколка на Stone Town каде морате пристојно да се облечете, затоа што се работи за место каде мнозинското население е со исламска вероисповед. За излет во шумата Јозани пожелно е да имате затворена облека или нешто постаро поради теренот по кој се движиме. За излетот на Blue safari пожелно е да имате нешто во што можете да одите низ вода (поради острите корали, алги и ежови).

 

9. ПАРИ:

Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS.

1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.

Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму.

Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. Консултирајте се со Вашиот банкар и задолжително пријавете заминување во странство, за да не ви ги блокираат платежните картички.

Во некои случаи можете да плаќате и во долари, но спремете ситни пари и еден долар ке Ви се смета околу 2000 TZS.

На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај.

Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.

 

10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа.

Сите сместувања се опремени со wi-fi.

Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија (со три влеза).

Адаптери на самата дестинација не може да набавите.

 

11. СУВЕНИРИ:

За почеток мораме да напоменеме дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата.

Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар...

 

12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:

На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.

Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров.

На турата во Танзанија и Занзибар постои целодневно возење од Моши до Дар Ес Салам, кое трае околу 10 часа (зависно од метежот, може да трае и до 12 чаца). Се возиме со локални автобуси.