Намибија

Намибија

Дали сте спремни за автентичната Африканска авантура? Jungle племето ве носи во Намибија (Namibia), домот на племињата Бушмани, Дамари и Мамаци. Оваа земја со недопрена природа е светски извор на дијаманти, но и разни други руди. 

На нашата необична авантура, една од главните бази за истражување ќе ни биде Свакопмунд (Swakopmund), каде ќе имаме прилика да ја истражиме и најстарата пустина на светот - Намиб. Оваа пустина ја раздвојува висорамнина во која лежи главниот град. Од пустината продолжуваме на преубавите плажи на Свакопмунд (Swakopmund) и уживаме во вистинска тропска атмосфера, а полниме и батерии за патувањето во Валвис Беј (Walvis bay), каде не чекаат разни адреналински активности. 

Ја продолжуваме приказната на север, каде ќе имаме прилика да ја запознаеме и го доживееме автентичното секојдневие на веселите жители на Химбу племето, а потоа да уживаме во неверојатното сафари во Националниот Парк Етоша - некогашниот најголем резерват на животни во светот. 

Дали сте спремни за животна авантура? На ова патување пристигнуваме како туристи, а заминуваме како светски патници.

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Намибија

Намибија е држава во јужна Африка на брегот на Атлантскиот океан. Граничи на север со Ангола, на североисток со Замбија, исток со Боцвана, на југ со Јужноафриканската Република. Намибија станала независна држава во 1990-та година, па спаѓа меѓ помладите светски држави.

Површина на земјата: 825.418км2, 33-та по големина во светот;

Број на жители: 1.820.916

Главен град: Windhoek

Националност: Повеќето жители на Намибија со црнци (87%), во главно од народот Ovambo кој го сочинуваат околу половина од сите жители. Во земјата живеат и големи групи на Нами и Бушмани со изглед кој значително се разликува од останатите црнечки народи во Намибија. Во државата живеат и околу 6% белци, што е меѓу најголемите проценти во субсахарска Африка. Повеќето белци и мелези зборуваат Африканс и се од јужноафриканско потекло, а помал број потекнува од Германија и Велика Британија.

Официјален јазик: Иако Англиски е службен јазик, повеќето луѓе од белата популација зборуваат Африканс или германски, кои биле официјални јазици до 1990-та година. Јазикот на домашното население е Овамбо или некои од помалку застапените јазици. Најбројна религија е христијанството, а меѓу христијаните, најмногу припаѓаат на Лутеранската црква.