Сингапур патувања

Град на совршенство и утопија на 21-от век - Сингапур

Одиме на патување во градот-држава на самиот југ на Мајалскиот полуостров кој е и второ најголемо пристаниште во светот и кој е апсолутен парадокс на турбулентната и хаотична Азија. 

“Лавовскиот град“ или “Азиски Гибралтар“ од 1819 година бил мајалско рибарско село на устието на сингапурската река внимателно стациониран долж патот на зачините. Денес е еден од четирите високо модернизирани градови на светот познат по брзата изградба, високо развиена економија и бесцаринска трговија и е еден од четирите азиски “тигри“ покрај Хонг Конг, Јужна Кореја и Тајван

Ги посетуваме архитектонските градби кои се познати единствено од научно фантастичните филмови како Аватар - Gardens by the Bay - популарната шума која се состои од паметни (smart) дрва на соларен погон кои навечер приредуваат незаборавно шоу. Се наоѓа веднаш позади хотелот Marina Sand Bay и покрива земјиште од повеќе од 100 хеткари во централниот дел на Сингапур и претставува обид на владата да го трансформира Сингапур од поимот “Градска градина“ до “Град во средина на градина“, а се тоа поради подобрување на квалитетот на живот. 

Иднината никогаш не ни била поблиску на дофат на рака отколку сега.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Сингапур

  • Главен град: Сингапур
  • Површина: 700km²
  • Број на жители: 5.4 милиони жители
  • Население: Кинези 74%, Мајалци 13%, Индијци 9%, останати 4%
  • Јазик: англиски, мајалски, тамилски (индиски), мандарински (кинески)
  • Вероисповед: будизам 33%, христијанство 19%, неопределени 18%, ислам 14%, таоизам 11%, хиндуизам 5%.
  • Независност: 1965. година
  • Валута: Сингапурски долар SGD – 1 EUR = 1.6 SGD. За трошење во Сингапур морате секогаш со себе да имате локална валута. Кредитни картички и банкомати: Банкомати постојат и се лесно достапни. Платежни картички можете да користите речиси секаде и секогаш, освен на пазарите или доколку купувате улична храна. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство за да не Ви ги блокираат картичките.
  • Временска зона: GMT +8
  • Виза: За туристички престој на државјани на Р. С. Македонија, не е потребна виза со престој до 14 дена
  • Клима: Климата во Сингапур се одликува со релативно висока температура (просечна највисока е 30-33C, а најниска околу 23-25C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително силно бидејќи се работи за подрачје околу екваторот. Периодот на дождови трае од ноември до март и од јуни до септември, но дожд може да се јави и во кој било период од годината. Под дожд подразбираме и попладневна тропска бура. Генерално, дождот не претставува проблем бидејќи се работи за подрачје околу екваторот со релативно високи температури и доста сончеви периоди.
  • Храна и пијалок: Традиционалната исхрана опфаќа ориз, нудли, пилешко, говедско, овошје и зеленчук, морски плодови и риба. Уличната храна може да се препорача (пред се поради тоа што ова е подрачје со традиција на улична храна). Храната во рестораните може да биде навистина скапа но во склоп на пазарите секогаш се наоѓаат локални ресторани и изобилуваат со локална храна, каде можете убаво и евтино да јадете. Во понудата се и кинеска, тајландска, виетнамска, корејска кујна и др. Алкохолот е прилично скап. Исто така во поголемиот број на ресторани каде се храни муслиманското население немојте дури ни да прашате за алкохол. Пробајте го пивото Tiger но и коктелот Singapore Sling. Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го. Од јадења морате да пробате чили ракчиња, катонг лаксу, слатки на база на дуријан...
  • Здравје: За влез на територијата на Сингапур, законски не е потребно да примате вакцини, но секако косултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за сниживање на телесна температура, лекови против болка, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете и крема за сончање и Аутан.
  • Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.
  • Сигурност, безбедност и правила на однесување: Сингапур е исклучително безбедна дестинација но морате да бидете претпазливи кога се во прашање вашите лични работи, особено на улиците, каде има поголем метеж или во метро. Избегнувајте какви било опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални, а за поседување на нелегални супстанци се одредува затворска казна од 10 години, 20.000$ а дури и со смртна казна! Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку саката некого да фотографирате, морате за тоа да добиете дозвола. Пред храмовите и џамиите задолжително собујте ги обувките. Забрането е во превозните средства и во хотелите внесување на овошјето Дуријан и можете да платите казна! На територија на Сингапур официјално е забрането внесување на цигари и гуми за џвакање. Доколку во Вашиот багаж имате цигари може да се случи да треба да платите данок. Пушењето е дозволено само во местата кои се предвидени за тоа. Забрането е опивање на улица. Бакшишот е речиси секогаш вклучен во сметката.
  • Облека: Од облека е потребна летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто по долги ракави и долги панталони пред се поради авионите но и обиколката на градот и влез во џамии или други светилишта. Понесете и чадор или кабаница и шешир, марама или качкет. За посета на будистички и хинду храмови мора да се испочитува кодексот на облекување: покриени рамења, деколте и коленици. Што се однесува до секојдневната варијанта, во Сингапур кодексот е прилично слободен.
  • Комуникација: Нашите мрежи работат на територија на Сингапур. Речиси сите сместувања, расторани или кафулиња имаат wi-fi.
  • Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас, и не Ви се потребни адаптери за струја. Доколку имате, можете за секој случај понесете адаптер за влез како за Велика Британија, со три излези.
  • Изнајмување на возила: Доколку сакате да изнајмите возило или мотор потребна Ви е меѓународна возачка дозвола. За тоа нема потреба бидејќи градскиот превоз функционира совршено.
  • Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, батик, зачини, чаеви... Забрането е изнесување на школки, корали и други предмети од природата.