Јордан (Jordan) - кралство на Блискиот Исток, земја во која се наоѓа најневеројатното чудо на античкиот свет, уникатната Петра (Petra).
Аман (Amman) е главен град на Јордан (Jordan), за кој се вели дека е најлибералниот град во арапскиот свет.
Патувањето во Јордан (Jordan) е патување во единствената земја без нафта од Блискиот Исток!
Многу места опишани во Библијата се наоѓаат тука, вклучувајќи градови како Содом и Гомор.
Ве чекаат планински рај и неверојатни погледи на долината и Мртвото море... Според традицијата, Мојсеј, од Планината Небо во Јордан (Jordan) ја видeл Ветената земја.
Мртво море - пливање во езерото каде што концентрацијата на сол во водата е највисока во светот, а заради соленоста, невозможно е да се потоне во него!
Ќе бидете воодушевени од малиот град Вади Муса, познат како долината на Мојсеј, како и познатата Петра - едно од најнеобичните места во светот.
Дури и нереалната пустина Вади Рум, која ја нарекуваат „Долина на Месечината“, не смее да се пропушти!
Поаѓања
Патувања
Видео
Прашања, одговори и искуства
Додека медиумите прикажуваат напнатост на целиот Блиски Исток, знајте дека Јордан (Jordan) е многу сигурна земја, Познат е уште и како оаза на мирот на Блиски Исток. По извештајот на светскиот економски форум, посигурен е дури и од Германија или Велика Британија. Можете да приметите силно сигурносно присуство и детектори за метал во хотелите и јавните згради, туристичка полиција на поголемите локации и војни контролни пунктови околу граничните зони. Како резултат на тоа, патниците можат релаксирано да ја истражуваат земјата. Единствена работа која може да Ви засмета е недостатокот на цени во продавниците, па како ќе Ве процени трговецот, таква цена ќе добиете.
Виза за државјаните на Р. С. Македонија за влез во Јордан (Jordan) се добива по слетувањето на аеродромот во Аман (Aman) и чини 40ЈОД (околу 56$). Со себе задолжително понесете и две фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина со димензии 3.5 x 4.5 cm. Доколку се одлучите визата да ја извадите преку нашата агенција тогаш истата е вклучена во цената.
Zain е мобилен оператор на Блиски Исток. СИМ картички можете да купите во продавниците на Zain, но не постои можност истите да се купат на аеродром или во обични продавници како во некои држави. Додека цените на СИМ картичките се високи, WiFi е лесно достапен.
Најмногу на гардеробата, односно да задолжително бидете покриени за време на излетите. Ова се однесува на долги ногавици пред сé.
Се препорачува жените да се облекуваат дискретно, ради почит кон религијата и културата во Јордан (Jordan), за време на посета на религиските објекти и Планината Небо.
Алкохолот е прилично скап заради преовладувањето на Исламот. Најефтин е во Акаба (Aqaba) како посебна зона. Во Вади Муса (Wadi Musa) популарна е вечерната посета на Петра (Petra) и Cave Bar кој се наоѓа на самиот влез во локалитетот. Во Аман (Aman) клубовите и баровите се често во рамките на хотелите.
Целиот стар дел на градот во Аман (Aman) е голем базар одличен за купување ракотворби.
Можете да си купите марама "Јорданка" која кај нас е попозната како марама "Палестинка", британски изум да направи разлика помеѓу сродните народи на Палестина и Јордан. Јорданската марама е црвено-бела, додека палестинската е црно-бела.
Магнети најповолно е да се купат во Петра (Petra), а за дамите посебно препорачуваме козметика за кожа од Мртво море.
Најдобро време за посета е од март до мај. Снег во Аман (Aman) може да падне во јануари и февруари. Ако се одлучите за нуркање во Акаба (Aqaba) најдобро време за посета е од септември до почетокот на ноември. Посета на Јордан (Jordan) генерално препорачуваме во текот на целата година.
Во Аман (Aman) постои градски превоз, но не е уреден баш најдобро. Може како искуство да го пробате но генерално не е добро поврзан. Таксито е поволно и нема причина да го избегнувате.
Акаба (Aqaba) и Вади Муса (Wadi Musa) се мали места и може да ги шетате пешки.
Јордан (Jordan) излегува на море само кај Акаба (Aqaba). Во центарот на градот има плажа која може да ја посетите. Сепак, најинтересна е долгата плажа на пат према границата со Саудиска Арабија. Тука можете да нуркате со потонат тенк, авион и бродови и корали што е навистина уникатно искуство!
Трошењето е индивидуална работа и секако зависи од вашите потреби и планови за шопинг. Просечните цени на храна во рестораните се од 7 до 15 евра. За патување од 10 дена во Јордан (Jordan) препорачуваме да носите околу 400 евра.
Арапската храна е исклучителна. Од храна се издвојува:
Хумус - едно од најпознатите јадења во овој дел од светот. Станува збор за макало или паста, која се прави од леблеби и тахини. Обично се јаде со лед, а покрај врвниот вкус, се истакнува со огромната хранлива вредност.
Шаварма - Се прави од месо исечено на тенки кришки. Оргинално за негово подготвување се користи јагнешко или овчо месо, додека денес може да се најде и од пилешко, мисиркино, говедско или телешко.
Манакиш - познат и како манакеш, е исто така доста популарно јадење. Првенствено се состои од тесто, премачкано со мачина душица, сирење, или мелено месо. Може да се преклопи или сече како италијанска пица. Се служи за појадок или ручек.
Фалафел – Пржени топчиња од леблеби, кои се служат во ресторани, но и како брза храна. Можат да бидат и полнети, како пита. Тогаш во нив се додаваат разни салати и хумус. Покрај тоа, фалафел може да се послужи и со салата или некој поголем оброк.
Мутабал - макало од домат. Покрај излупениот, печен домат, се става и лук, јогурт, тахини и сок од лимон/
Мансаф - традиционално јадење направено од јагнешко. Јагнешкото се готви во ферментиран јогурт, а потоа се послужува со ориз или житарици.
Зарб - претставува б едуински начин на подготвување на месо, ориз и пилешко. Јадењето се состои од јагнешко или пилешко месо, понекогаш зачини и зеленчук, а се подготвува така што лонец со јадењето се стави на врел ќумур, а потоа се закопува во песок.
Кнафе - традиционално јадење направено од тесто. Ова тесто се попопува во благ сируп, кој потоа се надоградува со сирење и други состојќи како на пример ореви.
- Секоја локација во пустината Вади Рум (Wadi Rum) е магична и изгледа дека секоја фотографија има совршен кадар.
- Преминот Сик накај Трезорот во Петра
- Тепихот на карпата карши Трезорот во Петра
- Тенкот под вода во Акапскиот залив или лебдење во Мртво Море
- Кафулето со поглед на Манастирот во Петра
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.