Колумбија

Колумбија

Некогаш одамна, на тлото на Колумбија живеел кралот на племето Муиска кој се опсипувал себеси со златен прав и скокал во езерото близу Богота така што "Златниот град" се крие на дното на ова езеро. Митскиот Ел Дорадо, се наоѓа во Колумбија и е мотив на сите посетители со векови да го истражуваат. Богота е главниот и најголем град на Колумбија, а се нарекува и Атина на Латинска Америка. Овој град има 57 музеи, 35 библиотеки, 20 плоштади, 162 национални споменици, 45 театри и 20 културни центри. Од друга страна Меделин бил познат исклучиво по Пабло Ескобар "кралот на дрогата" кој живеел овде. Пабло Ескобар според преданијата заработувал околу 420 милиони долари неделно и во еден момент бил седми најбогат човек на светот! За тоа време Меделин бил место на вечната борба помеѓу картелите и носел репутација на "озлогласениот град", а сега овој град е вистинска урбана престолнина која промовира култура и модерна уметност! Имено, во овој град ќе најдете изложба на скулптури на отворено од прочуениот уметник Ботеро но и цели квартови со преубави графити создадени од автори кои инспирација црпат од градските власти. Една од уникатните атракции на Колумбија е карпата El Penjon de Guatape. Оваа џиновска монолитска карпа во сред равница изгледа како "зашиена" заради цик-цак скалите кои водат до самиот врв. Доколку ги совладате ви пружа неверојатен поглед на езерата и островцата Guatape. Картагена е еден од најубавите колонијални градови кои може да ги посетите во Латинска Америка. Денес овој град заради своите преубави згради во шарени бои, калдрмести улици и салса ритамот привлекува најмногу туристи во Колумбија. Градот е познат како место во кое прочуениот Габриел Гарсија Маркез ја започнал својата кариера и чие дело "Сто години самотија" е едно од најпродаваните дела на шпански јазик. Во кристално синото море ќе уживаме во малото рибарско село по име Таганга. Во близина се наоѓа и најубавиот национален парк во Колумбија-Тајрона. Преубави плажи со бел песок, кристално чиста морска вода, палми и кокоси се сѐ што е потребно за прав одмор. Упатете се со нас на ова неверојатно и единствено патување во земјата на смарагдот, кафето, Ескобар, Маркез, недопрени плажи и величенствени колонијални градови!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Колумбија (Columbia) се смета за безбедна држава во Јужна Америка, без оглед на нејзината бурна историја, многу политички прашања се решени и владата настојува да го подигне туризмот на некое високо ниво. Треба да водите сметка за ситни кражби и џепароши, но на улиците има голем број на полицајци и секогаш можете да им се обратите за помош.

Трудете се да не носите скап накит, скапи камери и телефони на улица, затоа што на тој начин можете да се изложите на опасност.


Се препорачува вакцинација против жолта грозница за просторот на Колумбија (Columbia).


За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез на територија на Колумбија (Columbia).


1. На прво место дефинитивно е Theatron- клуб кој собира 4000 луѓе, има 14 соби со различна музичка содржина. Влезницата чини околу 15 евра со вклучен национален пијалак во цената до 2:00h. Отворено е во петок и сабота.
2. Andres Carne de Res - е ресторан но воедно и клуб. Оддалечен е од Богота (Bogota) 45 минути, но вреди да се посети. Прекрасен амбиент кој го оплеменува позната колумбиска музика.

3. Colombian Pub е одлично место доколку сакате да видите како изгледа вистинско колумбиско излегување со звуците на регетон. Отворено е во текот на целата недела, се наоѓа во Т зоната која е богата со разни барови и клубови.
4. El Tibiri bar - најпознатотот место во Медељин (Medellin). Погодно е за љубителите на латино ритамот од салса до афрорумба. Отворен е од среда до недела. 
5. Alquimico типично карипско место каде може да уживате во разновидните овошни коктели. Се наоѓа во Картахена (Cartagena) и е едно од најдобрите chill места.


Во историскиот центар на секој колумбијски град се наоѓаат шарени продавници за сувенири. Од сувенири најдобро е да се купи накит од емералд, чај од кока и ланчиња од Муиска народот.


Најдобро време за патување во Колумбија е од Ноември до Март.


Колумбијска храна:

  1. На прво место дефинитивно е ајиако (ahiako) супа- традиционално јадење со пилешко и пченка кое се служи со ориз и авокадо. - цена 6$
  2. Arroz atollado ова јадење е комбинација на ориз и пилешко, свинско, говедско со додаток компир, кромид и пиперка. - цена 8$
  3. Pargo риба- типична за северна Колумбија (Colombia), се служи со пржена банана, ориз и кокос. - цена 10$
  4. Bandeja Paisa е микс на се што Колумбијците сакаат да јадат, мелено месо, јајце, црн грав и ориз. - цена 7$
  5. Вашето утро не би смеело да започне без arepa (палачинки) и empanada (полнети пецива). - цена 2$

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Колумбија

1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Република Колумбија е држава која се наоѓа на северозападот на Јужна Америка. На север и на северозапад излегува на Карипско море, а на запад на големиот Тихи океан. Колумбија по површина е четврта најголема земја во Јужна Америка. Еден од главните производи на оваа земја е кафето.

Површина: 1,141,748 km2

Број на жители: 49 милиони

Главен град: Богота (8 милиони)

Националност: Колумбијци (претежно местици)

Официјален јазик: Шпански

Вероисповест: Католици

Независност: 07.08.1819.

2. ВИЗА

За државјаните на Р.С. Македонија е потребно да се извади виза. 

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -5.

4. КЛИМА

Колумбија е огромна земја и поради тоа се карактеризира со повеќе климатски зони: дождливи шуми, савани, пустини и планини. Во главниот град Богота просечната годишна температура е 15°C, а најтопли месеци се март и април со температура од околу 20°C. Маглата исто така е честа појава. Меделин се наоѓа во тропски појас, а со оглед на тоа што градот се наоѓа на 1500м надморска височина просечната годишна температура е 22°C и не се менува многу во текот на годината. Температурата е уште поповолна на брегот на Карибите каде просечната температура е 27°C. Сушниот период во овој дел на државата трае од ноември до мај.

5. ХРАНА

Колумбијската храна е многу разновидна благодарение на географската разноликост, тропската клима и влијанието на различни имигрантски популациии- всушност секој има свои специјалитети. Колумбијската кујна нуди различни видови на храна со доста месо. Како главни прилози најчесто ги додаваат пченката и гравот. Најпопуларниот појадок скоро секаде вклучува арепа, нешто измеѓу леб и палачинки од пченично брашно, често полнета со јајце. Колумбија може да се пофали со околу 250 видови овошје и скоро исто толку видови зеленчук. Оние нам познати како на пример ананас, банана, манго и некои потполно едиствени феихоа, нисперо, јука... Специјалитети на оваа кујна се и чорбите. Чорбата San Cocho се прави од риба или пилешко и комбинација на друго месо и додаток на некој од членовите на семејството компири (бел, црвен и креолски компир, јука и јам) и кромид. Ajiaco е  прилично тешка супа базирана на компир која е особено популарна во и околу Богота. Додатни состојки се парчиња пилешко, пченка, капар и павлака. Ajiaco обично се служи со ориз и свежо авокадо. Можете да се "засладите" и со чичарони- некоја врста на нивни чварки. Во секој случај во Колумбија нема да останете гладни!

6.ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА

Вакцинацијата не е задолжителна за патниците кои патуваат во Колумбија. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали ќе се вакцинираат или не. Најдобро е да се консултирате со Институтот за јавно здравје за проверка. Пожелно е да се понесат лекови за стомак (пробиотици), Фервекс или некои лекови за болка и температура за секој случај. Доколку не понесете со вас, не е ништо страшно може да се купат и од аптеките таму. Исто така има и комарци па би било добро да носите и Аутан, а може и таму да се купи средство против комарци. 
 

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувањето не е задолжително, но е препорачливо. Можете да го подигнете во било која осигурителна компанија или да го уплатите во нашата агенција најдоцна 5 дена пред поаѓање.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Странските туристи се изложени на ограбувања особено во големите градови. Потребно е да се придржувате до вообичаените правила на однесување: движење само на места предвидени за туристи и без скапоцен накит и поголема количина на пари. 

9. ОБЛЕКА

Спакувајте слоевита облека и понесете што помалку работи! Со обзир на тоа што во Богота просечните температури се 15°C за овој град е потребно да понесете потопла облека (јакнички, панталони, блузи..). Во другите телови на земјата (Меделин и брегот на Карипското море) се високи температурите и за таму се препорачува носење лесна летна гардероба. Исто така се препорачува носење шешир и капа за деновите кои ги поминуваме на плажа.

10.ПАРИ

Како и во другите латиноамерички земји, најприфатена странска валута е америчкиот долар кој изнесува 1 USD = 2.900 пезоси. Евра не може да се сменат во повеќето менувачници освен во поголемите банки. Прифатливи се најпознатите светски платежни картички, првенствено Visa i Master Card.
 

11. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат во Колумбија, а секако може да купите и локална СИМ картичка. WiFi имате во сите сместувања и ресторани, така што нема да имате проблем во одржувањето на комуникација со семејството и пријателите.