Казахстан

Казахстан

Името на оваа земја во превод значи земја на чудата. 

Таа е една од најголемите земји по површина во светот. Населена е со повеќе од 120 народи кои живеат претежно во традиционални куќи - јурти, кои први се припитомиле и јавале коњи! 

Инаку, Казахстан се наоѓа на два континента - во Европа и Азија, а изобилува со јаболка и снежни леопарди, но и необичен јазик создаден со мешање на арапски, руски, монголски, турски и персиски. 

Боите, мирисите, вкусовите, вареното овчо, медот и кавијарот, сонцето и снегот ќе ги разбудат сите ваши сетила! 

Тргнете на патување што сигурно ќе го паметите долго време, енергијата на необични земји и убави луѓе целосно ќе ве опушти и сигурно ќе уживате во секој ден од оваа авантура.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Казахстан

Општи податоци: во превод Земја на чудата, една од површински најголемите земји во светот. Населена е од преку 120 народи кои во главно живеат во традиционални куќи - јурти, а кои први се припитомиле и јавале коњи! Инаку, Казахстан се наоѓа на два континента - во Европа и Азија, изобилува со јаболка и снежни леопарди и необичен јазик создаден со мешање на арапски, руски, монголски, турски и персиски.

Главен град: Астана

Површина: 2.724.900km²

Број на жители: 18.5 милиони жители

Население: Казахстанци 63.1%, руси 23.7%, узбекистанци 2.9%, украинци 2.1%, татари 1.3%, германци 1.1%, останати 5.8%

Јазик: казахстански и руски

Вероисповед: муслимани 70%, христијани 26%, атеисти 3%, останати 1%

Независност: 1991. година

Валута: Тенга KZT – 1 EUR=390.5 KZT

Кредитни картички и банкомати: Банкомати и манувачници постојат. Картички можете да користите но не треба да се ослоните на нивната употреба. Препорака е да плаќате во готовина и тоа исклучиво во локална валута. За детали консултирајте се со вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство за да не дојде до блокирање на картичките. Доколку со вас понесете долари, препорачливо е да бидат испечатени во скоро време. Во менувачниците во главно се менува целата сума без враќање кусур во евра или долари, така што препорака е со вас да понесете ситни апоени.

Временска зона: GMT +6

Виза: За државјаните на Р. С. Македонија потребна е виза за влез на територија на Казахстан.

Клима: Северните делови имаат кратки лета и долги ладни зими со температури до -40C, додека ситуацијата во јужните предели е обратна. Вообичаено во текот на целата година има малку дождови. Летото трае од средина на мај до средина на септември, топло е и суво, со температури до +35/+40C. Зимата почнува од половината на ноември и трае до април. Ладно е и суво, исто така. Најдобар период за посета е во текот на пролетта и наесен.

Храна и пијалок: Спрецијалитет се колбаси од коњско месо, kazy и shuzhuk. Во исхраната се користи и овчо месо како и разни видови на варено месо. Градовите се во главно скапи. Покрај наведеното, уживаат во разни варијанти на ферментирано млеко, ayran, shalap, koumiss...

Здравје: За влез на територија на Казахстан, законски не е потребно да примате вакцина, но секако консултирајте се со Вашиот лекар. Се препорачува конзумирање на флаширана вода. Од лекови со стебе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, лекови за сниживање на телесна температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите на патување.

Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Безбедносната состојба во Казахстан е стабилна. Можни се ситни кражби. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да фотографирате, морате задолжително да прашате. Не е дозволено да се фотографира војската, полицијата, банките, на аеродромите. Пред храмовите и џамиите задолжително собујте ги чевлите. Во земјата големо внимание се придава на превенцијата од пушење, така што во сите јавни установи и поголемиот број ресторани, пушењето е забрането.

Облека: Задолжително понесете со себе нешто по долги ракави и долги панталони пред се поради авионот но и за прошетките по градовите и влез во џамиите или другите светилишта. Понесете и шешир, марама или капа. Покрај гардеробата која инаку ја пакувате, за патувањето во текот на пролетта и наесен потребно е да понесете удобна облека, дуксер или џемпер. Во пустинските подрачја температурните разлики помеѓу денот и ноќта се големи и времето често се менува. Во текот на посетата на верските објекти, на жените им се препорачува да ги покријат поголемите делови од рацете и нозете, како и главата и косата. На влез во верските објекти потребно е да ги соблечете чевлите. Од облека понесете нешто удобно и затворено.

Комуникација: Нашите мрежи во главно работат во Казахстан, но не на целата територија, имајќи во предвид дека се посетуваат и места кои се далеку од поголемите градови. Речиси сите сместувања, ресторани или кафулиња имаат wi-fi.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас, и не Ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, свила, керамика, ракотворби, стази, чоколадо од Казахстан, играчките Bal Bala, мед, кавијар.