Кина

Кина

Се запознаваме со најстарата цивилизација на светот - Кина (China), шетаме по Кинескиот ѕид, го посетуваме Забранетиот град, Небесниот храм, Птичјето гнездо, летната палата на кралицата Чи...

Одиме на патување во мистериозната Кина и не оставаме неистражено ниту едно ќоше на светот. 

Забранетиот град, комплекс во центарот на стариот дел на Пекинг (Beijing), некогаш бил кралска палата на кинеските династии Минг и Чинг, а денес е музеј кој сведочи за развојот на една нација. 

Го посетуваме Небесниот храм, храм посветен на богот на небото каде некогашните кинески кралеви принесувале жртви за да ја придобијат неговата наклонетост. 

Кулминацијата на нашата посета на Кина ја доживуваме со посетата на летната палата на кралицата Чи и незаборавната прошетка на Кинескиот ѕид

Летната палата - некогашната кралска резиденција, а денес најголем национален парк во Кина каде се наоѓа вештачко езеро во кое има мермерен брод, на брегот на езерото, кој никогаш запловил. 

Кинескиот ѕид се протега во правец исток-запад во должина од 5000км. Висината на ѕидот е 10м., а ширината е проектирана така што четири коњаници може паралелно да јаваат на него. Најголемата градба на светот која се протега од степите на средна Азија до брегот на Жолтото море и претставува најголем одбрамбен објект направен од камен, набиени цигли во земја, дрва и други материјали, заради заштита на Кинеската држава и кралство од рации и инвазија на различни номадски племиња. 

Уживаме во погледот од ѕидот, слушаме приказни, купуваме оригинални кинески сувенири од порцелан, свила, слики и се воодушевуваме од оваа необична земја, луѓето и културата. 

Големото Кинеско царство е дом на војниците од теракота, еден од најзначајните и најмистериозните археолошки пронаоѓалишта во светот кој и ден денес предизвикува големо внимание. 

Од друга страна Шангај (Shanghai) ни нуди единствен увид во колонијалното минато на Кина, влијанието на архитектурата и неговиот модерен развој. 

Насмеаното племе Ве води на незаборавно патување по чекорите на големите војници и племиња!

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Кина

  • Кина официјално Народна Република Кина, е држава во источна Азија. Има брег долг 14.500м и се граничи со Виетнам, Лаос, Мјанмар, Индија, Бутан, Непал, Пакистан, Авганистан Таџикистан, Киргистан, Казахстан, Русија, Монголија и Северна Кореја. Главен град е Пекинг. Четврта по големина земја на светот и најбројна со преку 1.5 милијарди жители. Еднопартиска држава со владеење на Комунистичката партија на Кина. Административно е поделена на 22 провинции, 5 автономни региони, 4 директно контролирани општини и 2 региони со специјален статус (Хонг Конг и Макао).
  • Виза: За државјаните на Р.С. Македонија потребна е виза. Визата се вади лично во Кинеска амбасада- Скопје и чини 3.140,00 мкд.
  • Здравствена ситуација: Санитарната ситуација во Кина е добра, без подрачјата на кои би имало епидемија или заразни болести. Здравствената служба е добро организирана, а изборот на медицински установи е голем пропорционално со големината на градовите. При посета на Тибет, заради нискиот притисок и разредениот воздух на таа надморска височина, потребно е посебно внимание. Можна појава е отежнато дишење, вртоглавици, нервоза, забрзана работа на срцето, крварење од нос, болка во мускулите и слично. Се препорачува покрај соодветната исхрана и лесните вежби, побавно движење со помалку багаж, а во случај на реакција на надморската височина, треба да се земе кислород. Во посериозни ситуации, може да се побара помош во болниците кои се наоѓаат на пониска надморска височина. Лицата кои имаат проблеми со срцето, висок крвен притисок или астма не се препорачува патување на Тибетското плато.
  • Временска зона: Кина се наоѓа во UTC+08:00 временска зона, односно +6ч во однос на Македонија.
  • Клима: Најголем дел на Кина се наоѓа во умерена климатска зона под влијание на монсуни. Од септември/октомври до март/април дуваат ветрови од Сибир и Монголија. Што појужно одиме нивната јачина се намалува. Предизвикуваат сува и студена зима и доведуваат до големи температурни разлики (и до 40 целзиусови степени) во однос на југот на земјата. Во лето, монсуните дуваат од океанот и носат топол, влажен воздух и дожд. Големината на земјата и разноликоста на релјефот предизвикуваат големи климатски разлики во различни делови на земјата. На пример, северниот дел на провинцијата Хеилонгјанг(североисточна Кина) нема вистинско лето, додека провинцијата Хаинан нема зима. Долината Хуаихе има четири годишни времиња. Западниот дел на Тибетанската висорамнина е целата година покриен со снег, а јужниот дел на висорамнината Yunan-Guizhou има пролетна клима во текот на целата година. Северозападниот дел на внатрешните региони на Кина се карактеризираат со големи осцилации на температурата во текот на денот. Долж источниот брег количината на дожд изнесува околу 1500мм, додека во внатрешните северозападни краеви едвај достигнува 50мм.
  • Храна и пијалок: Кинеската кујна се базира првенствено на ориз, зеленчук и месо кои се служат со разноврсни прилози, како и варијација на нудли, супа и зеленчук. За подготовка на јадењата најчесто се користи сусамово масло, ферментирана паста од грав, соја сос, сол, кромид, ѓумбир, бибер, ферментирана чили паста и зелка. Најефтиниот оброк може да го најдете во рестораните за брза храна и ќе ве чини од 5-7еур. Во малку полуксузни ресторани оброците се во просек од 10-20еур.
  • Сигурност: Кина важи за држава со висок степен на јавен ред и мир, но секако треба да внимавате на ситни криминалци и кражба.
  • Облека: Без разлика дали во Кина патувате во пролет или во есен, се препорачува слоевито облекување заради разликите помеѓу утринските и попладневните температури. Ви советуваме да понесете удобна облека како и јакна за вечерните часови.
  • Локална валута: Официјалната валута на Кина е Јуан (CNY) и е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странска валута не е дозволено. По последниот курс 1eур=7,5 јуани, 1$ = 6,4 јуани. Може да се користат и платежни картички American Express, VISA, Diners Club и Master Card, но мора да ви напоменеме дека често се случува да не поминуваат платежните картички и ви советуваме да се потпрете исклучиво на готовина.
  • Струја: Во Кина, стандардната волтажа е 220 волти и се користат три типа адаптери за електрична енергија: со два сплоснати влезови, со три сплоснати влезови и стандарден европски кој се користи и во Македонија.