Бразил

Бразил

Дали сте посакале денови во ритамот на самба, одмор помеѓу веселите кариоки како ги нарекуваат жителите на Рио де Жанеиро, капење во Атлантикот и леко пиење на коктелот каипириња? Одмор од нашите јужноамерикански авантури најчесто правиме во Бразил односно Рио - престолнина на хедонизмот. Покрај нас се плажите Ипанема и Копакабана кои Ве опуштаат со звуците на боса нова. Покрај плажите се наоѓа препознатливото шеталиште чии мозаици во облик на бранови кои Ве мамат кои ги изработувал познатиот бразилски архитект Роберто Маркс. Ноколу има хотели, кафулиња, ресторани, песок и море - идеална комбинација за сите ваши сетила. За оние кои сакаат дополнителна рекреација тука е фудбалот кој се игра од утро до мрак на улиците и плажите. На неуморните патници им останува да ги истражат и спектакуларните места кои нудат незаборавни фотографии како Pedra do Telegrafo и Arraial Do Cabo каде бескрајно сината и зелена боја се сливаат во раскошна вегетација. Тука Ве чекаат недопрени плажи и проѕирна вода како и мноштво на големи кактуси. Доколку сакате да одите уште понатаму во најмоќната природа на Бразил тогаш навлезете во Foz de Iguazu и раширете ги рацете пред моќните водопади Iguazu. Игуазу водопадите се чудо на природата кои се наоѓаат на границите помеѓу Бразил, Аргентина и Парагвај. За панорамско фотографирање бразилската страна важи како исклучителна. Покрај неверојатните водопади опкружувањето е како од документарците за природата - вистинска и исконска џунгла околу нас. Целото подрачје околу самите водопади е прогласено за Национален парк кој се најде на листата за светско културно и историско наследство под заштита на UNESCO. Инаку, бразилската култура претставува богат микс на португалско влијание, локална индијанска традиција и допринос на културата на африканските робови кои тука се доведени во ерата на колонијализмот. Тој амалгам секако допринесува полесно да се заљубите во Бразил и да посакате повторно да се вратите.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Бразил

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Бразил е федерално конституирана република со преку 209 милиони жители. Во главниот град Бразилија (основан дури во 1960 година) живеат околу 4.2 милиони жители. Од 1822 година Бразил се изборил за независност од Португалија.

2. ВИЗА
Виза за Бразил не е потребна за престој до 90 дена

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА:
Временските зони во Бразил се UTC -5, UTC -4 и UTC -3. Нам ни е важна временската зона во која се наоѓа Рио де Жанеиро а тоа е UTC-3 (-5 часа во однос на нас).

4. КЛИМА
Бразил зафаќа повеќе климатски појаси: пустински, екваторијален, тропски, суптропски, океански и умерен. Рио се наоѓа во тропската климатска зона. Летата се суви и највисоката температура изнесува околу 26 степени додека во зима највисоката температура достигнува до 32 степени. Просечната температура на морето се движи помеѓу 23 и 24 степени.

5. ХРАНА И ПИЈАЛОК

Бразилската кујна влече свои корени од португалската така што нејзиниот вкус е во голем дел европеизиран. Исклучок се додатоците од африканската кујна (како ацараја). Главни состојки со оброците се ориз, помфрит, јајца и сл. Во Бразил многу ги сакаат нивните пецива познати како емпанаде. Feijoada е прочуено јадење каде се меша црн грав со месо, најчесто свинско. Национално слатко е кокадас кое се прави од кокос.

Cachaca е бразилска национална ракија. Во прашање е напиток од шеќерна трска а се користи најмногу за правење на познатиот коктел Caipirinhа.

Задолжително се купува флаширана вода во продавниците.

6. ЗДРАВЈЕ
Доказ за вакцинација против жолта грозница не е неопходен за градовите како Рио или Сао Паоло но надлежните бразилски органи можат да побараат жолт картон за време на патувањето од Бразил во другите латиноамерикански земји.

7. ОСИГУРУВАЊЕ
Патничко осигурување не е задолжително но секако го препорачуваме за далечните дестинации. Можете да го уплатите во која било осигурителна компанија и да го понесете на патувањето, или може да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање.

8. СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Бразил е држава во која туристите треба да се движат во градовите кои имаат звои туристички зони. Тие се со непрестано присуство на полиција и туристите можат слободно да се движат. Посетата на пацифичките фавели без локален водич во никој случај не се препорачува.

9. ОБЛЕКА
Што се однесува до гардеробата, понесете летна гардероба и спакувајте што е можно помалку облека. Понесете и нешто со долги ракави и долги панталони пред се поради авионите. Исто така секогаш советуваме во рачниот багаж да спакувате гардероба за секој случај кои можат да ви се најдат во случај да се изгуби багажот.

Во случај на евентуални бури во текот на вашиот престој се препорачува со себе да носите чадор или кабаница.

10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА
Национална валута во Бразил е бразилски реал (BLR). Едно евро е околу 4.23 реали додека односот за еден долар изнесува околу 3.56 реали.
 

11. КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи во главно имаат покриеност во целиот Бразил. Во случај да ви е неопходен непрестан интернет постои варијанта за купуванје на локална SIM картичка. Интернет исто така поседуваат сместувањата и рестораните.