Узбекистан

Узбекистан

Добредојдовте на апсолутно неверојатната и речиси магична земја на Централна Азија која некогаш била дел од големото и моќно Персиско Царство, подоцна освоено од Александар Велики, потоа дел од Советскиот сојуз, а денес независна земја со исклучително богата и бурна и разнобојна историја. Позната по производство на памук и совршена кујна чии јадења влечат корени од времето на Александар Велики. Таа се стекна со независност не така одамна, во 1991 година, и од тогаш, Ташкент е главен град и најголем град. 

Оваа необична земја е населена од околу 30 милиони жители. Денес, поголемиот дел е исламско население, но и христијани, кои преку мешавина од своите култури создале неверојатна комбинација на светови што се рефлектира во сите аспекти на секојдневниот живот, од архитектурата, преку облеката, храната, мирисите, вкусовите, боите, музиката, обичаите. Тука, исто така, природата е совршена хармонија на спротивностите, пустините и планините и шумите, врели лета, но и можен снег за време на кратките зими.

Духот на Истокот се чувствува и во кујната, а најпопуларните јадења се пилав, laghman (тестенини-нудли со месо и зеленчук), самса (тестенини полнети со кромид или месо, компири или тиква), шурпа (супа), манти (кнедли со месо или компири), нахуд (динстано пилешко или овчо), шашилк (ќебапи), леб... Прошетките по сокаците и чаршиите се комплетно доживување, насмеани луѓе, забрзани узбекистанци, тезги со грст облека, материјали, керамика, свила, вина, теписи, врски ќе ги разбудат сите Ваши сетила. Истражувањето на Ташкент и Самарканд и на други места ќе Ве купи, исто како и сините керамички плочки што ги украсуваат џамиите, кои се сметаат меѓу најубавите во светот. Појдете со нас и откријте ја оваа земја на патиштата на свилата!

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Узбекистан

Општи податоци: Интересна земја во Цетрална Азија, некогаш дел од големото Персиско царство, подоцна покорена од стана на Александар Велики, потоа дел од Советски Сојуз, а денес самостојна земја богата со историја. Позната по производството на памук и неверојатната кујна чии јадења влечат корени од периодот на владеење на Александар Велики.

Главен град: Ташкет

Површина: 447,400km²

Број на жители: окол 30 милиони жители

Население: узбекистанци 80%, руси 5.5%, таџикистанци 5%, казахстанци 3%, татари 1.5%, останати 5%

Јазик: узбекистанци, руски, таџикистански.

Вероисповед: муслимани 88%, правослвни 9%, останати 3%

Независност: 1991. година

Валута: Сум UZS – 1 EUR=9620 UZS

За трошење во Узбекистан морате со себе секогаш да имате локална валута.

Платежни картички и банкомати: Банкомати постојат но не може да се ослоните на нив. Картички не можете да користите секогаш и се препорачува плаѓање во готово. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство, за да не дојде до блокирање на картичките.

Временска зона: GMT +5

Виза: За државјаните на Р. С. Македонија потребна е виза за влез на територија на Узбекистан. Надлежен козулат за Р. С. Македонија е амбасадата во Анкара.

Клима: Најдобро време за посета е од март до јули и од септември до октомври. Во лето температурата достигува и до 40C. Во текот на есента теператрите се пријатни а кон крајот на октомври се очекуваат температури околу 10C. За време на есен, пролет и зима можни се дождови и снег, но повремено се пократки од европските земји.

Храна и пијалок: Традиционалната исхрана опфаќа јадења што пилав (на база на ориз), laghman (тестенини-нудли до месо и зеленчук), самса (тесто полнето со кромид или месо, компир и тиква), шурпа (супа), манти (кнедли со месо или компир), нахуд (динстано пилешко или овчо), шашлик (ќебапи), леб...

Здравје: За влез на територија на Узбекистан, законски не е потребно да примате вакцини, но за тоа секако консултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува конзумирање на флаширана вода. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лекови против болки, односно лекови кои инаку ги носите со себе на патување.

Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Безбедносната состојба е стабилна. Можна е појава на ситни кражби. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да го фотографирате, за тоа мора да прашате. Не е дозволено фотографирање на војската, полицијата, банките, на аеродромите. Пред храмовите или џамиите задолжително соблечете ги чевлите. Пожелно е да оставате бакшиш.

Облека: Задолжително со себе понесете нешто по долги ракави пред се поради авионите но и за прошетките по градовите и влез во џамиите или другите светилишта. Понесете и чадор или кабаница, но и шешир, марама или капа. Покрај гардеробата која инаку ја пакувате, за патувањето во текот на пролетта или наесен потребно е да понесете удобни патики, дуксер или џемпер. Во пустинските и планинските подрачја температурните разлики помеѓу денот и ноќта се големи. За време на посетата на верските објекти, на жените им се препорачува поголемиот дел од рацете и нозете да бидат покриени, како и главата и косата. За време на влегувањето во верските објекти потребно е да ги соблечете чевлите. Од облека понесете нешто удобно и затворено.

Комуникација: Нашите мрежи во главно работат во Узбекистан но не на целата територија, имајќи во предвид дека се посетуваат и места кои се далеку од поголемите градови. Речиси сите сместувања, ресторани и кафулиња имаат wi-fi.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и не ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, керамика, свила, вино, килими, везени предмети...