Шпанија

Шпанија

Кралството Шпанија е колевка на фламенко, корида, паеља и сангриа, земја на срдечни луѓе и преубави морски брегови. Понудата за Шпанија е богата: летување во Лорет де Мар, најевтината понуда за Барселона во ноември, Андалузија и Мароко, летно патување низ Андалузија, Барселона-мадрид-Лисабон, Баскија и Португалија. 

Главен град на Шпанија е Мадрид и е третиот најголем град во Европската Унија, а други поголеми туристички центри се: Барселона, Малага, Севиља, Гранада, Валенсија, Билбао, Ла Коруња, Сарагоса. Цените во Шпанија се пониски во однос на земјите од западна Европа, освен непосредно покрај најпосетените туристички атракции. Кафе и пијалок во просек чинат околу 2-3 евра, додека ручек во ресторан е помеѓу 5 и 10 евра. 

Во Шпанија се одржуваат необични фестивали, а треба да се издвои La Tomatina кога луѓето се гаѓаат со домати и San Fermin кога луѓето се тркаат со бикови на улиците во Памплона. Традиционална претстава е корида, борба помеѓу бикови и тореадори. 

Тешко е да се издвојат познати личности од Шпанија: познатиот архитект Антонио Гауди, сликарите Пабло Пикасо и Салвадор Дали, писателите Марио Варгас Љоса, Гарсија Лорка, Сервантес, тенисерот Рафаел надал, диктаторот Франциско Франко, актерите Пенелопе Круз и Антонио Бандерас, пеачите Хулио и Енрике Иглезијас.  

Занимливости за Шпанија:

  • Шпанската химна нема зборови и е една од најстарите во Европа
  • Sagrada familia, најголемата атракција во Барселона, се гради од 1882. година и ќе биде завршена во 2026.
  • Најстариот светилник на светот е Херкуловата кула во Галиција
  • Шпанскиот јазик го користат 410 милиони луѓе, односно е вториот најзастапен јазик на светот
  • Најскапиот ресторан на светот се наоѓа на Ибица - Sublimotion

Патувањето во Шпанија е многу повеќе од туристичка посета, тоа е можност да јадете тапаси, крема каталана, да гледате корида, играте фламенко и да се дружите со локалци, затоа што шпанските обичаи и култура ќе Ве фрлат на колена. 

Поаѓања

Патувања