Русија

Русија

Русија е најголемата држава на светот со површина од околу 17 милиони km2, се простира на два континенти, во Европа и Азија, кои ги раздвојува најстариот планински ланец на светот - Урал. Ја заплискуваат 13 мориња и има дури 15 градови со преку милион жители. Патувањето во Русија е посебно искуство затоа што толку шареноликост, од сибирската зима до варските градови, нема никаде на светот. Понудата за Русија е следната: Бели ноќи со авион и автобус, Санкт Петербург за Велигден, Експедиција Камчатка, Експедиција Бајкалско Езеро, Русија-Монголија-Кина.                                                            

Главен град на Русија е Москва, а останати поголеми градови се Санкт Петербург, Владивосток, Ростов на Дон, Екатеринбург. Официјална валута на Русија е рубљата. Цените во Русија се повисоки во градовите како Москва и Санкт Петебург во однос на останатите делови од земјата.  

Тешко е да се издвојат познати личности од Русија, затоа што тие во секоја област од човештвото му подариле некаков допринес на човештвото во класичната музика,  литературата, науката. Некои од нив се првиот руски цар Иван Грозни, императорот Петар Велики, најголемата руска царица Катерина Велика, лидерот на Советскиот Сојуз Сталин, комунистичкиот револуционер Ленин, познатиот поет Пушкин, претседателот Путин, познатиот космонаут Јуриј Гагарин, популарниот милијардер Роман Абрамович, тенисерката Марија Шарапова. 

Интересни факти кои нѐ чекаат на патувањето низ Русија:

  • Санкт Петербург е најсеверниот град на светот со популација од преку милион жители
  • Московското метро има најубави станици на светот и воз се чека просечно 90 секунди M
  • Најголемата библиотека во Европа и втората најголема библиотека на светот е Руската национална библиотека
  • Руската вотка е најдобрата вотка на светот
  • Најдлабокото езеро на светот е Бајкалското Езеро

Патувањето низ Русија ќе Ви покаже непрегледни пространства, култура и историја и ќе откриете некои од тајните на една од највлијателните држави на светот. 

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Русија

Русија (Руска Федерација) се простира во делот на источна Европа и северна Азија и е со површина од преку 17 000 000 квадратни километри. Русија е најголемата држава на светот и покрива два пати поголема територија од Канада, Кина или САД, гледани поединечно. Се граничи со 18 држави и по број на жители е на деветто место во светот. Официјалниот јазик е руски, а главен и најголем град е Москва.

  • Визи: Потребна е виза за престој.
  • Здравствена ситуација: За влез во земјата не е потребна вакцина. Се препорачува конзумирање на флаширана вода.
  • Временска зона: Санкт Петебург, Москва, Казањ се наоѓаат во UTC+03:00 временската зона, односно + 1h во однос на Македонија. Екатеринург се наоѓа во UTC +05:00 временската зона, односно +3h во однос на Македонија. Иркуцк и Улан Уде се наоѓаат во  UTC +08:00 временската зона, односно +6h во однос на Македонија. Владивосток се наоѓа во UTC +10:00h временската зона, односно +8h во однос на Македонија.
  • Клима: Поради влијанието на Атлантикот, повеќето региони кои припаѓаат на Европска Русија, во некои делови на Сибир и рускиот Далечен Исток, вклучувајќи ги и Москва и Санкт Петебург, поседуваат поблага контитнентална клима. Повеќето северни подрачја на на Европска Русија и Сибир, помеѓу Скандинавија и Пацификот имаат субарктичка клима која се карактеризира со остра зима.
  • Храна и пиењe: Кујната е тесно поврзана со општествените промени кои се случуваат ноз нејзината историја и денес таа претставува спој на сите народи кои ја опкружуваат. Житариците и зеленчукот претставувале основа на исхраната на поголемиот дел од населението, како и на насолените јадења, каши, супи, леб и пецива. Лебот се правел исклучиво од 'ржано брашно, чисто, или со додаден јачмен. Некои од најпознатите јадења се секако боршч, пирошки кисел, блини, гогол могул, пашка и шарлотка.
  • Сигурност: Безбедносната ситуација е стабилна, со забележително зголемен степен на безбедносна конртола и засилени мерки и активности на руските безбедносни органи. Зголемено е присуството на полиција на метро станиците, аеродромите, железничките и патните сообраќајници, како и на туристичките локации и во трговските центри. Сепак, се препорачува особено внимание на јавни места, избегнување на масовни собири и места со голем број на луѓе, како и посета на поголемите трговски центри. Посетителите се советуваат нда ги следат информациите во средствата за јавно информирање и да се придружуваат на упатствата на јавните органи и да соработуваат со нив.
  • Облека: Без разлика дали патувате во Русија во пролет или есен, се препорачува слоевито облекување поради разликите помеѓу утринските и пладневните температури. Секако Ви советуваме да понесете удобни обувки како и тенка јакни за вечерните часови.
  • Локална валута: Официјална валута во РУсија е рубља (RUB) и таа е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странски валути не е дозволено. Според последниот курс 1e = 73 рубљи, 1$ = 62 рубљи. Може да се употребуваат платежни картички American Express, VISA, Diners Club и Master, но Ви советуваме да понесете и готовина. Постои широка мрежа на менувачници, но треба да водите сметка за курсните разлики и наплатата на провизија.
  • Струја: Не е потребно да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Руската Федерација е на 220 волти и можете да ги користите нашите стандардни полначи.