Швајцарија

Швајцарија

Швајцарија е претежно алпска држава, чии синоними се часовници, чоколадо, банкарство, прецизност и Роџер Федерер. Службеното име на државата е Confoederatio Helvetic или Швајцарска Конфедерација и е на латински јазик за да се избегне фаворизирање на некој од четирите официјални јазици на конфедерацијата (германски, француски, италијански и романш). Поделена е на 26 кантони.Главен град е Берн, а останати поголеми градови  се Цирих (најголем град во земјата) Базел, Луцерн и Женева. Официјална валута е швајцарски франк. Швајцарија е земја која произведува најмногу чоколадо на светот и логично е дека Швајцарците најмногу го конзумираат овој производ. Во Швајцарија има преку 1.500 езера. Најлуксузните часовници се прават во Швајцарија: Tissot, TAG Heuer, Rolex и Patek Philippe. Првото инстант кафе на светот - Nescafe, настанало во Швајцарија. Стапката на криминал во оваа земја е најниска од целиот свет.