Замбија

Замбија

Замбија (Zambia) можеби не излегува на море, но затоа ја има највеличенствената водена појава на светот - Викториините водопади. Истовремено Ве обзема неопислива среќа затоа што сте се наоѓате на ова волшебно место, а сепак истовремено Ви се смрзнува крвта во жилите кога ќе помислите на силата на водата пред Вас. Сепак, адреналинот е појак од сѐ и полека се приближувате до работ на Devil’s pool и се чувствувате како победник. Додека водата поминува околу Вашето тело, чувствувате мир и сигурност помеѓу неподвижните карпи и уживате во моментот на капење во Викториините водопади. Баш она што го очекувавте од Африка (Africa)- природа и сите нејзини убавини.

После капењето, одиме да видиме птичја перспектива колку се грандиозни водопадите и колку сме биле храбри додека сме се капеле во нив. Од хеликоптер јасно се гледа нивната сила. Водопадите кои со целата своја сила удираат во тлото и создаваат магла од капките вода. Водопадите се наоѓаат на реката Замбези, по која државата го добила своето име, а на светот му се познати по европскиот истражувач Дејвид Ливингстон, за кого се верува дека е првиот Европеец кој ги видел водопадите во 1855. година. 

Посебна маѓија и повторно будење на адреналинот има White water rafting. Речиси половина од брзаците спаѓаат во IV категорија, па така рафтингот на оваа дива река спаѓа во петте најдобри на светот. Најинтересен град во Замбија (Zambia) е Ливингстон (Livingstone), кој го добил името по мисионерот и истражувач Дејвид Ливингстон. Гратчето го одржува своето колонијално наследство со зградите од викторијанскиот период и верандите. Препуштете се и уживајте во големата африканска авантура!  

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Замбија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ::

Главен град: Лусака G

Површина: 752,618 km²

Број на жители: 16,591,390 (2016.)

Население: Банту Африканци 98%, Европејци 1,5%.

Јазик: англиски и банту 

Вероисповед: христијани 65%, муслимани 30% 

Локално време: UTC + 2

Валута: замбијска квача 

2. ВИЗА:

Потребна е виза за Замбија и Зимбабве (Замбија и Зимбабве имаат заедничка/единствена туристичка виза (UNIVISA)) за македонски државјани.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА е UTC+2, односно во текот на зимското сметање на времето разликата меѓу Македонија и Замбија е 1h, а во текот на летното сметање на времето е 2h, затоа што Замбија не преминува на летно сметање на времето. 

4. ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА:

Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува раз. Флаширана вода се корист и за миење на заби и миење на овошје и зеленчук. 

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за тоа консултирајте се со лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства. 

Од лекови со себе носете лекови за редовна терапија, доколку земате, пробиотик, лекови за намалување на температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете крема за сончање и Autan.

Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравствено осигурување можете да купите во нашата агенција до 5 дена пред патувањето. За цена на осигурувањето јавете се во нашата агенција. 

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Замбија е претежно безбедна земја. Секогаш постои опасност од ситни кражби и „џепароши“, како и од преваранти кои на разни начини ги искористуваат странските туристи. Не се препорачува шетање навечер, а на местата каде има големи гужви (локални пазари и сл.) треба да водите сметка за „џепарошите“. Треба да избегнувате возење надвор од населени места во текот на ноќта. 

6. КЛИМА

Климата е пред сѐ тропска и влажна, но сѐ зависи од надморската височина на која се наоѓате. Деновите се главно топли, до 30°C, а ноќите се малку посвежи.

7. ХРАНА::

Замбијската кујна е базирана на nshimа, храна подготвена од бела пченка. Nshima е дел од речиси секое замбијско јадење. Освен nshimа, замбијската кујна вклучува разни видови на паприкаши, готвен зеленчук и разни видови пиво. Исто така се јадат и сушена риба и инсекти.   

8. ОБЛЕКА:

Ве советуваме да носите лесна, удобна и тенка облека од природни ткаенини какошто се лен и памук. Се препорачуваат неутрални бои - на пр. каки, зелена и кафеава. Избегнувајте сина или црна облека затоа што привлекува инсекти. Важно е да се напомене дека камуфлажен или војнички принт на облеката не е дозволен. 

9. ПАРИ:

Валута која е во оптек е замбијска квача - ZMK.

1eur = 13 ZMK, 1$ = 12 ZMK.

Препорака е со себе да носите долари, но исклучиво печатени во 2006. година или подоцна.

Националната валута, замбијска квача е официјално и исклучиво средство за плаќање, интерно е конвертибилна. Казнива е секоја употреба на странски валути за плаќање. 

Кредитни картички може да се користат во повеќето хотели, ресторани и поголеми продавници. Банкоматите по правило прифаќаат VISA картички за подигнување на готовина, но тоа не се препорачува поради губитоците на курсни разлики. За поединитостите посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете дека одите во странство за да Ви ги блокираат картичките.

10. СТРУЈА; ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Операторите на мобилна телефонија имаат договори за роаминг со некои европски компании, но не и со операторите од Македонија, па подобро е да користите локални, отколку македонски картички. 

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас, но ќе Ви бидат потребни адаптери за приклучоците. Влезот е ист како за Велика Британија (три плоснати конектори). 

Не можете да набавите адаптери на самата дестинација.

11. СУВЕНИРИ:

Од сувенири препорачуваме: накит, торби, скулптури на ѓивотни направени од стари метали, карти... 

12. ОСТАНАТИ НАПОМЕНИ:

Сувенирите можат да се извезуваат без ограничување, но трофеите како што се заби, коски, рогови, школки, канџи, кожа, пердуви и сл. подлежат на реѓим на извозни дозовли.