Островот на сонцето, плажите, античките богови и… најтоплите луѓе во Европа.
Не постои друго место каде што ќе се чувствуваш толку прифатен, опуштен и… свој. Ти требаат само неколку денови на Кипар за да почнеш да размислуваш: „Зошто ова не е мојот дом?“
Да, можеби сме туристи, ама на Кипар ќе бидеме вистински локалци. Ќе нè поздравуваат со насмевка, ќе нè угостат со halloumi и meze, ќе ни раскажуваат приказни стари илјадници години. Зошто овде секој камен има историја, а секоја капка море – спомен.
А ние сме сместени токму каде што треба – во Аја Напа (Ayia Napa), делот од островот каде сонцето изгрева најзлатно, а животот се слави и дење и ноќе. Најубави песочни плажи, неверојатни тиркизни нијанси, клубови и барови со светска атмосфера, а храната… дај уште една порција!
Тука ќе јадеме свежа риба фатена истиот ден, ќе пиеме локално вино или ципуро (Tsipouro) што ја загрева душата, ќе се изгубиме во тесни улички полни живот и ќе се најдеме себеси под отворено небо со музика и ѕвезди.
Има нешто боженствено на овој остров. Не само што буквално е поврзан со Афродита, божицата на љубовта, туку и самото чувство кога ќе застанеш на плажата – те вљубува. Во морето. Во светлината. Во животот.
Ајде да се качиме на брод, да нуркаме во лагуни кои изгледаат нереално, да прошетаме низ Лимасол (Limassol) или да испиеме кафе во мал локален бар, каде што времето не минува.
Да бидеме дел од тие моменти кои не се мерат во денови, туку во чувства.