Во сенка на светата планина Арарат, каде според легендата застанал Ноевиот брод и почнал новиот живот после потопот, се наоѓа Ерменија, колевка на древните цивилизации и првата држава во историјата која христијанството го прогласила за своја државна религија. Со најголем дел од својата територија ни на небо ни на земја, туку во планините, гордите и чесни Ерменци веќе три милениуми ја градат својата цивилизација. Ќе ги следиме трагите од светите апостоли Тадеј и Венјамин, и на Св. Григориј Просветителот и ќе ги посетиме бројните средновековни манастири кои се застаени и на листата на УНЕСКО на светско културно наследство. Во Хор Вирап ќе се спуштиме до ќелијата во која бил заробен Св Грегориј, а на гробиштата Норатус ќе се запознаеме со хачкарите - единствени споменици на ерменската култура стари и до 1500 години. До манастирот Татев, средиште на средновековната писменост и духовност, но и колевка на националната борба во 19. век, ќе стигнеме со жичарница која е дел од Гинисовата книга на рекорди. Ќе се восхитуваме на големината и импозантниот впечаток кој го остава Севанското езеро, на чиј брег ќе јадеме езерска риба сиг и по некој лаваш. Ќе го запознаеме Јереван, преубавиот имагинариум на Александар Туманијан, град со пространи булевари, живописни паркови, култура, уметност и уживање. Ќе го посетиме паркот пред Операта, Матенадран - музеј на стари на ракописи, познатите фабрики за коњак Арарат или Ној, и од врвовите на Каскадите ќе го видиме ерменскиот главен град како на дланка. Ќе се релаксираме со звуците на дудукот и традиционалните танци, кои заедно до виното од калинка одлежано во глинени амфори и светски познатиот ерменски коњак, ќе направат да се почувствуваме како да сме во некоја друга епоха и на некој друг свет, а сепак толку блиски на нашите домаќини, како дома. Викендот е резервиран за Вернисаж, место каде луѓе од целиот свет доаѓаат да продаваат и да купуваат сувенири и антиквитети. Ерменското гостоприство и култура пленат на секој чекот, правејќи го нашиот престој извонредно пријатен, а сеќавањето на нашата посета на долината Арарат незаборавно и уникатно сетилно и духовно искуство.
Поаѓања
Патувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.