Дубаи Getaway

Дубаи Getaway

цена од
1.099
EUR ,00
сега од
749
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање

Jungle авантура во Дубаи, една од најатрактивните туристички дестинации на #целсвет. Ќе го истражиме местото со врвна архитектура и гостопримство, со светкави облакодери, пространи пустини и прекрасни плажи и rooftop барови, а неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура ќе ги надмине вашите очекувања! 

Една од нашите омилени програми за Дубаи. 6 дена бегство каде посетуваме и искусуваме сѐ што има Дубаи да ни понуди!

Се сместуваме во една од најкул областите на Дубаи — Al Quoz. Нашиот хотел е позициониран совршено -- оддалечен само 15 минути од Downtown Dubai и Dubai Marina (двете најживи и најважни области во Дубаи). Нашата авантура ја започнуваме во пустината на Дубаи — на пустинско сафари, јаваме камили и се возиме со џипови низ пустинските дини, го чекаме зајдисонцето сред пустина, а на крај се воодушевуваме на ѕвезденото небо во бедуински камп — искуство кое ќе ви биде highlight на целото патување!!! Се враќаме и во минатото на Дубаи, кога гламурозниот град на денешницата бил едно обично рибарско село со бедуински шатори. Ги истражуваме областите Al-Fahidi и Al Seef кои се области на културно наследство во Дубаи. Тесни улички, огромни пазари (souks) за злато и зачини, стари тврдини и традиционални арапски чајџилници! А како совршена транзиција помеѓу стариот и новиот Дубаи нашата авантура во минатото ја завршуваме во Музејот на иднината (Museum of Future) — прогласен за најубавиот музеј на #целсвет. Потоа подобро се запознаваме со модерниот Дубаи и се она што има да ни понуди оваа урбана метропола!! Посетуваме еден од најголемите трговски центри на #целсвет — Dubai Mall. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Продолжуваме кон највисоката зграда Burj Khalifa — се искачуваме на 124тиот кат од каде имаме незаборавна 360° панорама на Дубаи, нашата авантура не носи и во Souk Al Bahar кој е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Ја посетуваме и иконската опера во Дубаи која наликува на традиционален чамец, попатно застануваме и на некои од најуникатните места во центарот на Дубаи, имено, Burj Park, Wings of Mexico и Dandelion Light Sculpture — уникатни ремек дела со кои дефинитивно ќе застанете да се сликнете. По операта на зајдисонце се упатуваме кон најголемата фонтана на #целсвет, каде не хипнотизира нејзиниот магичен воден танц! За крај го оставаме и едно од најуникатните искуства во Дубаи — Dubai Miracle Garden. Најголемата градина на #целсвет, во која има преку 250 милиони цвеќиња и прекрасни аранжмани — замоци, авиони, штрумфови и згради целосно трансформирани во шарени цветни експонати!! Одиме и во Emirates Mall каде што ќе не изненадат скијачки патеки на затворено, пингвини и реалистични VR искуства. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од антички арапски градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А во близина се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — хотелот кој наликува на бродско едро Burj Al Arab!

Во слободно време во Дубаи ги посетуваме некои од најубавите плажи на градот како La Mer, Barasti или Kite Beach, а вечерите ни се исполнети со дружба и забава во некои од најдобрите руфтоп барови во Дубаи!!!

Од луксузно гостопримство и врвна архитектура до шопинг, култура и природа, откријте што го прави Дубаи најдобар меѓу најдобрите. Oвој уникатен град го освои нашето срце, а знаеме дека ќе го освои и вашето!!!

Дали сте спремни за урбана Jungle авантура?

 

💥 LIMITED OFFERS 💥

 

🏙️ 11 ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА ЗА СИТЕ ПРИЈАВИ ВО BLACK FRIDAY АКЦИЈАТА


Рута
Скопје
Тирана
Абу Даби
Дубаи
Абу Даби
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Дубаи
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Код на патување
AE14
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 10. 1. 202517. 1. 202524. 1. 202531. 1. 20257. 2. 202514. 2. 20252. 4. 20259. 4. 2025

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Абу Даби
  • Дубаи

Факултативни излети

Претпладневните часови ни се слободни за уживање на плажа или за прошетка. Нашата авантура ја започнуваме во пустината на Дубаи!!! Во попладненвите часови се качуваме во џипови 4x4 и тргнуваме накај пустината. За време на возбудливото возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација каде го гледаме прекрасното зајдисонце над пустинските дини. Застануваме, правиме незаборавни фотографии со зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот бедуински камп сред пустината. Овде имате можност да јавате камила или да го испробате традиционалниот дизајн на Хена на вашите раце. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина. Враќање во сместувањето во вечерните часови. Слободно време за посетување на некој кул руфтоп бар или вечерна прошетка низ Дубаи.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со истражување на локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Правиме кратко интермецо во најстарата чајџилница во Дубаи — Arabian Tea House. Полниме батерии со традиционални арапски закуски, а сите љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!! Продолжуваме со прошетка низ Al Fahidi, друга област со културно наследство каде голем дел од оригиналната инфраструктура е зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи. Од тука со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk). Нашите сетила се обземени со мирисите на шарените зачини, традиционални арапски парфеми и билки. Исто така застануваме да го видиме Zabeel Palace, резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи. Продолжуваме кон плажата Barasti, една од нашите омилени плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, коктели, плажирање и уживање во зајдисонцето. Пред зајдисонце се упатуваме кон Дубаи Марина, каде не чекаат нашата Јахта и капетан. Пловиме на зајдисонце по Дубаи и се запознаваме со овој град од една сосема поразлична перспектива. Враќање во сместувањето и можност за прошетка низ Dubai Marina и JBR.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа. Во попладневните часови ја започнуваме нашата авантура во модерниот Дубаи со Dubai Frame, најголемата рамка на #целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото!! Потоа застануваме да го видиме Museum of Future. Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Музејот не носи 49 години во иднината, каде технологијата и човештвото коегзистираат во хармонија. Продолжуваме со Dubai Mall еден од најголемите шопинг центари во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Продолжуваме кон Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во сместувањето околу во вечерните часови. Слободно време за посетување на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина :). Потоа продолжуваме кон Emirates Mall каде што ќе ги видиме прочуените скијачки терени на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR) искуство кое ќе ве воодушеви! Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А на оваа локација се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — бродското едро Burj Al Arab. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, овој ден ја посетуваме плажата La Mer. Се враќаме во сместувањето околу 19:00 часот. Слободно време и можност за посета на Global Village. Global Village не запознава со културата на околу 90 држави. Исто така имаме и прилика да пробаме традиционална храна, или пак да видиме некој традиционален танц и перформанс. А секој вторник и четврток нашата вечер завршува со фасцинантен огномент!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и имаме трансфер до Меѓународниот аеродром во Абу Даби. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Место

  • Дубаи
  • Абу Даби
  • Тирана
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel Пример 5 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Дубаи 95 ЕУР
  • Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)
  • Туристичка такса која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Dubai Highlights

Dubai Highlights
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

*****ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!!!*****

  • Dubai Mall - најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
  • Burj Khalifa - е највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот.

*Во излетот не е вклучена влезница за качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 47 по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на целосниот аранжман)

  • Souk Al Bahar - е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
  • Palace Downtown - Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
  • Wings of Mexico - скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
  • Burj Park - е совршено место за одмор во центарот на Дубаи, парк сместен на мало островче покрај езерото Burj. Паркот нуди неспоредлив поглед на Burj Khalifa и волшебната танцувачка фонтана во Дубаи.
  • Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
  • Dubai Opera - Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
  • Dubai Fountain - Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
  • Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење :) !
  • Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 60,00 USD

Излетот започнува попладне низ пустината на Дубаи со неколку постојки за фотографирање. За време на возбудливо возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација да гледаме прекрасно зајдисонце. Застануваме да го гледаме зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот камп. Овде имате можност да јавате камила и да го испробате дизајнот на Хена на рака или на нозе. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина.

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз со џип 4x4 по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, вечера и сите активности предвидени во програмата.

Old Dubai и Barasti Beach

Old Dubai и Barasti Beach
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 55,00 USD

Се враќаме во минатото кога гламурозниот град на денешницата бил едно обично рибарско село со бедуински шатори.

Во оваа тура ги посетуваме:

  • Al Seef – Ја истражуваме локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Кратка прошетка и можност за закуска во Arabian Tea House.
  • Al Fahidi - Област со културно наследство со голем дел од оригиналната инфраструктура зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи!
  • Grand Souk - Со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk).
  • Arabian Tea House - Најстарата чајџилница во Дубаи -- нашата оаза во пустинскиот град. Пробуваме традиционални арапски закуски, а вистинските љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!
  • Zabeel Palace - Резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи
  • Barasti Beach – Посета и уживање на една од најпопуларните плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, плажирање и уживање во зајдисонцето!

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Sunset Yacht Cruise

Sunset Yacht Cruise
Цена: 80,00 USD

Доживејте го сјајот и гламурот на Дубаи на вистинскиот начин. Се упатуваме кон познатата Dubai Marina, каде нѐ чекаат нашата јахта и капетан. Пловиме со јахта со нашата омилена пијачка во рака додека не милувааат зраците на зајдисонцето. Како што денот згаснува така светлата на блескавите облакодери се палат едно по едно. Со ниедна слика не може да се долови убавината и енергијата на Дубаи од оваа перспектива. Повторно се заљубуваме во магичниот град на иднината. По марината поминуваме покрај познатото панорамско тркало -- Ain Dubai, палмата Jumeirah, хотелот Atlantis The Palm, и познатото бродско едро -- Burj Al Arab. Нашиот совршен ден го завршуваме со прошетка низ Дубаи Марина.

Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.

Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 70,00 USD

Одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Потоа одиме во Emirates Mall каде што ќе видиме скијачки патеки на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Во Madinat Jumeirah се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи Burj Al Arab — хотелот изграден во форма на бродско едро! Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, а овој ден ја посетуваме една од нашите омилени плажи во Дубаи -- La Mer!! 

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата и влезница за Dubai Miracle Garden.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel

Al Khoory Courtyard Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Al Khoory Courtyard Hotel се наоѓа во Al Qouz областа во Дубаи. Област позната по живописни уметнички и културни центри, уметнички галерии, безброј ресторани и хипстерски кафулиња. А доколку сте фанови на уметност во слободно време дефинитивно прошетајте по една од најпознатите авении во Дубаи — Alserkal, која е домот на 13 меѓународни уметнички галерии и безброј уникатни кафулиња!

Хотелот располага со руфтоп infinity базен и тераса со панорамски поглед на Дубаи, два ресторани, комплетно опремен фитнес центар, велнес и спа центри идеални за вашата релаксација.

Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Дополнително сите соби имаат и мини-бар, електричен kettle и сеф. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://alkhooryhotels.com/courtyard/

Адреса Al Waha St - Al Quoz - Al Quoz 3 - Dubai - United Arab Emirates

Останати поаѓања за Дубаи

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Дубаи не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против COVID-19.

Задолжително е здравствено осигурување кое покрива и пандемија COVID-19.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот. Потребна документација за виза е скенирана копија на скенер во боја од првите две страни на пасошот (без останати видливи работи на сликата) и слика од патникот во боја на бела позадина, без гримаси со димензии 4.3 x 5.5 cm. Документите е потребно да бидат испратени во PDF или JPEG формат.

Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување во Дубаи не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден во периодот од Октомври до Мај се движи помеѓу 24-35 степени, а навечер се движи помеѓу 14-25 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци. 

БЕЗБЕДНОСТ
Дубаи е, всушност, еден од најбезбедните градови во светот. Неговите построги закони значат дека криминалот се сведува на минимум, а многу туристи се чувствуваат многу побезбедно во Дубаи отколку во другите делови на светот. Стапката на криминал во Дубаи е многу помала споредено со земји во другите региони во светот.

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Дубаи е неверојатен спој на јазици, култури и кујни. Дубаи ги спојува културата и наследството на повеќе од 200 различни националности во рестораните, и добива дополнително признание како глобално позната дестинација што го трансформира туризмот со храна.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Дубаи. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.

СТРУЈА
Во Дубаи се користи приклучок тип G. Тип G е приклучокот кој има три правоаголни влеза во триаголен образец како што се користи во Велика Британија.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Дубаи е ОАЕ Дирхам. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 3.80 AED
1 USD = 3.67 AED
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување. 

Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички. Провизиите за платежните картички треба да ги проверите со вашата матичната банка. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+4, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и OAE е 3 часа, а во текот на летното сметање на времето е 2 часа, затоа што OAE не преминува на летно сметање на времето.

 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.