Ирска

Ирска

Република Ирска е идеална дестинација за сите оние кои сакаат зеленило. природа, мали градови полни со интересни легенди, бајковити дворци, виленици и пиво. Малата држана на североистокот од Европа, на истоимениот остров, речиси потполно е опкружена со море, а единствената копнена граница која ја има е со Велика Британија. Главниот град на Ирска е Даблин, воедно и најголемиот град со околу половина милион жители. Името на градот значи црна бара или црно езерце, а се наоѓа на устието на реката Лифи во Ирското Море. Најголемата фабрика во градот е пиварата Гинис, па не е ни чудно тоа што Ирска се наоѓа на 6. место во светот по годишна коичина на испиено пиво по глава на жител. Ирска има многу интересна култура и традиција. Празникот Ноќ на вештерките настанал во Ирска, а доселениците во Америка го пренеле таму. Ирците го слават својот заштитник Свет Патрик и тоа е ден кога целата земја е обоена во зелено. Ирците сеуште го негуваат својот јазик, па овде ќе можете да слушнете гејлски јазик, кој е најстариот келтски јазик.