Етиопија

Етиопија

Етиопија (Ethiopia) е една од најстарите земји на светот и место со неверојатен спој на луксузен и модерен север и примитивен југ населен од номадски племиња. Јужните племиња живеат без современа технологија, струја, патишта и доктори туку во слога, љубов и единство со природата. 

Со векови Етиопија (Ethiopia) претставувала трговска раскрсница и место за размена на скапоцени производи, но била и симбол за слобода на “Црниот континент“, затоа што е единствена африканска земја која не била колонизирана. Се нарекува уште и “Земја на илјадници насмевки“ и колевка на цивилизацијата. Етиопија (Ethiopia) треба да се посети поради долгата историја и длабоката духовитост, културните и историски знаменитости, но и неверојатната природна убавина. 

Посакувате уникатна гастронимоја? Тогаш ова е земјата за Вас затоа што нејзината кујна е тешко да се спореди со било која друга. Зачинетата храна која традиционално се јаде со раце нуди целосно уживање. Локалниот пијалок Тај, кој настанал со ферментација на мед, а вкусот е сличен на боза и пиво, одлично се комбинира со инер, леб од кисело тесто. Возењето со џипови покрај караван со камили низ солената пустина и посетата на кратери од вулканот Далол се увертира пред обиколката на сулфурните езера настанати како последица на вулканска експлозија. Живата атмосфера, гостопримливите домаќини и афро-ритамот до рано наутро се секако доживување кое се памети.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Етиопија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Главен град: Адис Абеба

Површина: 1.104.300 km²

Број на жители: 107,534,882 (2015.)

Население: Оромо, Амхара и Тигриња

Јазик: амхарски

Вероисповед: Христијани 55%, муслимани 40%

Локално време: UTC + 3

Валута: етиопски бир

2. ВИЗИ:

За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за престој во Етиопија. Визата се издава во Амбасада на Етиопија во Рим, Италија. Рокот на важење на пасошот мора да важи најмалку 6 месеци. Таксата за туристичка виза со еден влез изнесува околу 65 евра.

3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА e UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Етиопија е 2 часа, а во текот на летното сметање е 3 часа, затоа што Етиопија не преминува на летно сметање на времето.

4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:

Неопходна е потврда за вакцинација против жолта грозница (“жолт картон“).

Водата не е се пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува лед. Флаширана вода се користи и за миење на забите како и за миење на овошје и зелнчук.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесната температура, лекови против болка, односно лекови кои генерално ги носите на патување. Задолжително понесете и крема за сончање и Аутан.

Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цена на осигурувањето јавете се во агенцијата.

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Етиопија е во главно безбедна земјам но потребно е да се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење во мрак и навечер, затоа што пред сé се станува збор за сиромашно и неразвиено подрачје, како и на места каде има голем метеж (локални пазари и сл.) и треба да се води сметка за џепароши. Исто така, не се препорачува да се движите со скапоцен накит.

6. КЛИМА

Климата во Етиопија е различна во зависност од тоа на кој дел од земјата се наоѓате. Надморската висина и географската должина одредуваат три климатски зони: ладна зона над 2400 метри каде температурата варира од близу 0 до 16 °C; умерена зона на висина од 1500 до 2400 метри со температури од 16 °C до 30 °C и топла зона, под 1500 метри со тропски и суви услови каде дневната температура варира од 27 °C до 45 °C.

7. ХРАНА:

Етиопската кујна комбинира арапски елементи и индиска кујна, така што храната е многу пикантна. Можете да најдете доста аргуми, банани, смокви, разноврсен зеленчук, говедско, јагнешко и јарешко месо, а популарно е и мекото сирење иаб, многу сличен на грчката фета, а се лади замотан со кора од банана.

8. ОБЛЕКА:

Етиопија е исклучително традиционална земја и е пожелно да се почитуваат нивните верувања и да се облекувате во склад со тоа.

За жените, идеална облека би била кошула или фустан кои ги покриваат рамењата и колениците. Панталоните се исто така добри (иако локалните жени ретко ги носат освен во Адис Абеба), но кратките панталони или маици без ракави не се многу прифатливи, особено во исламските подрачја и руралните средини. Мажите обично би требало да носат долги панталони и кошула или маица која ги покрива рамењата. Движење без маица или кошула е целосно неприфатливо, а кратките панталони се недостојна облека за возрасните мажи.

9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:

Валутата која е во оптег е етиопски бир - ETB.

1ЕУР = 32 ETB, 1$ = 28 ETB.

Препорака е со себе да носите долари, но исклучиво испечатени во 2006та година или подоцна.

Платежните картички од нашите банки начелно е можно да ги користите. Меѓутоа, бројот на места каде што можете да ги користите е навистина мал и банкоматите се ретки, а многу често и се расипани, па затоа не се препорачува да се ослоните на ваков вид на плаќање и вадење на пари. За детали обратете се во Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство поради опасоност од блокирање на картичките.

Не е легално внесување или изнесување на повеќе од 1000 етиопски бира.

10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Единствениот мобилен оператор (ETS) има договори за роаминг со некои европски компании, но во прашање е недоверлив давател на услуга, па така подобро е да користите локални отколку македонски картички. Тамошната prepaid SIM картичка чини околу 25 евра.

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и нема да Ви се потребни адаптери.

11. СУВЕНИРИ:

Од сувенири препорачуваме: етиопски материјали, кафе, традиционални корпички, зачини, накит, керамички садови, фустани, дрвени скулптури.

12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:

Ако сте маж, немојте никогаш директно да се обраѓате на жените од Етиопија - немојте ниту да ги гледате во очи - туку на мажот кој е со неа во придружба.

Локалното население, и христијаните и муслиманите, е конзервативно, па така задолжително треба да побарате дозвола за фотографирање на луѓето, животните и објектите.