Зимбабве

Зимбабве

Ве водиме во срцето на Африка (Africa), дом на ентузијастични локалци, полни со креативност, ведрина и надеж, место каде Викториините водопади ја прават најубавата водена завеса помеѓу две земји, каде е најубавиот залез на сонцето и природа која Ве остава без здив.

Шумите и ливадите на Зимбабве (Zimbabwe) се дом на голем број растителни и животински видови, ќе посетиме национални паркови, ќе уживаме во погледот на нилски коњи додека се бањаат во езерата, но со големо внимание да не наидеме на крокодили, мајстори на камуфлажата, ќе галиме лавови, ќе се обидеме да ги фотографираме брзите и плашливи антилопи, ќе ја искористиме единствената прилика да видиме носорози. Ќе прелетаме со хеликоптер над Викториините водопади, а оние кои сакаат екстремни спортови можат да пробаат параглајдинг над водопадите, zip line или банџи скокање.

Еден од најдобрите начини да запознаете една држава е низ нејзината храна, затоа задолжително пробајте ја Неџи супата од печурки, сушената риба Капета, која е одличен избор заедно со специјалитет од пченка сличен на палента, а на крајот разладување со Замбези пивото. 

Танцувањето, музиката и занаетчиството се главни карактеристики на традиционалната култура на племето Шона, од кое потекнуваат повеќето Зимбабвејци. Дома можете да понесете производи од изрезбарен камен, постелнина или чаршав украсен со батик техниката и сцени од природата или да купите CD со музика која секогаш ќе Ви ги враќа спомените од Зимбабве (Zimbabwe)

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Зимбабве

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Главен град: Хараре 

Површина: 390.757 km²

Број на жители: 16.150.362 (2016.)

Население: Африканци 99%

Јазик: англиски, шона, ndebele

Вероисповед: христијани 65%, муслимани 30%

Локално време: UTC + 2

Валута: американски долар, јужноафрикански ранд

2. ВИЗА:

Потребна е виза за Замбија и Зимбабве (Замбија и Зимбабве имаат заедничка/единствена туристичка виза (UNIVISA)) за македонски државјани.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА е UTC+2, односно во текот на зимското сметање на времето разликата меѓу Македонија и Зимбабве е 1h, а во текот на летното сметање на времето е 2h, затоа што Зимбабве не преминува на летно сметање на времето. 

4. ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА:

Водата не е за пиење, секористи исклучиво флаширана во вода и се избегнува мраз. Флаширана вода се користи и за миење заби и за миење на овошје и зеленчук. 

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за тоа консултирајте се со лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства. 

Од лекови со себе носете лекови за редовна терапија, доколку земате, пробиотик, лекови за намалување на температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете крема за сончање и Autan.

Ви нагласуваме дека здравствените услуги во Зимбабве се исклучително скапи, а поради долгогодишната криза, има недостиг на основни лекови и санитарен материјал. 

Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравствено осигурување можете да купите во нашата агенција до 5 дена пред патувањето. За цена на осигурувањето јавете се во нашата агенција. 

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Вообичаените мерки за безбедност се подразбираат. Криминалот главно се однесува на кражби, крадците се исклучително брзи и вешти. Не се порепорачува шетање навечер, а на местата каде има големи гужви (локални пазари и сл.) треба да водите сметка за „џепарошите“. Треба да избегнувате возење надвор од населени места во текот на ноќта. 

6. КЛИМА

Зимбабве има умерена клима. Температуарат зависи од надморската височина, па така во повисоките делови просечната летна температура е до 22°C, а во пониските до 38°C, додека зимските температури во повисоките предели се околу 12°C, а во пониските околу 25°C.

7. ХРАНА:

Затоа што Зимбабве била британска колонија, присвоиле некои англиски навики. На пример, повеќето луѓе или ќе доручкуваат од нивната традиционална пченкарна каша, или ќе пијат чај во 10 часот (пладневен чај). Ручекот главно се состои од свежо готвена sadza (вид на паста) со зеленчук или месо или пак сендвич. После ручекот обично повторно се послужува чај (попладневен чај).

8. ОБЛЕКА:

Советуваме да носите лесна, удобна и тенка облека од природни ткаенини какошто се лен и памук. Секако треба да понесете и некоја јакна како заштита од каснување од комарци, но и во случај да застуди. Препорачливи се неутрални бои - на пр. како каки, зелена и кафеава. Избегнувајте сина или црна облека затоа што привлекува инсекти. Важно е да се напомене дека камуфлажен или војнички принт на облека не е дозволен. 

9. ПАРИ:

После периодот на хиперинфлација Зимабабве ја повлече од платниот промет домашната валута - зимбабвеански долар и сите трансакции се одвиваат во USD или јужноафрикански ранди (1 USD = 14 ZAR). Еврото е помалку застапено и ретко го примаат. Треба да водите сметка кога плаќате. Цените значајно се разликуваат за туристи (странци) и за домашното население. Ценкањето е присутно, но треба да покажете упорност.  

При плаќање во ресторани се очекува да се остави напојница во износ од 10% од сметката (келнерите не се добро платени). 

Кредитни картички може да се користат во повеќето хотели, ресторани и поголеми продавници. За поединитостите посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете дека одите во странство за да Ви ги блокираат картичките. 

10. СТРУЈА; ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Мобилната телефонија, со роаминг, функционира со SIM картичките од Македонија. Проблем е квалитетот на врската и постојаниот пад на мрежата. Домашна SIM картичка може да се купи без посебни формалности. 

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас, но ќе Ви бидат потребни адаптери за приклучоците. Влезот е ист како за Велика Британија (три плоснати конектори). 

Не можете да набавите адаптери на самата дестинација.

11. СУВЕНИРИ:

Од сувенири препорачуваме: фигури од традиционалниот батонка тапан, накит од смарагд и малахит, слики, облека со симболи на тамошните племиња. 

12. ОСТАНАТИ НАПОМЕНИ:

Иако го користат доларот како валута, често нема да Ви вратат кусур затоа што не користат монети, туку ќе Ви дадат за возврат мастика или бонбона, освен ако не планирате да се вратите во истата продавница, во кој случај ќе Ви дадат сметка на која ќе го пишува износот кој Ви го должат и ќе биде намалена цената при следното Ваше купување.