Холандија

Холандија

Патувањето во Холандија ќе Ви открие зошто оваа земја е една од најомилените дестинации за патување во Европа. Таа е спој на традиција и иновација, нејзиниот дух ќе Ве разоружа, а низ целата земја Ве чекаат познати музеи, особено во нејзиниот главен град Амстердам - кој е баш и познат како град со најголем број на музеи по квадратен метар. Како што ќе зачекорите во овој град ќе бидете практично веќе опкружени со вредни експонати од некоја интересна историска приказна и со некои од најчудните или најбогатите музеи на светот. Националниот музеј Ријкс, Музејот на Ван Гог и Музејот на современа уметност Стедељик стојат како баланс на музејот Хајнекен, музеите на сексот, еротиката и марихуана, а тоа е самиот почеток на авантурите во градот на музеите.                                                                                                               Ова е и земја на велосипедите. Велосипедисти ќе видите при сите временски прилики, а на крајот сигурно и сами ќе посакате да ја пропатувате Холандија баш со ова превозно средство.                                                                                     Самото возење по холанските патишта е доживување. Полињата со лале, шафран и зумбул во периодот од март до мај од холандските полиња прават виножито од бои.