Бали Хедонизам

Бали Хедонизам

цена од
1.799
EUR ,00
сега од
1.599
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Ова патување е создадено за вистински хедонисти, за оние кои сакаат да уживаат во секој миг од денот, да се опуштат, но и да откријат сосема поинаква култура, начин на живот и свет полн со бои, мириси и насмевки.

Создаваме спомени за цел живот. Подгответе се за уживање на островот на насмевките – Бали!

Не очекуваат динамични денови исполнети со енергија: барови на плажа, коктели, сурфање, сончање, пливање и можеби најубавите зајдисонца кои сте ги виделе некогаш. Бали е вистински рај и за љубителите на храна од автентична улична храна до ресторани со интернационално мени. Масажи, СПА центри, луксузни infinity базени и хотели со одлична услуга и сето тоа по навистина достапни цени.

Предноста на нашите програми е што ви овозможуваат да го запознаете Бали од различни агли. Па затоа имаме две програми:

🔸 Бали Хедонизам – Легијан & Убуд
Совршен баланс помеѓу уживање на плажите на Легијан и истражување на уметничкиот, духовен Убуд среде џунгли и оризови полиња.

🔸 Бали Хедонизам – Џакарта, Убуд & Легијан
За оние кои сакаат повеќе, оваа програма започнува со автентично градско доживување во Џакарта, потоа патуваме кон мирниот и духовен Убуд, а завршуваме на песочните плажи на Легијан со залези и забава.

На нашите патувања го посетуваме најдоброто од Бали,  магичните храмови, вулкански предели, џунгли, трекинг низ природата , локалци кои со насмевка ги отвораат своите домови и срца, зелени тераси со ориз, мајмуни, кокосови дрвја и безброј можности за авантура.

Сето ова во форма на групно патување со луѓе со кои што сте истомисленици, во организација на нашите искусни Jungle водичи, кои веќе го нарекуваат Бали свој дом. Вие не сте само туристи вие сте гости кај пријатели.

Дали сте спремни?


Рута
Скопје
Истанбул
Бали
Убуд
Легијан
Бали
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Бали
Код на патување
ID27
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 8. 3. 202612. 4. 20263. 7. 2026

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Бали. Бали или магичниот остров кој што е дом на древни храмови, мирис на темјан насекаде и насмевки кои што ќе ги паметите засекогаш. Пристигнување во Денпасар во попладневните часови и трансфер до сместувањето во Убуд или познат како духовниот и уметнички центар на островот. Слободно време за истражување и кратка прошетка низ центарот, по некоја пијачка со поглед кон џунгла или пак посета на локален пазар. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Бали (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Sthala, Ubud, Bali 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Бали
  • Убуд

Се разбудивте во Убуд - уметничка колонија и преубаво место кое изобилува со уметнички дела од културата на Бали. Некогаш спокојна хипи дестинација за вљубениците во јога, здрава храна и свеж воздух, книгата на Елизабет Гилберт „Јади, моли се, уживај” ја става на туристичкиот радар, а по истоимениот филм прерасна во една од најпопуларните дестинации на Бали. Недалеку од центарот на Убуд се наоѓа голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Нашата авантура ја продолжуваме во Elephant Cave (Goa Gajah) храмот чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Се претпоставува дека влезот на храмот го симболизира влезот во подземниот свет. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. Се верува дека овој храм е ископан од хинду монсаи само со нивните раце, а неговите мистерии до ден денес ги фасцинираат историчарите. Сега сме веќе спремни да нурнеме во водопадот Канто Лампо, оаза на спокојство сместена среде бујните пејзажи на Бали. Време е да се предадеме на симфонијата на каскадните води додека сме на ова патување на истражување и подмладување. Овие тивки базени опкружени со високи карпи кои се обвиткани со смарагдно зеленило ќе ги паметите уште долго. Ииии.... дали сте спремни зa едно од најубавите искуства на Бали? Продолжуваме во најпознатиот денски клуб на #целсвет -- Cretya Ubud!! Буквално во Cretya има сѐ што ќе помислите за едно совршено искуство на Бали. Уживаме во неверојатниот поглед над зелените оризови полиња, а потоа и се шетаме низ нив. Го порачуваме нашиот омилен коктел (ние препорачуваме Arrack Attack) и пливаме во еден од трите базени на спрат! А се разбира секое искуство на Бали не би било комплетно доколку не посетиме Bali Swing, a во Cretya има 4 - Angel Swing, Swing Bed, Extreme Swing и Super-extreme Swing. Можеби сте фан на малку по-адреналински активности, па за секого има по нешто. Еден совршен ден на Бали! Ноќевање.

Сместување

Sthala, Ubud, Bali 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Храмот Besakih е дел од големиот комплекс составен од 22 хиндуистички храмови. Комплексот се наоѓа на падините на планината Агунг, се простира на три квадратни километри, а според локалните верувања овде почиваат предците на денешните жители на Бали. Храмот Besakih го нарекуваат и „мајка на сите храмови”, се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсвето место за хиндусите кои живеат на Бали. Ја посетуваме прочуената палата Тирта Ганга чие име во превод значи „Светата вода од Ганг” , а која претставува најдобар пример на вистинска кралска водена палата. Самиот комплекс се состои од свети извори, базени со студена вода и од неколку мали езерца, а во центарот на самата палата се наоѓа импозантна фонтана на 11 катови. Уживаме во вистинска балинезиска култура. За крај на излетот одиме на плажа – популарната Virgin Beach, каде што ќе лежиме на песокот и ќе се одмараме после целодневното истражување. Ноќевање.

Сместување

Sthala, Ubud, Bali 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашето сместување во Убуд. Спремни за авантура?! Нашиот целодневен излет го започнуваме во едно од најуникатните места на Бали -- голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Продолжуваме кон познатиот Парк на птиците, вторите најпопуларни домородци на Бали. Се дружиме со голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет кои живеат овде. Се разбира ни една Jungle аванура не би била целосна без посета на традиционално село -- селото Батуан. Каде навистина се запознаваме со животот на локалците на Бали. Нашиот ден го завршуваме со еден од најавантуристичките излети на Бали -- се симнуваме по 300 скалила сé до реката, а потоа се спуштаме со чамци по брзаците и уживаме во неверојатната природа и во зеленилото. По нашиот излет продолжуваме кон Легијан, правиме check-in во хотел и имаме слободна вечер да излеземе на некоја пијачка во некои од локалните барови! Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден во кој го запознаваме Бали! Храмот Tanah Lot е најпрепозатливата атракција и симболот на Бали. Изграден е на карпа во морето, на само 100 метри од брегот, а потекнува од XVI век. Слушаме интересни приказни и уживаме во неверојатната глетка. Патот понатаму не води кон оризовите полиња каде се опуштаме гледајќи во неверојатните пејсажи и во бескрајното зеленило на терасите со ориз. Одиме кон внатрешноста на островот, каде на висина од 1000 метри се наоѓа храмот Ulun Danu Bratan. Преубавиот храм се наоѓа покрај брегот на езерото за чија вода локалците веруваат дека е света, а неговата слика стои и на националната валута. Потоа продолжуваме во еден од најпознатите beach барови на #ЦелсСвет -- Finns. Го порачуваме нашиот омилен коктел и уживаме на плажа во егзотиката на Бали! Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за уживање на една од најубавите плажи на Бали. Започнуваме со Нуса Дуа, регион познат по луксузните хотели, ресорти, плажи со бел песок и бескрајно сино море. Се сончаме, се капеме и пиеме коктели во некој од локалните beach барови. Потоа доаѓа на ред плажата Џимбаран, позната по најубавите зајдисонца. Се качуваме на традиционалните балинезиски бротчиња и се возиме накај зајдисонцето – совршен момент за фотографии и спомени што траат вечно. Кога ќе се вратиме на плажата, ќе не чека вечера на плажа со свежа риба и морски плодови. Враќање во нашето сместување во попладневните часови. Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за запознавање со јужниот дел на островот. Нашата авантура ја започнуваме на еден од најубавите храмови на островот, а тоа е храмот Uluwatu. Еден од 11-те храмови кои се наоѓаат на самиот раб на Бали, а изградени се за заштита на островот од злите сили. Храмот е природно живеалиште на долгоопашести макаки, ​​а се наоѓа на самата карпа во која удираат моќни бранови на Индискиот океан. Оттука продолжуваме на една од најпознатите плажи на островот -- Меласти. Плажа позната по мирните води кои настануваат поради природниот базен кој е формиран од околните карпи. Седнуваме во некој од најдобрите beach барови на Бали и уживаме до зајдисонце. Одмараме на оваа егзотична плажа, се дружиме со локалните макаки мајмуни и уживаме во нашата омилена пијачка. На зајдисонце нашата авантура продолжува во еден од најфасцинантните амфитеатри на #целсвет. На зајдисонце гледаме традиционален балинезиски танц Кечак, кој ја прикажува целата приказна за познатиот еп Рамајана. Враќање во сместување. Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден е совршена можност да го доживеете Бали во свое темпо. Без брзање и без организација, но со бескрајни можности. Утрото да го поминете на час по сурфање, бидејќи Легијан е едно од најдобрите места за почетници, да уживате во традиционална балинежанска масажа или пак да испиете некоја пијачка со поглед кон океанот! Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, уживаме и се збогуваме со овој фасцинантен остров. Вечерен трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување во Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бали - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Бали
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Sthala, Ubud, Bali 3 ноќи
Fairfield by Marriott Bali Legian 5 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Бали (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бали - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за влез во Индонезија - 130€
  • Туристичка такса за Бали, која изнесува околу 9€ (еднократно) и истата се плаќа онлајн на https://lovebali.baliprov.go.id/

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд!

Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд!
Цена: 50,00 USD

Нашата авантура ја започнуваме со Elephant Cave (Goa Gajah) храмот чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Се претпоставува дека влезот на храмот го симболизира влезот во подземниот свет. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. Се верува дека овој храм е ископан од хинду монсаи само со нивните раце, а неговите мистерии до ден денес ги фасцинираат историчарите. Чекориме во светот на античките чуда и ги истражуваме сложено врежаните пештери како и светите базени на овој храм. Сега сме веќе спремни да нурнеме во водопадот Канто Лампо, оаза на спокојство сместена среде бујните џунгли на Бали. Време е да се предадеме на симфонијата на каскадните води додека сме на ова патување на истражување и подмладување. Овие тивки базени опкружени со високи карпи кои се обвиткани со зеленило ќе ги паметите уште долго. Ииии.... дали сте спремни зa едно од најубавите искуства на Бали? Продолжуваме во најпознатиот денски клуб на #целсвет -- Cretya Ubud!! Буквално во Cretya има сѐ што ќе помислите за едно совршено искуство на Бали. Уживаме во неверојатниот поглед над зелените оризови полиња, а потоа и се шетаме низ нив. Го порачуваме нашиот омилен коктел (ние препорачуваме Arrack Attack) и пливаме во еден од трите базени на спрат!! А се разбира секое искуство на Бали не би било комплетно доколку не посетиме Bali Swing, a во Cretya има 4 - Angel Swing, Swing Bed, Extreme Swing и Super-extreme Swing. Kаде добивате впечаток дека летате над прашумите и оризовите полиња на Бали. Можеби сте фан на малку по-адреналински активности, за зависници од адреналин во Cretya има и 3 различни zip-lines. Кога претходно рековме дека во Cretya има сѐ, навистина мислевме сѐ! Еден совршен ден на Бали!!!! 

 

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach
Цена: 40,00 USD

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
  • Сите влезници во наведените локалитети
  • Стручен локален водич на англиски јазик.

Селото Батуан, Monkey Forest, Bird Park и River rafting

Селото Батуан, Monkey Forest, Bird Park и River rafting
Цена: 65,00 USD

Спремни за авантура?! Нашиот целодневен излет го започнуваме во едно од најуникатните места на Бали -- голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Продолжуваме кон познатиот Парк на птиците, вторите најпопуларни домородци на Бали. Се дружиме со голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет кои живеат овде. Се разбира ни една Jungle аванура не би била целосна без посета на традиционално село, го посетуваме селото Батуан. Ја истражуваме бамбусовата шума што го опколува ова село, посетуваме традиционални храмови и учиме за локалната култура. Нашиот ден го завршуваме со еден од најавантуристичките излети на Бали -- се симнуваме по 300 скалила сé до реката, а потоа се спуштаме со чамци по брзаците и уживаме во неверојатната природа и во зеленилото.

Храмот Tanah Lot, градина со зачини и Finns Beach Club

Храмот Tanah Lot, градина со зачини и Finns Beach Club
Цена: 40,00 USD

Посета на необичен храм и опуштање во еден од најпопуларните beach клубови на #целсвет!! Нашата авантура ја започнуваме со храмот Tanah Lot – највпечатливата атракција на Бали, храм на вода од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Се верува дека овој храм е изграден од познатиот монах Dang Hyang Nirarthа и е посветен на богот на морето. Специфично за овој храм е што за време на плима ни делува како да лебди над сините бои на Индискиот океан! На овој излет ќе ја имате уникатна можност да го пиете најнеобичното и најскапото кафе на светот - Kopi Luwak! Шетајќи низ градината се запознаваме со бројни билки и зачини, но и со малите животинки кои сезаслужни за произведување на споменатото кафе. Во типичен Jungle стил нашиот ден го продолжуваме на една од најубавите плажи на Бали и тоа во еден од најпознатите beach барови на #целсвет!!! Добредојдовте во Finns Beach Bar. Бар на самата плажа со неколку базени и изграден целосно од бамбус. Време е за вашата омилена пијачка и целосно опуштање со Jungle екипата. 

Нуса Дуа и Џимбаран (Nusa Dua & Jimbaran)

Нуса Дуа и Џимбаран (Nusa Dua & Jimbaran)
Цена: 60,00 USD

Ден за уживање на една од најубавите плажи на Бали. Започнуваме со Нуса Дуа, регион познат по луксузните хотели, ресорти, плажи со бел песок и пескрајно сино море. Се сончаме, се капеме и пиеме коктели во некој од локалните beach барови. Потоа доаѓа на ред плажата Џимбаран, позната по најубавите зајдисонца. Се качуваме на традиционалните балинезиски бротчиња и се возиме накај зајдисонцето – совршен момент за фотографии и спомени што траат цел живот. Кога ќе се вратиме на плажата, ќе не чека вечера на плажа со свежа риба и морски плодови.

Храмот Uluwatu, плажата Меласти и традиционален Кечак танц.

Храмот Uluwatu, плажата Меласти и традиционален Кечак танц.
Цена: 40,00 USD

Ден за запознавање со јужниот дел на островот. Нашата авантура ја започнуваме на еден од најубавите храмови на островот, а тоа е храмот Uluwatu. Еден од 11-те храмови кои се наоѓаат на самиот раб на Бали, а изградени се за заштита на островот од злите сили. Храмот е природно живеалиште на долгоопашести макаки, ​​а се наоѓа на самата карпа во која удираат моќни бранови на Индискиот океан. Оттука продолжуваме на една од најпознатите плажи на островот -- Меласти. Плажа позната по мирните води кои настануваат поради природниот базен кој е формиран од околните карпи. Седнуваме во некој од најдобрите beach барови на Бали и уживаме до зајдисонце. Одмараме на оваа егзотична плажа, се дружиме со локалните макаки мајмуни и уживаме во нашата омилена пијачка. На зајдисонце нашата авантура продолжува во еден од најфасцинантните амфитеатри на #целсвет. На зајдисонце гледаме традиционален балинезиски танц Кечак, кој ја прикажува целата приказна за познатиот еп Рамајана. Доживејте го хипнотизирачкиот Кечак танц, каде древните приказни оживуваат преку ритмички пеења и динамични движења. Се претпоуваме во сировата енергија и богатата традиција на оваа волшебна балиска изведба, носејќи Ве во царството на митот и магијата.

Сместување

Sthala, Ubud, Bali

Sthala, Ubud, Bali
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Sthala, Tribute Portfolio Hotel Ubud е хотел со 5* (по локална категоризација) на Бали - центарот на уметност и хиндуизам на Бали. Хотелот е дел од портфолиото на познатиот ланци на хотели Мериот (Marriot). Sthala се наоѓа на одлична локација во Убуд. Идеално место за оние кои сакаат да уживаат во мирот на природата и автентичноста на Бали, без да се откажат од луксузот и удобноста. Хотелот е опкружен од оризови полиња и густа тропска шума, од каде ги слушаме звуци на егзотични птици додека го пиеме нашето утринско кафе. Навистина се наоѓаме во тропски рај! Хотелот располага со два руфтоп барови, два базени, вклучително и infinity pool, ресторани (кои служат локална и интернационална храна), спа и фитнесс центар. Се сместуваме во двокреветни соби на база ноќевање со појадок. 
 

Вебсајт https://www.sthalaubudbali.com/

Адреса Jl. A.A Gede Rai
Mawang Kelod
Lodtunduh
80582 Ubud
Indonesia

Fairfield by Marriott Bali Legian

Fairfield by Marriott Bali Legian
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Fairfield by Marriott Bali Legian 4* (по локална категоризација) е сместувачки објект кој се наоѓа во областа Legian на Бали. Хотелот има сопствена градина, тераса, внатрешен и надворешен базен, ресторан, бар и фитнес центар. Располага со двокреветни соби со сопствено купатило. Сите соби се климатизирани, имаат телевизор со сателитски канали и бесплатен интернет. Сместувањето е на база ноќевање со континентален појадок.

Вебсајт https://www.marriott.com/en-us/hotels/dpsfi-fairfield-by-marriott-bali-legian/

Адреса Jalan Sri Rama 8 C
Legian
80361 Legian
Indonesia

Останати поаѓања за Бали

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во Индонезија (Бали), додека за Сингапур и Малезија виза не е потребно. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот. Потребна документација за виза е скен во боја од вашиот пасош (првите две страни, како и предната страна), слика во боја на бела позадина со димензии 3x4cm . Документите е потребно да бидат испратени во PDF или JPEG формат.

Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За влез во Индонезија не е потребен доказ за вакцинација. Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Индонезија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.

СТРУЈА
За Индонезија (Бали) се користи ист приклучок како тој што се користи во Македонија. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА

GMT+8, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Индонезија е 7 часа, а во текот на летното сметање на времето е 6 часа.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.