Туркменистан

Туркменистан

Раскрсница на патиштата на Исток и Запад, Север и Југ, религии и култури - со еден збор Туркменистан! Необична земја што порано користела арапска азбука како официјално писмо, потоа латиница, за денес да биде кирилица. Голем дел од земјата е покриена од пустината Каракум или Црната песочна пустина и на неколку места самата кора е отворена каде можат да се видат спектакуларни сцени. Едно такво место е кратерот Дарваза, место за посета, во чија близина се спие во шатори под чистото небо! 

Највпечатливо за локалната култура се познатите рачно изработени килими ширум светот, како и разновидната кујна со многу специјалитети, меѓу кои се и познатите производи од млеко од камили. Земја со огромна големина, но мало население, населено со околу 5 милиони туркменистанци, руси и други. Главниот град е Ашгабат и е населен главно од мнозинско исламско население, но и од многу православни христијани. 

Тука, исто така, мешавината на култури и народи, но и климата условувала интересна и специфична кујна и создала јадења како што се разни видови супи (со брашно или домат, овчо, зеленчук), кои за туристите се генерално доволни по количина за цел оброк, овчо со компири, пилав, јадења базирани на риба (balyk-gavurdak), млечни производи од млеко од камили... Нешто што мора да го пробате. 

Ова е место каде што се живеете малку поинаку, ценкањето е дел од секојдневниот живот, исто како и бакшишот. 

Зеленото знаме, извонредната убавина на жените, гасните кратери што ги нарекуваат уста или врата на пеколот, пустината, зелената боја, теписите, долгата историја, модерните згради, марамите, коњите, камилите и шаторите се некои од карактеристиките на оваа неверојатна земја! Боите што ве опкружуваат ќе ве примамат да понесете што е можно повеќе од овде, но тоа нека биде барем некој килим, свила, накит, но не се, понесете нешто во себе! 

Понесете ја и желбата повторно да се вратите во оваа магична земја!

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Туркменистан

Општи податоци: Необична земја што порано користела арапска азбука како официјално писмо, потоа латиница, за денес да биде кирилица. Голем дел од земјата е покриен од пустината Каракум или пустина на црниот песок, а на неколку места и самата земјина кора е отворена каде може да се види спектакуларен призор. Највпечатливо за локалната култура се рачно изработените килими познати и ширум светот.

Главен град: Ашгабат

Површина: 488.100 km²

Број на жители: 5.350.000 жители

Население: туркменистанци 85%, узбекистанци 5%, русите 4%, останати 6%

Јазик: туркменистански, руски, узбекистански

Вероисповед: муслимани 89%, православни 9%, останати 2%

Независност: 1991. година

Валута: Манат TMT – 1 EUR=4.2 TMT

Платежни картички и банкомати: Банкомати постојат но не можете да се ослоните на нив. Картички ретко каде може да се користат. Препорака е плаѓање со готовина. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство за да не дојде до блокирање на картичките.

Временска зона: GMT +5

Виза: За државјаните на Р. С. Македонија потребна е виза за влез на територија на Туркменистан. Надлежен конзулат за Р. С. Македонија е амбасадата во Анкара (Турција). За време на влез во земјата се плаќа миграциона карта во износ од 14$.

Клима: Климата е сува континентална со големи осцилации. Во лето обично е топло и суво, просечната температура се движи од 28-32C. Зимите се благи со малку снег но можни се и бури и температури до -20C. Најдобар период за посета на Туркменистан е на пролет (март-април), како и наесен (септември-ноември).

Храна и пијалок: Традиционалната исхрана опфаќа јадења како што се разни видови на супа  (со брашно или домат, овчо, зеленчук), кои за туристите се генерално доволни по количина за цел оброк, овчо со компири, пилав, јадења базирани на риба (balyk-gavurdak), млечни производи од млеко од камили... Овошјето и зеленчукот излупете го и измијте го со флаширана вода.

Здравје: За влез на територија на Туркменистан, законски не е потребно да примате вакцини, но за тоа секако консултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува конзумирање на флаширана вода како за пиење така и за миење на забите. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лекови против болки, односно лекови кои инаку ги носите со себе на патување.

Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Безбедносната состојба во Туркменистан е стабилна, со тенденција на зајакната контрола на граничните премини. Можна е појава на ситни кражби. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да го фотографирате, за тоа мора да прашате. Не е дозволено фотографирање на војската, полицијата, банките, на аеродромите. Пред храмовите или џамиите задолжително соблечете ги чевлите. Пожелно е да оставате бакшиш. Не е пожелно да се разговара за политика или да дискутирате за поранешниот претседател. Строго забрането е изнесување на риба или кавијар!

Облека: Задолжително со себе понесете нешто по долги ракави пред се поради авионите но и за прошетките по градовите и влез во џамиите или другите светилишта. Понесете и чадор или кабаница, но и шешир, марама или капа. Покрај гардеробата која инаку ја пакувате, за патувањето во текот на пролетта или наесен потребно е да понесете удобни патики, дуксер или џемпер. Во пустинските и планинските подрачја температурните разлики помеѓу денот и ноќта се големи. За време на посетата на верските објекти, на жените им се препорачува поголемиот дел од рацете и нозете да бидат покриени, како и главата и косата. За време на влегувањето во верските објекти потребно е да ги соблечете чевлите. Од облека понесете нешто удобно и затворено.

Комуникација: На мобилните мрежи немојте да се ослонувате во Туркменистан и постои веројатност да не работат. Исто така Wi-Fi може да биде проблем, имајќи ја во предвид лошата телекомуникациска инфраструктура.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и  не Ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, свила, килими, накит...