„Zoi glikia“ – би рекле Грците, а ние само сакаме да ви ја покажеме нашата верзија на живот со вкус на море, историја и неверојатни плажи!
Дами и господа, другарчиња и парови, друштва за патувања и љубители на добар живот – направете место во вашиот календар затоа што... одиме заедно на Кипар!
Нашата авантура почнува во срцето на Аја Напа, местото каде што морето е толку тиркизно што ќе си помислиш дека не е реално, а мекиот песок е на лежалката под вас додека го пиете првото утринско кафе .
Се капеме, се сончаме, се смееме, пиеме коктели под палма и јадеме каламари на плажа. Да, баш така!
Ама ова не е обичен одмор. Ова е патување низ легендите, вкусната храна и душата на Кипар.
Ќе застанеме кај карпата на Афродита, ќе го слушнеме шепотот на морето и ќе ја почувствуваме магијата на љубовта. Потоа – Лимасол! Стариот град ни шепоти приказни, а марината ни вели „време е за едно вино со поглед“.
Ајде малку во внатрешноста! Какопетрија – селце од бајките. Калдрмата зборува, а прозорчињата од старите камени куќи нѐ повикуваат.
А таму, скриена меѓу дрвја и тишина – византиската црква Agios Nikolaos Тis Stegis – УНЕСКО вели: „ова мора да се види“.
Продолжуваме во Omodos, каде што времето оди побавно, а виното се точи побрзо. Мирис на леб, мед, и... халуми! Да, ќе имаме ексклузивно искуство во куќата на Петрос да видиме како се прави халуми сирење, ќе го пробаме свежо, топло, и ќе се заљубиме во вкусот.
(Предупредување: после ова, ниедно сирење нема да биде исто.)
И – само кога мислиш дека си видел сѐ – Kourion Ancient City! Погледот? Заслужува фотка. Атмосферата? Епска.
Историја, камени театарски седишта, и чувство дека чекориш по земја стара илјадници години.
Кипар има срце, вкус, музика, плажи од соништата и едно чувство кое што ќе го носиш долго по враќањето дома.
Дали си спремен за Кипар со душа?
✨Во цената на аранжманот се вклучени 3 бесплатни посети✨
Рута
Скопје
Солун
Ayia Napa
Солун
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Европа,
Кипар
- Видови патувања
-
Кратки патувања
- Код на патување
- CY56
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да