Дводневен излет во НП Цаво - Исток

Излет вклучен во цената на аранжманот
За вистински авантуристи и оние кои сакаат малку повеќе да уживаат во убавините на Африка, подготвивме дводневно сафари. Првиот ден, ја започнуваме нашата авантура рано наутро и се упатуваме во националниот парк. Целиот ден ќе ги гледаме дивите животни, со пауза за ручек. По попладневното сафари заминуваме во сместувањето. Следниот ден стануваме рано и со волшебно изгрејсонце го продолжуваме нашето сафари за да го засведочиме будењето на дивиот свет. По паузата за појадок, одиме на уште едно возење во саваната и продолжуваме со истражувањето. Ручаме во локалниот ресторан и се упатуваме кон сместувањето во Момбаса. Во цената на излетот е вклучено: превоз, билет, сафари, ручек и вечера во локален ресторан на првиот ден, ноќевање на кампот, појадок и ручек на вториот ден. Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструкторите, вода, сокови.