Бурма

Бурма

Спакувајте се! Ве водиме во некогашна Бурма (Burma), денешен Мјанмар (Myanmar). 

Оваа земја ќе ве привлече со храмови кои ќе ви го одземат здивот при првиот поглед, а со тоа и недопрената природа и зајдисонцата во милион бои, додека гледате шарени балони на небото. Ова се само некои ситници кои ќе ви останат засекогаш врежани во сеќавањето. Ќе ве допре срдечноста и добрината на локалното население - луѓе кои едвај чекаат да ви ги приближат животот и културата на оваа нереална земја. 

Првата станица на нашето патување по Мјанмар (Myanmar) е бившата престолнина и најголемиот град на некогашна Бурма (Burma) - Џангон (Yangon). Ја разгледуваме "круната на Бурма" - пагодата Шведагон (Shwedagon Pagoda), чија што ступа е украсена со преку 7000 дијаманти, рубини, топази, сафири и видлива е од сите делови на градот. Не можете да кажете дека сте биле во Мјанмар (Myanmar), а не сте го посетиле езерото Инле (Inle Lake). Деновите ги поминуваме возејки се со чамци по езерото, се запознаваме со локалното население, пробуваме цигари од банани, а локалните рибари ни покажуваат посебни техники на риболов. Купуваме и сувенири на традиционалниот пловечки пазар. 

Следната станица ни е Баган (Bagan) кој бил престолнина на ова кралство од IX до XIII век. На рамнината околу самиот град, некогаш се наоѓале преку 10.000 храмови од кои до денес се сочувани нешто повеќе од 2000. 

Ги истражуваме најпознатите од нив и креираме слики кои длабоко се врежуваат во нашите сеќавања...

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Бурма

Мијанмар/Бурма

Општи податоци: Мијанмар, некогашна Бурма, се наоѓа во Југоисточна Азија. Се граничи со Бангладеш и Индија на запад, Кина на север, североисток и со Лаос и Тајланд на исток. . Оваа огромна земја со брег долг околу 1.930 километри, на југ и југозапад излегува на Бенгалскиот залив и гледа кон Индискиот океан.

Главен град: Нејпјидо

Површина: 678.500km2

Број на жители: 60.380.000 жители

Јазик: Бурмански

Вероисповед: Теравада будисти 88%, христијани 6.2%, ислам 4.3%, останати 1.5%

Независност: 04.01.1948.

Валута: Kyat (MMK) – 1€ изнесува околу 1.715.71 MMK / 1$ изнесува околу 1.526.37 MMK

Пари, кредитни картички и банкомати: Не препорачуваме голема размена на пари на аеродромот, бидејќи курсот знае да биде значително полош. Препорачуваме да носите долари и задолжително внимавајте, кога носите долари, банкнотите не смеат да бидат постари од 2006 година. Исто така не смеат да бидат изгужвани или искинати, ниту да имаат било какви флеки на нив. Многу продавници нема да ви примат стари и изгужвани банкноти. Повеќето хотели и ресторани прифаќаат плаќање со кредитни картички, само морате да проверите со матичната банка за големината на провизиите. Пред патувањето задолжително посоветувајте се со својот банкар. Имајте во предвид дека кога ќе заминете од поголемите градови, во помалите, плаќање со кредитни картички нема да биде возможно. Трудете се да не менувате пари на улица.

Временска зона:  UTC/GMT +06:30

Виза: За државјаните на Република Северна Македонија е потребна виза за Мијанмар. Цената на визата изнесува 40$ во долари и се изработува околку месец дена пред самото патување. Задолжително мора да имате минимум две чисти празни страни во пасошот и пасошот мора да важи најмалку 6 месеци од моментот на враќање од патувањето.

Клима: Најголемиот дел од земјата лежи во монсунски зони. Северните делови се полади со просечна температура од 21 степен C, додека просечната температура на делот до брегот изнесува 32 степени C. Во текот на годината постојат три периоди: топла сезона - од март до мај, дождовна сезона - од јуни до октомври и ладна сезона - од ноември до февруари. Во јануари ноќната температура може да падне и до 13 степени, додека пак дневната до 35 степени Целзиусови.

Храна и пијалоци: Бурманската кујна е спој од многу азиски кујни, бидејќи земјата лежи на раскрсница на азиските патишта. Најголемо влијание на Бурманската кујна имале Индија, Кина и Тајланд. Оризот е основна намирница. Бурманците се вистински мајстори што се однесуав припремање на различни јадења кои се служат со оризот. Рибата е многу често составен дел од бурманската кујна, дали свежа или како зачин во облик на различни рибни пасти. Храната е често благо пикантна, а лутите додатоци често доаѓаат на трпезата во посебни тањири. Бурманците сакаат да јадат и салати - ладни јадења од многу состојки на кои се додаваат "резанци" и кои за нив претставуваат брз оброк, дури и на улица. На располагање имате и многу сезонско овошје. Меѓу пијалоците, главен е чајот. Зелениот чај за Бурманците е вода, па е достапен насекаде, а се пие без никакви додатоци. Од алкохолните пијалоци најчести се бројните бурмански пива, а можете да добиете и локално вино.

Здравје: Информации од амбасадата на Мијанмар: За влез во Мијанмар не се потребни вакцини и лекови. Меѓутоа, амбасадата советува дека секогаш може да се посоветувате со вашиот доктор и на тој начин да одлучите дали сакате да се вакцинирате или не. Потребно е нормално да се држите до основните правила на хигиена. Мрежата на државни и приватни здравствени установи е достапна во Мијанмар. Задолжително конзумирајте само флаширана вода.

Осигурување: Препорачуваме да имате здравствено осигурување кое можете да го изработите во нашата агенција.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Мијанмар е сигурна земја. Познаете е по гостопримливоста на локалното население и односот према странските туристи е пријателски. Секако секогаш мора да внимавате на личните работи во поголемите места каде што се движат голем број на луѓе, каде што е можно да бидете на удар на џепароши.

Облека: Земјата е претежно будистичка, а надвор од туристичките места - традиционала. Во традиционалните места секогаш се препорачува да ги почитувате домаќините со барем минимално прилагодена облека - покриени рамена и деколте, но и колена (долги сукњи, панталони). Ваквата облека е најдобра заштита од сонце! При влез во будистичките храмови мораме да ги почитуваме правилата (да ги соблечеме обувките, чорапите - да бидеме скроз боси). Со себе земете задолжително и топла облека бидејќи во повисоките делови на Бурма (езерото Инле), може да ви биде потребна. За поголем дел од патувањето препорачуваме удобни обувки. Во одредени храмови се носат и лонги - долги марами кои се врзуваат околу струкот, која е воедно и народна носија и може да се купи и изнајми сегде по локалитетите.

Комуникација: Голема е веројатноста дека картиците нема да ви работат во Бурма, но интернетот е достапен во хотелите и рестораните, па ќе може да се слушнете со фамилијата. Имајте во предвид дека некогаш може да биде лоша и конекцијата. Во секој случај постои опција да купите локална СИМ картичка.

Струја: Што се однесува на електричната енергија, во Бурма напонот е 230V. Постојат класични утичници како и кај нас. За секој случај можете да понесете и британски утичници.

Додатно:

  • Бурма е позната по своите скапоцени камења рубин и жад Доколку се одличите да купите некој камен, задолжителна барајте сертификат кој ги издаваат трговците кои се лиценцирани од страна на владата.
  • Не допирајте нечија глава, тоа се смета за исклучително навредливо.
  • Никогаш не давајте пари на деца.
  • Избегнувајте да ја користите левата рака.