Рио де Жанеиро

цена од
1.290
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање


Одмор од соништата меѓу кариоките, најпознатите плажи на светот Копакабана и Ипанема во комбинација со звуците на боса нова, самба и фудбал на улиците, возбудлив ноќен живот, капирињи... Cidade de Deus!

Bom dia, Рио де Жанеиро! За сите љубители на вистинскиот хедонизам, опуштање во најпосетениот град на јужната хемисфера. Град кој ќе ве импресионира! Атмосферата која во градот ја прават неговите жители, кариоките, не може да се сретне на ниеден друг меридијан. Инаку, бразилската култура е богат микс на португалски влијанија, локални индијански традиции и примеси на културата од африканските робови кои биле тука носени во периодот на колонијализмот. 

Главните обележја на градот Рио се секако статуата на Христос Спасилтелот и Шеќерната глава. Најубавиот дел од патувањата е гласното wow што ќе го викнеме кога за прв пат ќе видиме нешто фасцинантно, а статуата на Христот Спасителот е дефинитивно едно од тие гласни wow!

Живописната планина Корковадо го надгледува весело и опуштено населението на Рио. На височина од 700 метри се наоѓа познатата статуа до која се пристига низ прашумата Тижука. Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни... Го посетуваме спортскиот бисер на Рио, стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950 година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл.

Го посетуваме боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови.

Шеќерната глава е интересен момент кој не може да се изостави, бидејќи од каде и да сликате, таа се појавува во кадар. Ги истражуваме спектакуларните места кои нудат незаборавни фотографии како Pedra do Telegrafo каде бескрајно сината и зелена боја се сливаат во раскошна вегетација. Копакабана е причината зошто милиони луѓе се заљубуваат во Рио. Околу нас има илјадници хотели, кафулиња, ресторани, песок и море - идеална комбинација за сите ваши сетила. Се рекреираме на плажа со одбојка или фудбал. Фудбалот се игра од утро до мрак на улиците и плажите. Покрај плажата се наоѓа препознатливото шеталиште чиј мозаици во облик на бранови ги изработил бразилскиот архитект Роберто Маркс.

Рио де Жанеиро или како што уште го нарекуваат cidade maravilhosa – волшебниот град е урбана џунгла, опкружен со ридови, дождовни шуми, рајски плажи и океан. Мешавина на вкусна храна, тропско овошје и каипирињас. Звуци на самба, боса нова и бранови. Велат дека барем еднаш во животот треба да го посетите Рио, затоа што магијата што се чуствува низ градот не може да се опише со слики и зборови, а штом еднаш ќе го посетите, градот остава белег во вас и повторно ќе ве повикува назад на повторна средба, помеѓу бранови, златна светлина, каипириња и самба...


Рута
Белград
Париз
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Амстердам
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Бразил, Јужна Америка
Видови патувања
Далечни дестинации
Код на патување
BR2
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 10 ,

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата во Белград на аеродромот "Никола Тесла". Лет од Белград до Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro) со преседнување.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Париз, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Париз

Пристигнување во прочуениот Рио де Жанеиро. Популарен, жив, уникатен, заводлив. Еден негов дел е под заштита на УНЕСКО, другиот дел го красат барови, самба и долги песочни плажи. Рио бил основан од Португалците на 1 Јануари 1502 година и му го дале името “Јануарска река”. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Париз - Рио де Жанеиро, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Денот го користиме за одмор и посета на најпознатите плажи во градот. Уживаме на Копакабана и Ипанема, пиејќи коктели како капириња и ја впиваме бразилската енергија. Претпознатливите брановидни шари на шеталиштата на овие две плажи ги привлекуваат туристите како и продавачите на необични сувенири од цела Јужна Америка. На плажите, исто така има бројни терени за фудбал, одбојка на песок, лежалки, свежи кокоси и морски плодови. На крајот од денот топло препорачуваме прошетка до карпата Арпоадор, домот на уникатни кактуси. Тоа е мал полуостров кој се наоѓа помеѓу Ипанема и Копакабана, кој овозможува незаборавен поглед на сонцето додека заоѓа позади најголемата бразилска фавела Росиња. Секое зајдисонце се поздравува со аплауз, а на пат кон сместувањето се задржуваме во некои од баровите испробувајќи необични комбинации од амазонските овошја како асаија и рум, правејќи планови за наредните денови...

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Факултативен излет во прашумата Тижука, до статуата Исус Спасителот, стадионот Маракана и Самбодром. Прашумата завзема скоро една десетина од територјата на Рио и е позната под името “бели дробови на градот”. Прошетка низ егзотичниот зелен свет. Продолжуваме кон статуата Исус Спасителот на брдото Корковадо и припаѓа на едно од новите седум светски чуда. Подигната е во дваесеттите години во минатиот век. Денес стои со раиширени раце над Гуанабара заливот и ги благословува каиоките (жителите на Рио). Се наоѓа на висина од 710 метри, а погледот кон Рио е неверојатен и живописен. Атракција претставува и спортскиот стадион Маракана кој кариоките го носат како горчлив спомен, кога во 1950 година ја загубија титулата во светското првенство. Денот ќе го разубавиме и со посета на Самбодром. Тоа е местото каде започнал светски познатиот карневал каде ќе можете да се облечете во најоткачените костуми и да заиграте на самба ритамот. Тука се собираат главните школи за самба од целата земја и уживаат шетајќи во богато украсени костими со што назначуваат дека Рио е престолнина на хедонизмот. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет: Шеќерна глава (Pão de Açúcar), Олимпискиот булевар, скалите на Селарон, паркот Леге и гурманскиот рај – Ботафого. Ден за посета на највпечатливите знаменитости на Рио. Посета на другиот крај на Рио и прочуената Шеќерна Глава чие име го симболизира издигнувањето на островот над Гуанабарскиот залив кој е дел од Атланскиот океан. Името го има добиено поради својот облик и е потсетник дека Бразил е најголемиот извозник на шеќер. Од ова место се овозможува прочуениот поглед на областите Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа, следи факултативен разглед на боемскиот кварт Санта Тереза. Улиците и разнобојните згради ќе ви ја претстават вистинската Бразилска есенција, а нема да пропуштиме и прилика да ги посетиме скалите на Хорхе Селарон. Скалите се обоени со плава, жолта и зелена боја, односно истите бои кои што ги носи знамето на Бразил. Местото е врамено со плочки кои Селарон внимателно ги собирал низ целиот свет. Истотака, бројни музички ѕвезди како Snoop Dogg и групата U2 имаат снимено свои спотови тука. Како за крај ќе се запознаеме и со урбаната страна на Рио, односно ќе ги разгледаме големите графити кои не чекаат на Олимпискиот булевар. Некогашните неискористени хангари станале неодамнешен собир на алтернативната страна на Рио во потрага по својот израз. Го отсликуваат олимпискиот дух и заедницата на планети во автохтонски стил. На крајот од денот ќе одмориме и уживаме во зеленилото на паркот Леге. Тука се наоѓа грандиозната вила која датира од почетокот на претходниот век, која била подарок од страна на богат индустриалец на својата жена каде таа би можела да ги одржува своите музички настапи. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Факултативни излети

Денот го користиме за одмор или доколку имате желба може да организираме факултативен излет за посета на карпата Pedra do Telegrapho и да правиме фотографии од кој застанува здив или факултативна посета на прекрасните плажи во Arraial do Cabo.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Факултативни излети

Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис кој се наоѓа во периметарот на Рио и важи за едно од најбогатите и најсигурните места во Бразил. Бил изграден во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој владеел со Бразил 58 години. Голем број на театри, музеи, галерии и палата го красат овој град. Тука се наоѓа и најпознатата бразилска пивара. Овој град е познат по својата мултикултурност со обзир на тоа што овде живеат големи заедници на Германци, Јапонци, Италијанци, Либанци... Во овој град се одржуваат и денови на сеќавање на бројни познати граѓани како писателот Стефан Цвајг или пионерот на авијација Алберт Сантос – Димон. Ќе ги посетиме нивните куќи кои се претворени во музеи. Го посетуваме и Царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање во градот на Кариоките.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

По напуштање на сместувањето ни останува уште малку слободно време за купување сувенири и уживање во сонцето на Рио. Трансфер до аеродром и лет за Белград со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Амстердам, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Појадок × 1

Пристигнување во Белград и крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Амстердам - Белград, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Амстердам
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел во Рио де Жанеиро Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Париз, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Париз - Рио де Жанеиро, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Амстердам, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Амстердам - Белград, во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Храна

7 × Појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Тижука, статуа на Исус Спасителот, Маракана и Самбодромо

Цена: 75,00 EUR

Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни. Најпрво, доколку ни дозволуваат условите, застануваме на видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Потоа продолжуваме кон статуата на Исус Спасителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл. За симболична надокнада можете да ги облечете најоткачените костуми и да заиграте во ритмамот на самба во нив. Овде се собираат главните школи за самба од целата земја и уживаат во шетањето во богато украсените костуми потсетувајќи дека Рио е престолнината на хедонизмот. Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.

Шеќерна глава, Олимписки булевар и Парк Леге

Цена: 80,00 EUR

Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот - кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. За крај на денот, одмораме во зеленилото на паркот Лаге каде се наоѓа грандиозната вила изградена на почетокот на минатиот век, која еден богат индустриец и ја подарил на неговата сопруга како место за одржување на нејзините музички настапи. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за Шеќерната Глава.

Pedra do Telegrafo

Цена: 45,00 EUR

Место кое доживеа планетарна популарност благодарение на фотографиите кои се прават тука! На ова место некогаш постоела опсерваторија која ја користеле поморските сили во текот на Втората светска војна. Денес ова место го посетуваат бројни туристи и уживаат во автентичниот трекинг до видиковецот. Погледот и фотографиите кои ќе ги направите со сигурност ќе Ве остават без здив. Бујното зеленило и магичната вегетација, океанот и плажите го прават овој предел многу живописен. Во зоната Telegrapho не е дозволено движење на туристички автобуси и затоа се користи превоз со комбе. На враќањето ќе свратиме до најшарената продавница Havainas и на освежувачко асаи.

Царскиот град Петрополис

Цена: 40,00 EUR

Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис. Гратче на периферијата на Рио кое важи за најбогато и најбезбедно место во Бразил. Подигнат е во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој со Бразил владеел 58 години. Овој град го красат мноштво театри, музеи, галерии и палати. Дури и најпознатата бразилска пивара се наоѓа во овој град. Градот е познат и по својот мултикултурализам со оглед на тоа што таму живеат големи заедници на германци, јапонци, италијани, либанци... Во овој град се чуваат и спомените на бројните познати граѓани како книжевникот Стефан Цвајг или пионерот на авијацијата Алберт Сантос - Димон и нивните куќи станале вистински музеи. Го посетуваме царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Рио де Жанеиро е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)