Одмор од соништата меѓу кариоките, најпознатите плажи на светот Копакабана и Ипанема во комбинација со звуците на боса нова, самба и фудбал на улиците, возбудлив ноќен живот, капирињи... Cidade de Deus!
Bom dia, Рио де Жанеиро! За сите љубители на вистинскиот хедонизам, опуштање во најпосетениот град на јужната хемисфера. Град кој ќе ве импресионира! Атмосферата која во градот ја прават неговите жители, кариоките, не може да се сретне на ниеден друг меридијан. Инаку, бразилската култура е богат микс на португалски влијанија, локални индијански традиции и примеси на културата од африканските робови кои биле тука носени во периодот на колонијализмот.
Главните обележја на градот Рио се секако статуата на Христос Спасилтелот и Шеќерната глава. Најубавиот дел од патувањата е гласното wow што ќе го викнеме кога за прв пат ќе видиме нешто фасцинантно, а статуата на Христот Спасителот е дефинитивно едно од тие гласни wow!
Живописната планина Корковадо го надгледува весело и опуштено населението на Рио. На височина од 700 метри се наоѓа познатата статуа до која се пристига низ прашумата Тижука. Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни... Го посетуваме спортскиот бисер на Рио, стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950 година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл.
Го посетуваме боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови.
Шеќерната глава е интересен момент кој не може да се изостави, бидејќи од каде и да сликате, таа се појавува во кадар. Ги истражуваме спектакуларните места кои нудат незаборавни фотографии како Pedra do Telegrafo каде бескрајно сината и зелена боја се сливаат во раскошна вегетација. Копакабана е причината зошто милиони луѓе се заљубуваат во Рио. Околу нас има илјадници хотели, кафулиња, ресторани, песок и море - идеална комбинација за сите ваши сетила. Се рекреираме на плажа со одбојка или фудбал. Фудбалот се игра од утро до мрак на улиците и плажите. Покрај плажата се наоѓа препознатливото шеталиште чиј мозаици во облик на бранови ги изработил бразилскиот архитект Роберто Маркс.
Рио де Жанеиро или како што уште го нарекуваат cidade maravilhosa – волшебниот град е урбана џунгла, опкружен со ридови, дождовни шуми, рајски плажи и океан. Мешавина на вкусна храна, тропско овошје и каипирињас. Звуци на самба, боса нова и бранови. Велат дека барем еднаш во животот треба да го посетите Рио, затоа што магијата што се чуствува низ градот не може да се опише со слики и зборови, а штом еднаш ќе го посетите, градот остава белег во вас и повторно ќе ве повикува назад на повторна средба, помеѓу бранови, златна светлина, каипириња и самба...
Напомена организатор на патувањето е Jungle Travel d.o.o. Beograd, Srbija, поаѓањето се реализира од Аеродромот Никола Тесла во Белград, Србија.
Планот и програмата важи за следните поаѓања 31. 12. 2025
Состанок на групата во Белград на аеродромот "Никола Тесла". Лет од Белград во 06:20ч со преседнување во Франкфурт (LH1415). Пристигнување во Франкфурт во 08:30ч. Лет од Франкфурт до Рио де Жанеиро во 22:15ч (LH500).
Напомена: Поаѓањето се реализира од Белград (Jungle Travel d.o.o. Beograd, Srbija)
Превоз
Авио-билет со вклучени сите такси на релација Белград - Рио де Жанеиро со преседнување во економска класа со вклучен 23 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
Место
Белград
Франкфурт
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Пристигнување во прочуениот Рио де Жанеиро во 06:00ч. Популарен, жив, уникатен, заводлив. Еден негов дел е под заштита на УНЕСКО, другиот дел го красат барови, самба и долги песочни плажи. Рио бил основан од Португалците на 1 Јануари 1502 година и му го дале името “Јануарска река”. Трансфер до сместувањето. Слободно време до check-in. Check-in во хотелот е во попладневните часови. Ноќевање.
Доживејте го вистинското локално искуство додека шетате низ тесните улички на една од најомилените фавели во јужната зона на Рио де Жанеиро - Рочиња! После тоа, го продолжуваме нашето патување со посета на една од карневалските фабрики, каде што ќе имаме можност да ѕирнеме зад сцената на најголемата забава на отворено во светот, Карневалот во Рио. Ајде да танцуваме во ритмите на самбата додека го дегустираме познатиот бразилски коктел Кајпириња на ова незаборавно патување. Ноќевање.
Статуата на Христос Спасителот на ридот Корковадо е едно од седумте нови светски чуда. Изградена е во дваесеттите години од минатиот век. Денес, тој стои со раширени раце над заливот Гуанабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата се наоѓа на ридот Корковадо, на височина од 710 метри, од каде што се отвора неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Исто така, застануваме на видиковецот Виста Чинес, зграда изградена во чест на кинеските имигранти кои ja донеле традицијата на одгледувањето чај во Бразил во 19 век. Исто така, одиме на видиковецот Дона Марта, од каде што се отвора панорамски поглед на градот, кој истовремено ја открива Шеќерната Глава, Маракана, Заливот Гуанабара и Корковадо. На крајот од денот, се одмораме во зеленилото на паркот Лаге, каде што има грандиозна вила од почетокот на минатиот век што еден богат индустријалец ѝ ја подарил на својата сопруга за да има место каде што ќе ги одржува своите музички настапи. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Факултативен излет: Шеќерна глава (Pão de Açúcar), Олимпискиот булевар, скалите на Селарон, паркот Леге и гурманскиот рај – Ботафого. Ден за посета на највпечатливите знаменитости на Рио. Посета на другиот крај на Рио и прочуената Шеќерна Глава чие име го симболизира издигнувањето на островот над Гуанабарскиот залив кој е дел од Атланскиот океан. Името го има добиено поради својот облик и е потсетник дека Бразил е најголемиот извозник на шеќер. Од ова место се овозможува прочуениот поглед на областите Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа, следи факултативен разглед на боемскиот кварт Санта Тереза. Улиците и разнобојните згради ќе ви ја претстават вистинската Бразилска есенција, а нема да пропуштиме и прилика да ги посетиме скалите на Хорхе Селарон. Скалите се обоени со плава, жолта и зелена боја, односно истите бои кои што ги носи знамето на Бразил. Местото е врамено со плочки кои Селарон внимателно ги собирал низ целиот свет. Истотака, бројни музички ѕвезди како Snoop Dogg и групата U2 имаат снимено свои спотови тука. Како за крај ќе се запознаеме и со урбаната страна на Рио, односно ќе ги разгледаме големите графити кои не чекаат на Олимпискиот булевар. Некогашните неискористени хангари станале неодамнешен собир на алтернативната страна на Рио во потрага по својот израз. Го отсликуваат олимпискиот дух и заедницата на планети во автохтонски стил. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Уживање и лесно пешачење низ дождовната шума. Место кое доживеа глобална популарност благодарение на фотографиите направени тука! Тука имало поранешен набљудувачки пункт што го користеле бразилските поморски сили за време на Втората светска војна. Денес, многу туристи се собираат на ова место и уживаат во автентичното пешачење до видиковецот. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Пешачењето до карпата Педра Бонита која не води до еден од најубавите врвови во Рио де Жанеиро со прекрасен поглед на градот, брегот и дождовната шума. Патеката Педра Бонита поминува низ дождовната шума Тижука (Национален парк), една од најголемите урбани шуми во светот. Стигнуваме до врвот каде што има неверојатен поглед на западниот брег на Рио и од уникатен агол уживаме во погледот на Педро да Гаве, познатата величествена рамна карпа и најголемиот монолит во близина на океанот на светската „масивна планина“ во Рио. На патот до искачувањето, можеби ќе можете да видите диви животни како тукани, коати и мајмуни. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Се восхитуваме на Рио де Жанеиро од морето, со поинаков поглед на познатата Шеќерена глава и статуата на Христос Спасителот. Уживаме во погледот на прекрасните, топли и тропски води на заливот Гуанабара. Конечно, уживаме во најубавото заоѓање на сонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис кој се наоѓа во периметарот на Рио и важи за едно од најбогатите и најсигурните места во Бразил. Бил изграден во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој владеел со Бразил 58 години. Голем број на театри, музеи, галерии и палата го красат овој град. Тука се наоѓа и најпознатата бразилска пивара. Овој град е познат по својата мултикултурност со обзир на тоа што овде живеат големи заедници на Германци, Јапонци, Италијанци, Либанци... Во овој град се одржуваат и денови на сеќавање на бројни познати граѓани како писателот Стефан Цвајг или пионерот на авијација Алберт Сантос – Димон. Ќе ги посетиме нивните куќи кои се претворени во музеи. Го посетуваме и Царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Откако ќе го напуштиме сместувањето, сè уште имаме малку слободно време за купување сувенири и уживање во сонцето на Рио. Трансфер до аеродромот. Лет од Рио за Франкфурт во 15:25 часот (LH501).
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Авио-билет со вклучени сите такси на релација Рио де Жанеиро - Белград со преседнување во економска класа со вклучен 23 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
Место
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Франкфурт
Пристигнување во Франкфурт во 06:40 часот по локално време. Преседнување на летот за Белград во 11:05 часот (LH1410) .Пристигнување во Белград во попладневните часови. Крај на патувањето.
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 350€ (21.700,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Авио-билет со вклучени сите такси на релација Белград - Рио де Жанеиро со преседнување во економска класа со вклучен 23 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
Трансфер од аеродром до сместувањето
Трансфер од сместување до аеродром
Авио-билет со вклучени сите такси на релација Рио де Жанеиро - Белград со преседнување во економска класа со вклучен 23 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
Храна
10 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Фавела, фабрика за маски и училиште за Самба
Цена:
85,00 EUR
Започнуваме со посета на една од нашите омилени фавели на јужната зона на Рио де Жанеиро! Се движиме по тесни улички, со шарени куќи и се запознаваме со локалниот живот во Рио. После тоа ја продолжуваме нашата авантура со посета на една од карневалските фабрики, каде ќе имаме можност да ѕирнеме зад сцената на најголемата светска забава на отворено, карневалот во Рио. Гледаме како целиот град се спрема за овој настан и како цела фабрика работи со полн-погон. Учиме повеќе за значењето на маските и за процесот на правење на истите, процес кој трае околку 12 месеци. Време е да танцуваме во ритамот на самбата додека го дегустираме познатиот бразилски коктел Кајпириња!! Се надеваме дека сте спремни да научите повеќе за Самба -- посетуваме и училиште каде гледаме како локалците се спремаат за Карнивал и го спремаат перформансот на овој познат танц.
Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге
Цена:
80,00 EUR
Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Доколку временските услови ни дозволат денот ќе го разведриме со погледот од видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Одиме и до видиковецот Дона Марта, од каде имаме панорамски поглед над градот, оттука ги забележуваме Шеќерната глава, стадионот Маракана, заливите Гуанабара и Корковадо. На крајот од денот се одмараме во зеленилото на паркот Лaге, или „Паркот на лагите“, каде што има прекрасна вила од почетокот на минатиот век што еден богат индустријалец и ја подарил на својата сопруга за таа да има простор за одржување на нејзините музички настани. Се шетаме и уживаме во зеленилото на овој парк.
Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.
Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана
Цена:
90,00 EUR
Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот - кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.
Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за жичарница за Шеќерната Глава.
Во цената не е вклучен: ручек, влезница на стадионот - Maracanã
Pedra do Telegrafo
Цена:
55,00 EUR
Место кое доживеа планетарна популарност благодарение на фотографиите кои се прават тука! На ова место некогаш постоела опсерваторија која ја користеле поморските сили во текот на Втората светска војна. Денес ова место го посетуваат бројни туристи и уживаат во автентичниот трекинг до видиковецот. Погледот и фотографиите кои ќе ги направите со сигурност ќе Ве остават без здив. Бујното зеленило и магичната вегетација, океанот и плажите го прават овој предел многу живописен. Во зоната Telegrapho не е дозволено движење на туристички автобуси и затоа се користи превоз со комбе. На враќањето ќе свратиме до најшарената продавница Havainas и на освежувачко асаи.
Педра Бонита
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
55,00 EUR
Пешачењето до карпата Педра Бонита ве води до еден од најубавите врвови во Рио де Жанеиро со прекрасен поглед на градот, брегот и дождовната шума Тижука. Патеката Педра Бонита поминува низ дождовната шума Тижука (Национален парк), една од најголемите урбани шуми во светот. Стигнуваме до врвот од каде што има неверојатен поглед на западниот брег на Рио и од уникатен агол уживаме во погледот на Педро да Гаве, познатата величествена рамна карпа и најголемиот монолит во близина на океанот на светската „маслена планина“. По патот може да видиме некои диви животни и птици како тукани и мајмуни.
Цената на излетот вклучува: организиран превоз според планот и програмата, локален водич и претставник на агенцијата.
Едрење по заливот Гуанабара
Цена:
100,00 EUR
Градот Рио де Жанеиро е наречен „град на чудата“ низ целиот свет, а за време на ова едрење ќе разбереме зошто. На патот, ќе поминеме покрај неколку знаменитости, како што се Корковадо, Шеќерената глава и многу други. Уживаме во прекрасните бои и најубавиот залез на сонцето на оваа страна од светот.
Цената на излетот вклучува: трансфер до пристаништето, едрење со бродот (околу 3 часа), локален водич и претставник на агенцијата, пијалоци (каипириња, пиво, сок, вода).
Градот Петрополис
Цена:
90,00 EUR
Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис. Гратче на периферијата на Рио кое важи за најбогато и најбезбедно место во Бразил. Подигнат е во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој со Бразил владеел 58 години. Овој град го красат мноштво театри, музеи, галерии и палати. Дури и најпознатата бразилска пивара се наоѓа во овој град. Градот е познат и по својот мултикултурализам со оглед на тоа што таму живеат големи заедници на германци, јапонци, италијани, и сл.. Во овој град се чуваат и спомените на бројните познати граѓани како книжевникот Стефан Цвајг или пионерот на авијацијата Алберт Сантос - Димон и нивните куќи биле претворени во вистински музеи. По прошетка во овој град ги посетуваме царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро.
Сместување
Mengo Palace Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Mengo Palace Hotel е модерен хотел со 3* по локална категоризација во Убуд. Хотелот располага со ресторан, спа и фитнес центар. Собите се двокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, телевизор и бесплатен Wi-Fi интернет. Се наоѓа во центарот на Рио, близу до сите најважни точки и ресторани/кафулиња.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)