Кралскиот Мароко

Кралскиот Мароко

цена од
1.299
EUR ,00
сега од
1.149
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Мароко, земја на контрасти: од песочни плажи кои ги заплискува Атлантскиот Океан, преку врвовите на планината Атлас покриени со снег, до пустината Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски династии, така што во оваа земја се говорат и двата јазици. Сместени сме во „Црвениот град“ - Маракеш, престолнина на сите династии. Овој град го основал во 11. век првиот крал Јусуф Ибн Тахфин од династијата Алморавида и околу градот подигнал 12 km долги бедеми со девет капии и изградил модерен систем на подземни канали. 

Внатре меѓу ѕидините се наоѓа Медина или Стариот град, со тесни улички преполни со сукови (пазари) каде можете да пазарите сѐ „од игла до локомотива“. Гужва, мириси, мотоциклисти кои се провлекуваат низ масата, туристи со фотоапарати кои сакаат сето тоа да го забележат, се секојдневна слика за Маракеш. Зачини, марами, кожни ташни, накит, кермаика, за секого по нешто.  


Рута
Скопје
Истанбул
Маракеш
Фес
Шефшауен (Chefchaouen)
Казабланка
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Мароко
Код на патување
MA1
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 9. 11. 2025

Состанок на патниците во утринските часови на Меѓународниот аеродромот во Скопје. Лет од Скопје до Истанбул, преседнување на лет за Маракеш, Мароко. Пристигнување во Мароко и трансфер до нашето сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување.

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Маракеш

Овој ден ја доживуваме заедно магијата на Маракеш! Се потопуваме заедно во ритмичкото чукање на срцето на Маракеш додека го започнуваме денот со истражување на градот кој што не е само обична разгледница, тоа е целосна фиеста со живописни вибрации и неочекувани задоволства. Започнуваме со Мела (еврејскиот кварт), каде ја посетуваме најстарата синагога во градот. Посетуваме и две прекрасни палати -- палатата El Bahia, палатата El Badi и кралските гробници Saadi. Ветуваат моменти кои што ќе Ви направат да останете вчудоневидени и му пркосат во секоја смисла на времето и временската машина. Поминуваме заедно низ историската капија Bab Agnau каде минатото се среќава со сегашноста. Ја посетуваме и прекрасната џамија Кутубија, засолниште на спокојство среде раздвижениот град. Крешендото нѐ очекува во Jemaa el-Fna, сензорна експлозија на пазарен хаос, музика, шармери со змии и мајмуни, а во позадина на сето тоа се појавуваат величенствените планини Атлас. Одмараме со традиционални чаеви со нане и берберски специјалитети, уживаме во секој вкус посебно како дел од оваа авантура. Танцуваме во ритамот на Маракеш. По нашата авантура се враќаме во нашето сместување. 

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок се упатуваме кон најголемите водопади во северна Африка (110м). Попатно посетуваме и традиционални марокански села. Се потпуваме во автентичниот ритам на берберската традиција талкајќи низ раздвижените пазари исполнети со примамливи ароми на егзотични зачини и волшебна мелодија на детската смеа. Посетуваме и прекрасни градини со маслинки се додека не пристигниме до прекрасните водопади Узуд (Ouzoud). Опколени со живописна природа се разладуваме во нивните води... Во околната џунгла имаме и прилика да се дружиме со итрите мајмуни кои ги нарекуваат водопадите нивниот дом. Се враќаме кон Маракеш. Излегуваме и имаме можност да го гледаме ноќниот спектакл на плоштадот Јemaa el-fna - жонглирање со огнени топки, акробатици,....Ноќевање.

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашето сместување во Маракеш и се упатуваме кон престолнината на Мароко -- Рабат. Ја живееме мароканската историја низ средновековните градби, кралски палати и андалузиска архитектура. Се движиме низ сплет на арапска и европска култура и архитектура. Ги посетуваме најважните одбележја на градот како мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот е неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Нашата авантура ја завршуваме во средновековниот дел на градот. Од таму одиме кон Фес, каде правиме check-in во нашето сместување и имаме слободно време да седнеме во некое локално кафанче за вечера. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Маракеш до Фес

Сместување

Ibis Fes 1 ноќ

Место

  • Маракеш
  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок започнуваме со истражување на вечниот Фес, еден од четирите кралски градови кој го посетуваме во Мароко. Имаме можност да ја посетиме медината -- најголемата пешачка зона во Фес, ја посетуваме и златната порта, најстариот универзитет во светот и некои од најпознатите кожарници во Мороко, каде што го гледаме традиционалниот начин на обработка на кожа од стари марокански занаетчии. По нашата авантура се враќаме во Казабланка. Вечерта имаме слободно време за да прошетаме во овој прекрасен град и да седнеме на вечера во некои од локалните ресторани.

Сместување

Ibis Fes 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок правиме check-out од нашето сместување во Фес, нашата авантура ја продолжуваме кон Медитеранот кон синиот град Шефшауен (Chefchaouen). Правиме check-in во нашето сместување и имаме слободно време да го истражиме прочуениот плав град. Седнуваме во некое локално кафуле и пиеме чај, го пробуваме највкусниот кус-кус на #целсвет и потоа имаме слободно време да шетнеме по најфотогеничниот град во Мароко. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од Фес до Шефшауен

Сместување

Хотел со 3/4* во Шефшауен 1 ноќ

Место

  • Фес
  • Шефшауен (Chefchaouen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок време е детално да го истражиме градот Шефшауен (Chefchaouen), прочуениот син град на Мароко кој се наоѓа на планината Риф. Октриваме зошто градот е обоен син, шетаме по тесните улички на овој визуелно нереален град и правиме неверојатни фотографии. Дали знаевте дека Шефшауен е познат по неговите рачно изработени ракотворби. Имаме слободно време детално да ја истражиме неговата Медина и да купиме по некоја рачна изработка. 

Сместување

Хотел со 3/4* во Шефшауен 1 ноќ

Место

  • Шефшауен (Chefchaouen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок имаме слободно време во синиот град -- Шефшауен. Потоа имаме трансфер до Казабланка (Casablanca). Правиме check-in во нашето сместување и имаме слободно време да вечераме во некој од локалните ресторани. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од Шефшауен до Казабланка

Сместување

Relax Hotel Casa Voyageurs 1 ноќ

Место

  • Казабланка

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок започнуваме со истражување на градот Казабланка (Casablanca) -- град кој станува познат по истоимениот филм со Хамфри Богарт. Ја посетуваме џамијата на Хасан II -- најголемата џамија во Африка и една од најпрепознатливите на #целсвет! Продолжуваме кон познатото кафуле -- Rick's café (каде е сниман филмот во 1942 год.). Ја посетуваме и медината - најстариот дел на градот, се движиме по стари арапски улици и пазари. Се сместуваме во нашиот хотел. Вечерта имаме слободно време да го истражиме градот. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Маракеш до Казабланка
  • Трансфер од Казабланка до Рабат

Сместување

Relax Hotel Casa Voyageurs 1 ноќ

Место

  • Казабланка

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, правиме check-out од нашето сместување, имаме слободно време во Казабланка. Околку пладне имаме трансфер до аеродромот во Казабланка. Лет од Мароко за Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Казабланка - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Казабланка
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучивово денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 15 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Ayoub & Spa Пример 3 ноќи
Ibis Fes Пример 2 ноќи
Хотел со 3/4 во Шефшауен Пример 2 ноќи
Relax Hotel Casa Voyageurs Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од Маракеш до Фес
  • Трансфер од Фес до Шефшауен
  • Трансфер од Шефшауен до Казабланка
  • Трансфер од Маракеш до Казабланка
  • Трансфер од Казабланка до Рабат
  • Трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Казабланка - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Водопадите Ouzoud

Водопадите Ouzoud
Цена: 50,00 EUR

Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според програмата
  • влез за локалитет
  • возење со чамец

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Rabat City Tour

Rabat City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го истражуваме Рабат, главниот град на Мароко. Модерен главен град со крал, кој избрал да ја основа владата токму овде кога земјата станала независна во 1956 година. Во Рабат има посебен дел од градот, опкружен со sидови, кој ја формираат Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот е неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Авантурата ја продолжуваме кон средновековниот град кој се наоѓа во срцето на Рабат - Челах. Урнатините на Челах се потпираат на римски град наречен Сала. На местото ќе видиме остатоци од римски мермерни столбови и статуи, често со латински натписи, како и остатоци од камени аквадукти кои функционирале со векови.

Fes City Tour

Fes City Tour
Цена: 50,00 EUR

Двајца владетели со исто име, освојувајќи ги огромните ширини на најзападните области на тогаш познатиот свет под зеленото знаме на исламот, ја подигнале првата мароканска престолнина на крајот на осмиот век. Идрис Први ја изградил Медината Фeс, a неговиот син Идрис Втори ја изградил населбата Ал Али. Градот Фес е создаден со спојување на овие населени места. Најдолго се сметал за главен град на Мароко. Речиси сите династии што владееле со огромни територии во северна Африка се бореле околу него затоа што тој бил на важен трговски пат. Денес, Фес е важен туристички, културен, историски и религиозен центар кој љубоморно ја чува турбулентната историја на Магреб, односно најзападното кралство на Исламот. Ја вклучуваме временската машина и се упатуваме кон стариот град.

Временската машина е побавна од вообичаеното затоа што трговците, магарињата, продавачите на кактуси и скутерите ни го попречуваат патот кон медината. Се пробиваме полека низ гужвата и правливите ходници на историјата.

Првата дестинација е Дар ал Макзен, резиденцијата на владетелите на династијата Алавита, од која потекнува сегашниот крал Мухамед VI. Недалеку од палатата, постои антички еврејски кварт наречен Мела. Оваа населба била изградена од неколку еврејски генерации. Темелите ги поставиле еврејските трговци уште на самиот почеток на историјата на градот. Надградбата ја продолжиле Евреите, кои бегајќи од шпанското освојување, пронашле прибежиште кај своите сонародници и пријателски настроените муслимани.

Мела, како да ни кажува што не чека во медината. Невообичаено тесни улички, дотраени фасади насликани во светло сина боја, деца со полу- искината топка и дресови на Кристијан Роналдо и Меси, сувенири и занаетчии... Се разбира, ова е само мала увертира за оваа античка населба, затоа што медината е скоро невозможно да се опише со зборови. По прошетката низ Мела и посетата на античката синагога која денес служи како музеј, се упатуваме кон медината. Толпата се зголемува, температурата се покачува онака како што и очекувавме. Пред нас е конечно Bab Bou Jeloud, односно Сината порта, која е главниот влез во медината. Sидовите околу медината биле изградени од владетели од династијата Алморавид кои владееле во XI век. Сепак, оваа порта е малку помодерна од другите порти во градот. Најзаслужен за нејзината изградба е францускиот генерал Ибер Лиот, командантот на Мароко од почетокот на XX век, кога Мароко бил под францускиот протекторат. Поминуваме низ портата и влегуваме во земјата на чудата. Целата медина останала непроменета од нејзиното создавање. Речиси е невозможно да се остане рамнодушен во овој лавиринт од тесни улици. Илјадници луѓе секој момент поминуваат низ уличките и стотици трговци, секој со посебна приказна, се обидуваат да ни го привлечат вниманието.

Ја посетуваме медресата на Каравија. Медресата е исламска верзија на универзитетите каде што се изучувале Куранот и другите религиозни текстови. Она што ја прави оваа медреса посебна е тоа што е постара од сите европски универзитети. Изградена е во средината на XI век и се смета за најстара во светот! Изградена е од страна на Фатима Ал Фихри, која била ќерка на богат трговец од денешен Тунис. Има и библиотека во која се зачувани над 4.000 ракописи од создавањето на оваа медреса и џамија со истото име.

Продолжуваме со прошетка низ суковите и тесните премини и се движиме кон античкиот мавзолеј каде се чуваат телата на основачите на Фес, Идрис Први и Идрис Втори. Навлегуваме подлабоко во медината и доаѓаме до една од најпознатите туристички атракции на Фес. Овде се работилниците во кои се штави кожа и ќе побараме од некој од локалните жители да не одведе на терасите за да го видиме процесот што не е сменет со векови. Непријатната миризба која се создава ќе ја ублажиме мирисајќи ливче од нане кое ќе ни го дадат локалците. Доколку некој сака може да си купи производ изработен од кожа, која многумина ја сметаат за најквалитетна во светот. Нашата авантура полека завршува, а на враќањето ќе посетиме продавница со производи од арган, плоштадот Сефарин на кој и денес се продаваат автентични метални производи, а недалеку од плоштадот се наоѓа и Музејот за дрвени ракотворби Нежарин. Во моментот кога ќе ја видиме Зелената порта е и крајот на нашата денешна авантура. Всушност ова е Сината порта од каде ја започнавме обиколката околу градот. Од внатрешната страна на медината Сината порта е зелена. Нека ова место биде како главна ориентациона точка за авантуристите кои би сакале да шетаат и истражуваат самостојно, за време на нашиот престој во овој град од „Илјада и една ноќ“. 

Не можете да бидете вистински жител на градот Фес, доколку не се изгубите барем еднаш! Бидете внимателни затоа што итрите жители на Медина и од тоа имаат направено бизнис. Ако се изгубите, ќе треба да платите за да ве извадат од медината. Доколку се најдете во ваква ситуација не паничете затоа што тоа е само игра за нив. По кратко ценкање околу цената, локалното население ќе ве однесе на вистинскиот пат. Излетот ќе започне во раните утрински часови, а ќе заврши во доцните попладневни часови. 

Во цената е вклучено: организиран превоз според планот и програмата. 

Casablanca City Tour

Casablanca City Tour

****ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ****

Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме убавините, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата и џамијата на Хасан Втори се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Се запознаваме со една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Продолжуваме со познатиот Риков кафе - ресторан, бар и кафуле отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на старата Медина во Казабланка. Исполнет е со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години. 

Сместување

Hotel Ayoub & Spa

Hotel Ayoub & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ayoub & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Маракеш, Мороко. Хотелот располага со базен, џакузи, ресторан, бар, фитнес и спа центар и летна тераса. Сите соби се пространи (25m2) и располагаат сo сопствено купатило, минибар, фен за коса, телевизор со сателитски канали и сеф. 

Вебсајт https://www.hotel-ayoub-marrakech.com/

Адреса Rue Ibn Qodama
Marrakech 40000
Morocco

Ibis Fes

Ibis Fes
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Ibis Fes е хотел со 3* (по локална категоризација) во Фес, Мароко. Хотелот се наоѓа на одлична локација во Фес, веднаш до паркот Mechouar и на само 15 минитуи пешки од центар на Фес. Хотелот располага со надворешен базен, сопствена градина, бар и ресторан. Се сместуваме во дво-креветни соби со фен, поглед кон базенот, телевизор со сателитски канали и клима уред. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://all.accor.com/hotel/2033/index.en.shtml?utm_campaign=seo+maps&utm_medium=seo+maps&utm_source=google+Maps

Адреса Avenue Des Almohades
Place De La Gare
Fes 30000
Morocco

Хотел со 3/4* во Шефшауен /

Хотел со 3/4* во Шефшауен
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел со 3 или 4* (по локална категоризација) во синиот град -- Шефшауен во Мароко. Хотелот располага со двокреветни соби и се наоѓа на одлична локација во градот.

Хотелот ќе биде потврден најдоцна 3 недели пред патување

Relax Hotel Casa Voyageurs

Relax Hotel Casa Voyageurs
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Relax Hotel Casa Voyageurs e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Казабланка, Мороко. Сите соби располагаат со сопствено купатило, електричен kettle, минибар, сеф, телевизор со сателитски канали и клима уред. 
Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт https://acollectionhotels.com/en

Адреса Bd Ibn Tachfine
Casablanca 20250
Morocco

Останати поаѓања за Мароко

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Aranžman je pravljen na bazi letova low cost kompanija, stoga je cena aranžmana podložna promenama u skladu sa promenom cene avio karte. Cena je garantovana nakon uplate avansa i izdavanja avio karata.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.