Андалузија и Мароко

Андалузија и Мароко

цена од
1.399
EUR ,00
сега од
1.249
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Не очекува медитеранска авантура во Европа и Африка. Започнуваме од Андалузија - Срцето на Шпанија, колевката на фламенкото, маварска архитектура, регион на насмеани локалци кои танцуваат на улица од утро до зори. Сончев брег, песочни плажи, капење во Средоземно море, шетање низ најважните културни центри на овој неверојатен регион. Го посетуваме родното место на уметничкиот великан Пабло Пикасо во Малага и се шетаме низ камените улици на овој необичен град. Ќе ја истражиме и Севиља, престолнината на Андалузија, раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Нејзината грандиозна архитектура и живописни историски локалитети зборуваат за богатата историја и култура на Шпанија и Андалузија. Неслучајно во Севиља, Магелан ги добил бродовите за својот пат околу #ЦелСвет! 

Оттука се упатуваме во земјата на контрасти, Мароко.

Од песочни плажи кои ги заплискува Атлантскиот Океан, преку врвовите на планината Атлас покриени со снег, до пустината Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски династии, така што во оваа земја се говорат и двата јазици. Почнуваме со Рабат, главниот град на Мароко и една од четирите престолнини (покрај Маракеш, Фес и Мекнес). Во него е сместен посебен дел од градот, опкружен со sидови, што ја формира Кралската палата заедно со нејзината администрација. Не може да патуваме во Мароко а да не ја посетиме Казабланка. Градот е основан од страна на португалците во 1755 година, а не од страна на шпанците, како што многумина би помислиле. Денес Казабланка е најголем град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. За разлика од другите поголеми градови, како што се Маракеш и Фес, нема голема чаршија, туку во градот доминираат квартови во француски стил, наследство од колонијаниот период. Продолжуваме кон можеби и најпознатиот град во Мароко, Маракеш. Се губиме во обоените пазари, огромните кралски палати и ориенталната архитектура. Стотиците продавачи на рачно изработени предмети гласно се објаснуваат со нивните муштерии во чаршиите на градот. За крај ни останува градот Фес, последниот империски град во Мароко. Како најстар град во Мароко, бил и првата кралска престолнина каде што се наоѓа една од најстарите универзитетски школи во светот. Стариот дел на градот, Фез ел Бали, е лавиринт од тесни улички, пазарчиња и традиционални мајсторски работилници. Не очекува Jungle авантура во еден од најуникатните простори на медитеранот. Песокот од обувките што ги носите ќе исчезне брзо, но вкусот и доживувањата на Мароко (Morocco) е незаборавно. Вистинско уживање за сите сетила, нешто што долго ќе го паметите.


Рута
Скопје
Истанбул
Малага
Фес
Рабат
Казабланка
Маракеш
Фес
Маракеш
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Европа, Мароко, Шпанија
Код на патување
MA13
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 11. 10. 202513. 11. 2025

Собирање на патниците на Меѓународниот аеродромот во Скопје. Лет од Скопје до Малага, со преседнување во Истанбул. Започнуваме со нашата медитеранска авантура!! Трансфер од аеродром до нашето сместување. Имаме слободен ден да ја истражиме неверојатната Малага, се шетаме по камените улици, го пробуваме најубавиот сладолед и ги јадеме највкусните морски плодови во Андалузија. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел со 3/4* во Малага 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Малага

По појадокот не чека авантура во најбогатиот град на Андалузија и нејзината престолнина - Севиља. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци. Се одмораме покрај реката Гвадалкивир. Вечерта се враќаме во Малага. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3/4* во Малага 1 ноќ

Место

  • Малага

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, тргнуваме повторно во прошетка на медитеранскиот бисер, Малага. Се движиме низ плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета. Вечерта се упатуваме кон аердромот од каде продолжува нашата медитеранска авантура во Мароко! Пристигнуваме во градот Фес и се упатуваме кон нашето сместување во Рабат. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Фес (RyanAir), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Malak Hotel Rabat 1 ноќ

Место

  • Малага
  • Фес
  • Рабат

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Двајца владетели со исто име, освојувајќи ги огромните ширини на најзападните области на тогаш познатиот свет под зеленото знаме на исламот, ја подигнале првата мароканска престолнина на крајот на осмиот век. Идрис Први ја изградил Медината Фeс, a неговиот син Идрис Втори ја изградил населбата Ал Али. Градот Фес е создаден со спојување на овие населени места. Најдолго се сметал за главен град на Мароко. Речиси сите династии што владееле со огромни територии во северна Африка се бореле околу него затоа што тој бил на важен трговски пат. Денес, Фес е важен туристички, културен, историски и религиозен центар кој љубоморно ја чува турбулентната историја на Магреб, односно најзападното кралство на Исламот. Ја вклучуваме временската машина и се упатуваме кон стариот град. Ја истражуваме сета историја што ни ја нуди овој град музеј. Вечерта се враќаме во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Malak Hotel Rabat 1 ноќ

Место

  • Рабат

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме во престолнината на Мароко, Рабат. Појадуваме и нашата медитеранска авантура продолжува во овој посебен град. Ја живееме мароканската историја низ средновековните градби, кралски палати и андалузиска архитектура. Се движиме низ сплет на арапска и европска култура и архитектура. Ги посетуваме најважните одбележја на градот како мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот е неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Нашата авантура ја завршуваме во средновековниот дел на градот. Од таму одиме кон сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Malak Hotel Rabat 1 ноќ

Место

  • Рабат

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето по појадокот. Не очекува авантура во еден од најпознатите градови во светот. Тој е познат по истоимениот култен филм, Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме нејзините убавини, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата и џамијата на Хасан Втори која се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Се запознаваме со една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Продолжуваме со познатиот Риков кафе - ресторан, бар и кафуле отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на стариот градски центар во Казабланка. Ресторанот е исполнет со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години. Тука ја завршуваме нашата авантура во Казабланка и имаме трансфер кон нашето сместување во Маракеш. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од Фес до Маракеш

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Рабат
  • Казабланка
  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме во единствениот Маракеш. Започнуваме наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде, секој со својата работа. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад. Ја завршуваме оваа наша авантура со автентично мароканско кафе и правиме трансфер кон нашата следна дестинација, Фес, каде што се сместуваме. Ноќевање.  

Превоз

  • Локален трансфер од Маракеш до Фес

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш
  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок се упатуваме кон најголемите водопади во северна Африка (110м). Попатно посетуваме и традиционални марокански села. Се потпуваме во автентичниот ритам на берберската традиција талкајќи низ раздвижените пазари исполнети со примамливи ароми на егзотични зачини и волшебна мелодија на детската смеа. Посетуваме и прекрасни градини со маслинки се додека не пристигниме до прекрасните водопади Узуд (Ouzoud). Опколени со живописна природа се разладуваме во нивните води... Во околната џунгла имаме и прилика да се дружиме со итрите мајмуни кои ги нарекуваат водопадите нивниот дом. Се враќаме кон Маракеш. Излегуваме и имаме можност да го гледаме ноќниот спектакл на плоштадот Јemaa el-fna - жонглирање со огнени топки, акробатици... Ноќевање.

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот го напуштаме сместувањето. Го користиме слободното време да истражиме уште некое скришно кафуле, да купиме по некој сувенир или пак да се прошетаме по старите улици на овој неверојатен град. Во попладневните часови се упатуваме кон аеродромот и имаме лет за Скопје, со преседнување во Истанбул.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Фес - Малага, во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Маракеш
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Инстанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

Хотел со 3/4 во Малага Пример 2 ноќи
Malak Hotel Rabat Пример 3 ноќи
Hotel Ayoub & Spa Пример 3 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Фес (RyanAir), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален трансфер од Фес до Маракеш
  • Локален трансфер од Маракеш до Фес
  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Фес - Малага, во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Инстанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Seville City Tour

Seville City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Севиља е раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Легендата вели дека градот го основал грчкиот херој Херакле. Ја посетуваме најголемата готска катедрала на светот, златната кула, плоштадот Шпанија, археолошкиот музеј, музејот на современа уметност и манастирот Картуха. Plaza de Torros de la Maestranza - арена за борби со бикови која можете да ја посетите со локален, специјализиран водич. Севиља била најголем град во Шпанија во 16-тиот и 17-тиот век. Градот е сместен длабоко во копното, но само 6 метри над нивото на морето. Севиља долго време била важно морско пристаниште, бидејќи со морето е поврзана преку реката Гвадалкивир. Во Севиља, Магелан ги добил бродовите за својот пат околу светот. Импресивната нова железничка станица Santa Husta (каде ултрабрзите АВЕ возови ја поврзуваат Севиља со престолнината) или убавиот голем аеродром, се првите нешта кои ќе ги здогледате кога ќе пристигнете во Севиља. За време на посетата имајте во предвид дека во Севиља луѓето не стануваат од маса и по два-три часа од кога ќе завршат со јадење, а плаќање на сметките од вас може да бара дополнително трпение кон ноншалантните келнери, кои како да не се загрижени за наплата и профит. Но, ништо не е чудно во градот на убавината!

 

Важна напомена: Цената на излетот ќе биде потвредна најдоцна 60 дена пред патување.

Malaga City Tour

Malaga City Tour

Ако може да постои место кое ги вкрстува сите карактеристики на медитеранот тоа е дефинитивно градот Малага. Не е никаква случајност што еден најголемите светски уметници Пабло Пикасо е роден токму на ова место.  Ќе имаме можност да ја посетиме неговата родна куќа Fundacion Picaso како и музејот посветен на неговите уметнички дела. Се шетаме низ стариот град почнувајќи од плоштадот Plaza de la Constitucion. Продолжуваме по пешачката зона, Calle Marques de Larios, не пречекуваат кафулиња сместени во сенките на улицата и продавници за мода и сувенири, секако дека ќе си земеме нешто за спомен. Следна точка ни е катедралата Catedral de Malaga која со нејзината величина и ренесансна архитектура ќе не остави да истражуваме уште по некој ходник во самиот објект. Од ренесансата се движиме кон римската историја. Следен е римскиот амфитеатар Teatro Romano каде што генерации на римјани го поминувале своето слободно време нававајќи за време на епските гладијаторски борби.  Продолжуваме кон плоштадот  Placa de la Merced кој е воедно и најголемиот и најстариот плоштад во Малага. Историјата ни кажува дека овој плоштад постоел дури кога римјаните сеуште владееле со овие простори. Не може да сме во Малага а да не го посетиме и рингот Plaza de toros de La Malagueta. Во овој ринг веќе 150 години се оддржуваат традиционалните борби со бикови. Ќе имаме можност да се прошетаме низ овој типично Шпански простор познат низ #ЦелСвет. За крај се упатуваме кон видиковецот Mirador de Gibralfaro од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета. Ја впиваме магијата на Андалусија, се соживуваме со начинот на живот на локалците и пиеме по некој освежителен коктел. 

 

Важна напомена: Цената на излетот ќе биде потврдена најдоцна 60 денови пред поаѓање

Fes City Tour

Fes City Tour
Цена: 50,00 EUR

Двајца владетели со исто име, освојувајќи ги огромните ширини на најзападните области на тогаш познатиот свет под зеленото знаме на исламот, ја подигнале првата мароканска престолнина на крајот на осмиот век. Идрис Први ја изградил Медината Фeс, a неговиот син Идрис Втори ја изградил населбата Ал Али. Градот Фес е создаден со спојување на овие населени места. Најдолго се сметал за главен град на Мароко. Речиси сите династии што владееле со огромни територии во северна Африка се бореле околу него затоа што тој бил на важен трговски пат. Денес, Фес е важен туристички, културен, историски и религиозен центар кој љубоморно ја чува турбулентната историја на Магреб, односно најзападното кралство на Исламот. Ја вклучуваме временската машина и се упатуваме кон стариот град.

Временската машина е побавна од вообичаеното затоа што трговците, магарињата, продавачите на кактуси и скутерите ни го попречуваат патот кон медината. Се пробиваме полека низ гужвата и правливите ходници на историјата.

Првата дестинација е Дар ал Макзен, резиденцијата на владетелите на династијата Алавита, од која потекнува сегашниот крал Мухамед VI. Недалеку од палатата, постои антички еврејски кварт наречен Мела. Оваа населба била изградена од неколку еврејски генерации. Темелите ги поставиле еврејските трговци уште на самиот почеток на историјата на градот. Надградбата ја продолжиле Евреите, кои бегајќи од шпанското освојување, пронашле прибежиште кај своите сонародници и пријателски настроените муслимани.

Мела, како да ни кажува што не чека во медината. Невообичаено тесни улички, дотраени фасади насликани во светло сина боја, деца со полу- искината топка и дресови на Кристијан Роналдо и Меси, сувенири и занаетчии... Се разбира, ова е само мала увертира за оваа античка населба, затоа што медината е скоро невозможно да се опише со зборови. По прошетката низ Мела и посетата на античката синагога која денес служи како музеј, се упатуваме кон медината. Толпата се зголемува, температурата се покачува онака како што и очекувавме. Пред нас е конечно Bab Bou Jeloud, односно Сината порта, која е главниот влез во медината. Sидовите околу медината биле изградени од владетели од династијата Алморавид кои владееле во XI век. Сепак, оваа порта е малку помодерна од другите порти во градот. Најзаслужен за нејзината изградба е францускиот генерал Ибер Лиот, командантот на Мароко од почетокот на XX век, кога Мароко бил под францускиот протекторат. Поминуваме низ портата и влегуваме во земјата на чудата. Целата медина останала непроменета од нејзиното создавање. Речиси е невозможно да се остане рамнодушен во овој лавиринт од тесни улици. Илјадници луѓе секој момент поминуваат низ уличките и стотици трговци, секој со посебна приказна, се обидуваат да ни го привлечат вниманието.

Ја посетуваме медресата на Каравија. Медресата е исламска верзија на универзитетите каде што се изучувале Куранот и другите религиозни текстови. Она што ја прави оваа медреса посебна е тоа што е постара од сите европски универзитети. Изградена е во средината на XI век и се смета за најстара во светот! Изградена е од страна на Фатима Ал Фихри, која била ќерка на богат трговец од денешен Тунис. Има и библиотека во која се зачувани над 4.000 ракописи од создавањето на оваа медреса и џамија со истото име.

Продолжуваме со прошетка низ суковите и тесните премини и се движиме кон античкиот мавзолеј каде се чуваат телата на основачите на Фес, Идрис Први и Идрис Втори. Навлегуваме подлабоко во медината и доаѓаме до една од најпознатите туристички атракции на Фес. Овде се работилниците во кои се штави кожа и ќе побараме од некој од локалните жители да не одведе на терасите за да го видиме процесот што не е сменет со векови. Непријатната миризба која се создава ќе ја ублажиме мирисајќи ливче од нане кое ќе ни го дадат локалците. Доколку некој сака може да си купи производ изработен од кожа, која многумина ја сметаат за најквалитетна во светот. Нашата авантура полека завршува, а на враќањето ќе посетиме продавница со производи од арган, плоштадот Сефарин на кој и денес се продаваат автентични метални производи, а недалеку од плоштадот се наоѓа и Музејот за дрвени ракотворби Нежарин. Во моментот кога ќе ја видиме Зелената порта е и крајот на нашата денешна авантура. Всушност ова е Сината порта од каде ја започнавме обиколката околу градот. Од внатрешната страна на медината Сината порта е зелена. Нека ова место биде како главна ориентациона точка за авантуристите кои би сакале да шетаат и истражуваат самостојно, за време на нашиот престој во овој град од „Илјада и една ноќ“. 

Не можете да бидете вистински жител на градот Фес, доколку не се изгубите барем еднаш! Бидете внимателни затоа што итрите жители на Медина и од тоа имаат направено бизнис. Ако се изгубите, ќе треба да платите за да ве извадат од медината. Доколку се најдете во ваква ситуација не паничете затоа што тоа е само игра за нив. По кратко ценкање околу цената, локалното население ќе ве однесе на вистинскиот пат. Излетот ќе започне во раните утрински часови, а ќе заврши во доцните попладневни часови. 

Во цената е вклучено: организиран превоз според планот и програмата. 

Rabat City Tour

Rabat City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го истражуваме Рабат, главниот град на Мароко. Модерен главен град со крал, кој избрал да ја основа владата токму овде кога земјата станала независна во 1956 година. Во Рабат има посебен дел од градот, опкружен со sидови, кој ја формираат Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот е неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Авантурата ја продолжуваме кон средновековниот град кој се наоѓа во срцето на Рабат - Челах. Урнатините на Челах се потпираат на римски град наречен Сала. На местото ќе видиме остатоци од римски мермерни столбови и статуи, често со латински натписи, како и остатоци од камени аквадукти кои функционирале со векови.

Casablanca City Tour

Casablanca City Tour

****ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ****

Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме убавините, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата и џамијата на Хасан Втори се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Се запознаваме со една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Продолжуваме со познатиот Риков кафе - ресторан, бар и кафуле отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на старата Медина во Казабланка. Исполнет е со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години. 

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Водопадите Ouzoud

Водопадите Ouzoud
Цена: 50,00 EUR

Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според програмата
  • влез за локалитет
  • возење со чамец

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Сместување

Хотел со 3/4* во Малага /

Хотел со 3/4* во Малага
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел 3*/4* (по локална категоризација) на одлична локација во Малага, Шпанија. Сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Точното име на хотелот ќе биде потврдено најдоцна 4 недели пред поаѓање.

Malak Hotel Rabat

Malak Hotel Rabat
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Malak Hotel Rabat е сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Рабат, Мароко. Хотелот се наоѓа на одлична локација во строгиот центар на градот, на само 5 минути пешки до медината на градот-- најживото место во градот. Хотелот располага со двокреветни соби и сопствен ресторан, каде се служи појадок. Сите соби располагаат со сопствено купатило, телевизор, клима уред и бесплатен WIFI. 
Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://malakhotel.com/

Адреса 23
Rue Chellah - Place Mellilia
Av. Moulay Hassan
Rabat
Morocco

Hotel Ayoub & Spa

Hotel Ayoub & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ayoub & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Маракеш, Мороко. Хотелот располага со базен, џакузи, ресторан, бар, фитнес и спа центар и летна тераса. Сите соби се пространи (25m2) и располагаат сo сопствено купатило, минибар, фен за коса, телевизор со сателитски канали и сеф. 

Вебсајт https://www.hotel-ayoub-marrakech.com/

Адреса Rue Ibn Qodama
Marrakech 40000
Morocco

Останати поаѓања за Африка

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.