Куба - Хавана, Тринидад и Варадеро

цена од
1.899
EUR ,00
сега од
1.649
EUR ,00
траење
15 дена
Пријави се Барање
Барање

Нашата најавтентична програма за Куба, патуваме во најегзотичните краеви, се запознаваме со локалниот живот и храна, и ги посетуваме најубавите плажи на овој карипски рај!

Нашата авантура ја започнуваме во Хавана, се сместуваме во casa particulares, каде учиме шпански и дознаваме повеќе за историјата на Куба од нашите гостопримливи домаќини. Се запознаваме со секое ќоше, улица и плоштад на овој колониален град, додека звуците на салса ја прават нашата авантура уште подраматична и весела! Нé очекува возење со стари автомобили од '70тите, ветар во коса и поздравување со насмеаните локалци. Патот не носи и до живописната долина Вињалес, учиме како се обработува тутунот и како се подготвуваат светски познатите кубански пури. 

Нашата авантура ја продолжуваме кон најшармантниот град на Куба -- Тринидад. Многу филмски град со автентични куќи и камени улици во колонијален стил. Танцување на улица и посета на Casa de la Musica и Casa de la Trova! Најстарите и најпознатите барови на Куба. Јавање коњи, прошетка во националниот парк, бањање на водопадите, локалните селца и Карипското море... Лежерни денови исполнети со уживање на најубавата плажа во јужниот дел на островот - Playa Ancon. Од Тринидад посетуваме два града од светско наследство Cienfuegos и Santa Clara, градот каде завршила кубанската револуција и се наоѓа спомен куќата на Че Гевара (Che Guevara).

Нашата приказна ја завршуваме во Варадеро. Се сместуваме во хотел со 4* на база All-inclusive. Нашите денови се исполнети со масажи, коктели, музика, насмевки, сонце и најубавата плажа на #целсвет (според Tripadvisor)!! 

Доколку сакате да ја доживеете кубанската приказна најавтентично, тогаш оваа програма е правиот избор за вас!


Рута
Скопје
Истанбул
Хавана
Тринидад
Варадеро
Хавана
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Guesthouse, Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Дестинации
Кариби и Централна Америка, Куба
Код на патување
CU31
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 26. 5. 2024

Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Лет за Хавана во 20:50 часот (ТК183), со преседнување во Истанбул. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнување во Хавана. Трансфер од аеродром до сместувањето. Првиот ден на Куба се одмараме и се запознаваме со магијата на Карибите. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Хавана

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Факултативен излет – разгледување на куќата во која живеел Ернест Хемингвеј. На овој излет ќе добиете потполна слика за целокупниот живот на славниот писател, ќе дознаете зошто одлучил голем дел од својот живот да го помине во околината на Хавана, ќе видите негови лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична смрт. По прошетката одиме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море, лежиме под палмите на белиот песок и слушаме како свират локалните музичари. Враќање на Хавана.

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Ден за вистинско уживање во духот на оваа магична земја! Уживаме со коктели во рака на најубавите Карипски плажи!

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Авантура во рурална Куба! Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата страна. Враќање во Хавана во вечерните часови.

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во Хавана и трансфер до Сиенфуегос (Sienfuеgos), град изграден во француски стил. Го разгледуваме градот, се шетаме по главното шеталиште, го разгледуваме главниот плоштад со триумфалната капија (единствена на Куба), се возиме покрај Пунта Горда (Punta Gordа), елитна населба покрај брегот на морето, ја посетуваме палатата Ваље - која била некогашна коцкарница во времето на Батиста... Вистински времеплов! Потоа се упатуваме кон Тринидад (Trinidad). Мало филмско место кое е под заштита на УНЕСКО заради сите зачувани објекти од колонијалниот период. Се сместуваме, a вечерта одиме во кубански клуб во пештера, танцуваме цела ноќ на најпознатите латино хитови! 

Превоз

  • Трансфер од Хавана до Сиенфуегос и Тринидад

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Хавана
  • Тринидад

Факултативни излети

Градот Тринидад е основан во почетокот на 16тиот век. Шарениот град ја задржал својата автентичност и се смета за најсочуван град на Куба. Го разгледуваме познатиот плоштад Plaza Mayor, Casa de la Musica, местото на собирање на локалците, Музејот на борбата, Историскиот музеј и многу други знаменитости на Тринидад. Едночасовното шетање низ градот го завршуваме со посета на една од најубавите плажи на карипското море -- плажата Анкон. Прекрасна песочна плажа сместена на истоимениот полуостров.

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Рано наутро го напуштаме нашето сместување и се упатуваме на незаборавна авантура за сите љубители на природа -- го посетуваме националниот парк Guanyara. Паркот се наоѓа на планината Topes de Collantes. До самата планина стигнуваме со руски отворен камион од кој совршено можеме да ја видиме и да ја доловиме целата природа. Започнува нашата авантура - пешачиме по шумите, уживаме во прекрасната природа, водопади, висечки мостови, се запознаваме со тропски растенија и необични птици. Ако имаме среќа, овде ќе ја видиме и најмалата птица на светот која живее на Куба - Пчелестото колибри. Некаде на половина пат не очекува вистинско изненадување, капење во природен извор и водопад, идеално освежување по планинарењето. По напорниот ден, се враќаме во Тринидад.

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Авантурата ја започнуваме со незаборавно пловење со катамаран по Карибите. Попатно застануваме и нукраме на прекрасен корален гребен -- го бараме немо :). Продолжуваме кон нашиот остров, во меѓувреме на нашиот катамаран си пуштаме музика и пиеме по некоја пијачка. Пристигнуваме на островот Cayo Blanco, каде уживаме на преубавата плажа со тикизна вода и снежно бел песок додека понекогаш друштво ни прават домородците на овој остров, како игуани, hermit crabs и сл. По целодневното уживање на овој карипски рај се враќаме во Тринидад.

Превоз

  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Варадеро

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето и се упатуваме кон Санта Клара (Santa Clara), е значаен по тоа што е местото каде завршила кубанската револуција и овде го посетуваме меморијалниот споменик посветен на Че Гевара, неговиот гроб и музеј со колекција на неговите лични предмети. Потоа продолжуваме кон Варадеро и се сместуваме. Имаме слободно попладне за уживање на најубавата плажа на #целсвет!

Превоз

  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Варадеро

Сместување

Memories Varadero 1 ноќ

Место

  • Тринидад
  • Варадеро

Храна

  • All Inclusive × 1

Слободен ден за уживање во магијата на Кариби! Сончање, пливање, масажи и коктели на една од најубавите плажи (според Tripadvisor) на #целсвет... вистински тропски рај!

Сместување

Memories Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Факултативен излет - Фармата на крокодили и Guama snorkeling. Ја посетуваме фармата на крокодили одговорна за зачувување и размножување на овој вид животно кое претставува симбол на овој регион. Со бродче посетуваме реплика на селото Таино каде ќе ги видиме живописните скулптури на кубанската уметничка Rita Longa и ќе дознаеме повеќе за традиционалниот живот на Индијанците. После ручекот во Пунта Периџа одиме на нуркање и уживаме во магијата на Карипското море.

Сместување

Memories Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Хавана до Истанбул во 09:10h. (TK183). 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Варадеро
  • Хавана
  • Истанбул

Пристигнување во Истанбул во 08:30h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:35 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 20:00h. . Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Casa Particulares - Havana Пример 5 ноќи
Casa Particulares - Trinidad Пример 4 ноќи
Memories Varadero Пример 3 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Хавана до Сиенфуегос и Тринидад
  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Варадеро
  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Варадеро
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

2 × All Inclusive

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети

Цена: 55,00 EUR

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)

Цена: 45,00 EUR

Ернест Хемингвеј еден од најславните писатели на XX век, поминал дел од својот живот уживајќи во својата куќа недалеку од Хавана. Ја посетуваме куќата каде се запознаваме со неговиот интересен живот. Дали сте знаеле дека чувал повеќе од 40 мачки? Дека учествувал во 4 војни? Дека гробовите на неговите кучиња се наоѓаат баш на имотот кој ќе го посетиме? Нема да ви откриеме сѐ, но точно е дека Хемингвеј бил многу интересна личност и дека зад себе има оставено многу големи дела. Во куќата се наоѓа и колекција на неговите книги и од таа причина не може да се влезе, но целосните простории се гледаат низ вратата и прозорците. Потоа одиме да пливаме во прекрасните карипски води. Плажите кои се простираат на речиси шест километри се популарни како меѓу туристите, така и меѓу локалците. Идеално место за одмор и уживање на само половина час возење од Хавана. Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, влезница во музеј и трансфери до музејот, плажата и назад до сместувањето.

Вињалес

Цена: од 70,00 EUR до 75,00 EUR

Долината Вињалес е позната по својот извонреден пејзаж и позната по традиционалните методи на земјоделство, особено за тутун кои останале непроменети и како таква се наоѓа под заштита на UNESCO. Целиот регион ја чува својата богата традиција преточена во архитектурата, во своите занаети и начинот на живот. Посетата на Вињалес ќе нѝ помогне подобро да се запознаеме со руралната околина и со прекрасната природа. Вињалес го красат шарени куќички, како и планините Моготес (Mogotes). Од Хавана е оддалечена 184 km, а патувањето до таму го дополнуваме со попатно застанувањe на местото Лас Баригонас (Las Barrigonas), познато по прочуените “Трудни палми“. Тоа се посебен вид на палми карактеристични само за Куба. Првата станица во Вињалес е секако Индијанската пештера, која ја разгледуваме со локален водич. На моторни чамци ја разгледуваме внатрешноста на пештерата и го фотографираме прекрасниот премин од пештерата во природата. Заедно продолжуваме кон познатата долина на тутунот, каде учиме како се обработува тутунот и се подготвува за правење на цигари. Посетуваме локална кубанска куќа во која домаќинот нѝ покажува како се изработуваат цигари, а и ние самите ќе имаме можност да пробаме. Доколку имаме желба можеме заедно да одиме до еден од прекрасните палачари и да пробаме вистинска локална храна. При враќањето во Хавана застануваме на видиковец од кој има најубав поглед на долината Вињалес и планините Моготес. Идеално место за фотографии. Цената на излетот вклучува превоз, влезница за пештерата, локален водич и посета на локална куќа.

Santa Clara и Cienfuegos

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!

Santa Clara -- Санта Клара е град во кој можеме одблиску да се запознаеме со револуцијата. На влезот во градот има мавзолеј, меморијален комплекс во кој се наоѓа гробот на Че Гевара како и предмети кои ги користел во текот на својот живот. По посетата на мавзолејот продолжуваме кон центарот на градот. Центарот на Санта Клара навистина ја чува целата историја за која ќе слушнеме нешто повеќе на овој излет. Ќе го посетиме споменикот на Tren Blindado и ќе се запознаеме со архитектурата на овој живописен град. 

Cienfuegos -- Сиенфуегос е колонијален град основан во 1819. година од стрaна на француски велепоседници, познат по својата прекрасна архитектура кој се наоѓа на карипскиот брег во јужно-централна Куба. Овој град од 2005. година се наоѓа на листата на  на UNESCO на светско културно наследство. Ја посетуваме Palacio del Valle, палатата од која се нуди прекрасен поглед на заливот. Украсена е со симболи на маварската архитектура, улицата Прадо, Малекони - историскиот центар на Сиенфуегос. 

Во излетите се вклучени: превоз, влезници во Palacio de Valle и мавзолејот на Че Гевара и услугите на претставникот од агенција.

Тринидад City Tour и Плажата Анкон

Цена: 45,00 EUR

Градот Тринидад е основан во почетокот на 16тиот век. Шарениот град ја задржал својата автентичност и се смета за најсочуван град на Куба. Го разгледуваме познатиот плоштад Plaza Mayor, Casa de la Musica, местото на собирање на локалците, Музејот на борбата, Историскиот музеј и многу други знаменитости на Тринидад. Едночасовното шетање низ градот го завршуваме со посета на една од најубавите плажи на карипското море -- плажата Анкон. Прекрасна песочна плажа сместена на истоимениот полуостров.

Guanayara Trekking

Цена: 65,00 EUR

Излет за вистинските љубители на природата. Guanyara паркот се наоѓа на планината Topes de Collantes. До самата планина стигнуваме со руски отворен камион од кој совршено можеме да ја видиме и да ја доловиме целата природа. Нашето прво застанување е видиковецот од кој се гледа Тринидад, Карипското Море и шеќерната долина. Со камиончето продолжуваме до Casa de la Café, музејот на кафето. Локалниот водич нѝ раскажува за традиционалното производство на кафе и нѝ ги покажува направите кои некогаш се користеле. По дегустацијата на кафе, продолжуваме понатаму до паркот и нашата прошетка и авантура може да започне. Доколку имаме среќа може да видиме и Tocororo, националната птица на Куба. Прошетката низ паркот е прилагодена за сите возрасти и е долга 4km, а на половина пат правиме пауза и се освежуваме во природен базен, а потоа продолжуваме покрај реката Guanayarа

Во цената на излетот е вклучен: водич, превоз и ручек.

Cayo Blanco (Trinidad)

Цена: 75,00 EUR

Авантура на Cayo Blanco, малечко островче како мал рај среде Карипско море, без асфалтирани улици, автомобили, бука и масовен туризам. кое го красат бел песок, тиркизно море и палми. Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во рака додека не милува карипското сонце и се забавуваме на бродот. Во близина на островот се наоѓа корален гребен кој ќе имаме прилика да го истражиме со нуркање и ќе се запознаеме со водниот свет. Кога ќе завршиме со нуркање продолжуваме кон островот. Пристигнуваме на нашиот остров и не воудушевува кристално чистата тиркизна вода со бел песок и песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило.


Во цената е вклучено: пијачки на катамаранот, ручек, сите трансфери и услугите на претставникот од агенција.

Фармата на крокодили и Guama Snorkeling

Цена: 95,00 EUR

Посета на фармата на крокодили, која е позната по одгледување и размножување на различни видови крокодили, кои претставуваат симбол на регионот. Излет со брод и посета на реплика селото Таина, каде низ целото место можете да видите живописни скулптури од кубанскиот уметник Рита Лонга. Скулптурите претставуваат индијанци во своето секојдневие, од риболов до изведување на верски обреди. Го посетуваме местото Punta Perdiz каде не очекува ручек и слободно време за нуркање во Карипското море, а потоа враќање. Во цената на излетот е вклучено: трансфери, преставник од агенцијата, ручек.

Сместување

Casa Particulares - Havana

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Guesthouse или Casa Partuculares на Куба е сместувачки објект кој го поседуваат кубански семејства. Наменет е за туристи кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни и сите соби имаат сопствен тоалет. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Овие сместувачки објекти се исклучително чисти. Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може. Овие “каси“ кои ние ги букираме се наоѓаат на одлични локации.

Casa Particulares - Trinidad

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Guesthouse или Casa Partuculares на Куба е сместувачки објект кој го поседуваат кубански семејства. Наменет е за туристи кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни и сите соби имаат сопствен тоалет. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Овие сместувачки објекти се исклучително чисти. Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може. Овие “каси“ кои ние ги букираме се наоѓаат на одлични локации.

Memories Varadero

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Memories Varadero е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) кој се наоѓа на најубавата плажа во Куба, а и една од најегзотичните на #целсвет. Memories располага со повеќе базени, waterslides, различни ресторани (кој служат разновидна храна -- италјанска, американска, кубанска итн.), центар за анимација, повеќе барови (beach бар, sports бар, pool бар итн.), фитнес и спа центри во својот комплекс. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет. Сите соби располагаат со 

Услугата е на база ноќевање со all-inclusive!

Можност за upgrade: Grand Memories Varadero 5* - All Inclusive (https://www.memoriesresorts.com/resort/grand-memories-varadero)

Вебсајт https://www.memoriesresorts.com/resort/memories-varadero-beach-resort

Адреса Autopista Sur km 18.5
Punta Hicacos
Varadero 42200
Cuba

Останати поаѓања за Куба

Прашања, одговори и искуства

Скоро сите хотели и хостели во Куба се под сопственост на државата, а повеќето се прескапи за квалитетот и услугата што ја добивате во истите. 

Casa Particulares се разликува од хостел или хотел по тоа што е куќа која е во приватна сопственост. Домаќините на касите плаќаат на владата за привилегијата да ги изнајмуваат нивните куќи на туристи, со тоа што целиот профит заработен од вашиот престој иде директно кај домаќините. Значи, ако се одлучите за casa particulares, можете да бидете сигурни дека вашите пари директно подржуваат кубанско семејство.

Сите каси се опремени со приватен тоалет, вентилатор или клима, удобни кревети, фрижидер, а некои од нив имаат сеф и фен за коса. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Нашите домаќини често се грижат за хигиената на нашата соба! Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може.


Валутата на Куба е песос (CUP). Отприлика 1€ = 26CUP.  

Еве што треба да очекувате за:

  • Шише безалкохолна пијачка или шише вода = 0.5-1€
  • Кафе = 1€
  • Коктел = 2-5€
  • Оброк за двајца во ресторан = 25€
  • Еден час интернет = 1€

Ова прашање е индивидуално и има разлика од лице до лице но и од должината на траење на програмата. Вие ги знаете вашите навики за трошење подобро од нас, затоа ве молиме буџетирајте соодветна сума за работи како што се оброци, пијалоци, шопинг, активности и сл. Проверете дали сте ги прочитале детално нашиот план и програма за да знаете што е вклучено во цената на патувањето и што можеби ќе треба да платите додека патувате.


Суптропската клима на Куба е идеална за патување преку цела година. Јуни, јули и август се обично најтоплите месеци - сувата сезона трае од ноември до април, а влажната сезона од мај до октомври. Дури и во "влажната сезона", врнежите се прилично кратки и обично врне во раните утрински или вечерните часови. Па затоа ова не би требало да влијае на вашите планови!

По детално за времето на Куба можете да прочитате на следниот линк: https://www.jungletribe.mk/blog/dali-na-kuba-mozhe-da-se-patuva-preku-cela-godina


Во близина на Хавана (околу 15 километри од центарот) се наоѓа познатата плажа Playa del Este, или Santa Maria del Mar, која излегува на истиот брег на Карипско море, каде што излегува и Варадеро. Бел песок, палми и тиркизна вода. Тука ги поминуваме деновите кога сакаме да бидеме на плажа. Факултативно го посетуваме и Варадеро - најпознатото летувалиште на Куба,


На Куба навистина има многу ресторани и кафулиња во близина на нашите сместувања. Исто така храната на Куба е прилично разновидна, па затоа и најприбирливите ќе си најдат по нешто. Со тоа што има опција да доплатите во вашето сместување околу 5€ за вашите домаќини да ви подготват доручек.


Од храна препорачуваме да пробате:
1. Ropa vieja - ситно сецкано говедско или свинско во комбинација со зеленчук, црн грав и ориз. Дефинитивно must-try кубански деликатес!
2. Tostones - пржена банана полнета со кашкавал и шунка. Можеби Ви звучи чудно, но ветуваме дека е превкусно.
3. Camarrones - ракчиња со лук и енчилада сос.
4. Flan - колач од млеко и карамела.


Куба (Cuba) е безбедна земја и поради нејзиното државно уредување стапката на криминал е многу ниска. Всушност Куба е една од најбезбедните држави на западната хемисфера. Како и во било кој европски град, и во Куба се препорачува внимание од ситни кражби и џепарења, иако дури и тие се ретки. Прошетките по улиците и ноќните излегуваања се безбедни. 

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.