Италија на море: Неапол и Искија

цена од
1.299
EUR ,00
сега од
1.099
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Неапол и Искија – совршен спој на енергија и релаксација!

Неапол, бисерот на јужна Италија, е град кој ве освојува уште со првиот чекор. Автентичен, динамичен и непредвидлив, тој нуди уникатна мешавина од историја, култура и секојдневен живот што пулсира на секој агол. Од тесните улички до погледите кон морето, Наполи е вистинска сцена каде традицијата и модерниот дух живеат заедно.

Нашата приказна започнува токму тука – меѓу шарените фасади, малите локални кафулиња и уличниот живот што никогаш не запира. Спаканаполи, срцето на стариот град, ве води низ автентични квартови каде времето има поинаков ритам. Мирисот на свежо печена пица, звуците на разговори и енергијата на градот создаваат атмосфера што не може да се опише – мора да се почувствува. Во близина, Помпеи сведочи за една древна цивилизација, додека Везув гордо се издигнува над хоризонтот.

А потоа – бегство од ритамот на градот и патување кон островската магија – Искија.

Искија е место каде времето забавува, а природата го презема главниот збор. Зелен остров во срцето на Тиренското Море, познат по своите термални извори, раскошни градини и тиркизни води. Овде деновите започнуваат со мирис на медитерански билки и звукот на брановите, а завршуваат со златни зајдисонца и чаша вино под отворено небо.

Скриени плажи, шармантни гратчиња, релаксација во природни спа-центри и погледи што оставаат без здив – Искија е вистински рај за душата. Совршен баланс на авантура и одмор, каде секој момент е создаден за уживање.

Jungle ве води на патување каде се сретнуваат енергијата на Неапол и спокојот на Искија – искуство што не се заборава.

Спремни?


Рута
Скопје
Неапол
Искија
Неапол
Скопје

Превоз
Авион, Брод, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Италија
Код на патување
IT52
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје и пристигнување во Наполи, Италија. Трансфер до сместувањето во Наполи. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Неапол, co WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Неапол

Денот го користиме за посета на гратчето Баколи. На самиот почеток, застануваме во Баја (Bajae), археолошки локалитет со урнатини кои датираат од времето на Цезар. Најпрво со брод ги истражуваме подвотните урнатини на овој древен град од Римското царство а потоа се упатуваме кон археолошкото наоѓалиште на храмот на Дијана. Потоа одиме кон Баколи, каде што можеме да го видиме Пишчина Мирабилис, огромен римски резервоар за вода. До овој резервоар е и езерото Фусаро. Го посетуваме и замокот Баколи, дом на археолошкиот музеј на Флегрејски полиња (огнени полиња). По прошетката низ историјата, наоѓаме убаво место под сенка за ручек, а потоа се враќаме кон Неапол и имаме слободна вечер за уживање.

Сместување

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE 1 ноќ

Место

  • Неапол

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се упатуваме кон Соренто, град полн со историја, шарена архитектура, цитрусни дрвја и спектакуларни погледи. Нашата прошетка ја започнуваем од плоштадот Лауро (Piazza Lauro). Од тука, продолжуваме по корзо Италија (Corso Italia) кон плоштадот Тасо (Piazza Tasso), главниот плоштад на Соренто. Го впиваме погледот кон „долината на мелниците“, кое го добила името по многуте мелници на вода употребувани во древната дрвена индустрија во овој крај. Правиме пауза за еспресо и продолжуваме по корзото, познато по шопингот. Продолжуваме кон Вила Комунале, место каде што може да се направат најдобрите слики од брегот на Соренто и планината Везувиј. Се симнуваме кон Марина Гранде (Marina Grande) – историско рибарско село и одлична дестинација за пауза за ручек. По ручек, имаме можност да одиме на плажа, направиме шопинг, уживаме во коктел и сладолед. Продолжуваме до градот Амалфи, каде ја посетуваме познатата катедрала Duomo di Sant' Andrea. Една од најубавите катедрали во овој реон, оттука се упатуваме кон главниот плоштад и пристаништето. Имаме слободно време за ручек во некоја од локалните тратории. Се враќаме во хотелот во Неапол и се спремаме за вториот дел од нашата авантура.

Сместување

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE 1 ноќ

Место

  • Неапол

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме хотелот во Неапол и се упатуваме кон пристаништето каде нѐ чека фери брод кој ќе нѐ однесе до островот Искија. Искија е остров полн со историја, термални бањи, прекрасна храна, зајдисонца и карпи настанати од древни вулкански ерупции. Пристигаме во пристаништето и се упатуваме кон нашиот хотел. По чек ин во хотелот, денот го поминуваме на плажа или во истражување на околината. Целиот остров е поврзан преку јавен транспорт, во секој агол има што да се види и проба. Островот може да се истражува и со велосипед.

Превоз

  • Трансфер од хотел до пристаниште
  • Фери од хотелот во Неапол до Искија
  • Трансфер од пристаниште до сместување

Сместување

Hotel B&B Ischia San Nicola 1 ноќ

Место

  • Искија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Денот го користиме за разгледување на нашиот остров од брод. Разгледуваме знаменитости, скриени плажи, термални базени, застануваме за сликање и бањање во тиркизните води. На бродот уживаме во ужинка од брускети и локално Искијско вино и и традиционален неаполитански ручек на локација која останува изненадување за нас. По завршување на излетот имаме време за плажирање, разгледување на островот или уживање во погледот со нашиот омилен коктел.

Сместување

Hotel B&B Ischia San Nicola 1 ноќ

Место

  • Искија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Претпладнето го користиме за плажирање и полнење батерии а попладнето се подготвуваме за експедиција на источниот дел од островот и замокот Арагонезе. Замокот има богата историја која се протега 25 века во минатото и која ќе може да ја искусиме на нашата прошетка низ неговите катчиња. Поминуваме низ галерии, цркви, тераси со прекрасни погледи и мелници и подруми користени за производство на вино. Замокот денес е отворен за јавноста како музеј, галерија за уметнички инсталации и културни настани. Истиот има 2 кафетерии каде може да направиме пауза за кафе, како и опции за ручек, вечера и коктели. Денот го завршуваме со прошетка низ гратчето Искија и нашиот омилен коктел со поглед на замокот.

Сместување

Hotel B&B Ischia San Nicola 1 ноќ

Место

  • Искија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Денот го користиме за враќање на една од плажите кои ги видовме на нашиот излет со брод или за експедиција на плажа која сѐ уште ја немаме видено.

Сместување

Hotel B&B Ischia San Nicola 1 ноќ

Место

  • Искија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме хотелот во Искија и се враќаме кон Неапол со фери брод. Се упатуваме до аеродромот и го завршуваме нашето патување.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до пристаниште
  • Фери од Искија до Неапол
  • Трансфер од пристаниште до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Неапол- Скопје, со WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm

Место

  • Искија
  • Неапол
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE Пример 3 ноќи
Hotel B&B Ischia San Nicola Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Неапол, co WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од хотел до пристаниште
  • Фери од хотелот во Неапол до Искија
  • Трансфер од пристаниште до сместување
  • Трансфер од сместувањето до пристаниште
  • Фери од Искија до Неапол
  • Трансфер од пристаниште до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Неапол- Скопје, со WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE

CULTURE HOTEL VILLA CAPOSIMONTE
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Culture Hotel Villa Caposimonte e хотел со 4* (по локална категоризација) во Наполи, Италија. Хотелот се наоѓа на брдо близу градот и ни нуди незаборавен поглед над целиот град! Хотелот се наоѓа на 15 минути од Националниот Музеј на Наполи. Хотелот располага со сопствен ресторан и бар, како и руфтоп тераса и градина. Се сместуваме во двокреветни соби со телевизор со сателитски канали, сеф, клима уред, и WiFI интернет.

Вебсајт https://villacapodimonte.culturehotel.it/en/accomodation/

Адреса Salita Moiariello
66
80131 Napoli NA
Italy

Hotel B&B Ischia San Nicola

Hotel B&B Ischia San Nicola
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот B&B Ischia San Nicola е сместувачки објект со 3* по локална категоризација. Сместен во срцето на Искија, хотелот нуди панорамски поглед на Медитеранот. Опкуржен со палми и тропска градина, хотелот располага со базен, лежалки, чадори, бар, бесплатен интернет. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, пешкири, фен, телевизор, интернет и клима уред. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Адреса Via Parroco Leonardo d'Abbundo 69
Forio di Ischia
80075 Ischia
Italy

Останати поаѓања за Италија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.