Сицилија, позната во антиката како Тринакриа, е најголемиот остров на Медитеранот, домот на најголемиот вулкан во Европа Етна како и на 400 изгасени и неколку активни кратери. Неговата важност била голема низ историјата, а неговата мистика никогаш не ја напуштила. Според грчката митологија, Сицилија е домот на предците на Киклопот Полифем, кој бил заслепен од Одисеј.
Тука многу работи се вртат околу бројот три, три вери и култури, три мориња, три ʽрта... Сицилијанскиот јазик е комбинација на три јазици - италијански, арапски и шпански, и основни производи се виното, житото и цвеќињата.
Острови познати по Семејството Корлеоне и некогашната лулка на мафијата, денес мирна оаза со прекрасни плажи, специјалитети од риба и неверојатни приказни.
Сицилија е остров надвор од секоја категорија. Тешко е да се опише со зборови. Секој треба да го посети и запознае овој недопрен бисер на Медитеранот. Остров кој има карактер и има душа. Место каде што ќе најдете живи улици, мешавина на култури кои оставиле трага од недовршени приказни, градови кои се исткаени со длабока желба да останат единствени, да се зачува секој значаен камен што зборува за бурното минато.
На природните убавини овде им нема крај, од ридските предели кои кријат прекрасни панорамски погледи, до низините кои се исполнети со миризливи насади со лимони, портокали и мандарини. Во секоја долина се крие живописен град кој е тешко да се пропушти, а сето тоа е проследено со будно око од зовриената крв на вулканот Етна, кој одвреме-навреме ја покажува својата моќ со подригнување чад високо во облаците.
Jungle авантура на најшармантниот остров на медитеранот -- остров каде што повторно ќе се заљубите во италјанската кујна! Што ако ви кажеме дека сицилијанската кујна е една од најдобрите кујни во Европа. Острови исполнети со шарени италјански градови, но и некои од најубавите плажи во Европа -- острови со тиркизно море, бел песок и совршени beach барови. Подгответе ги вашите сетила и научете од Италијанците како да живеете живот каде сè е „Va Bene“.
Се гледаме на најновата Jungle авантура, освојуваме уште еден дел на Европа и се разбира на наш начин!!
Сицилијанците, велат дека Сицилија нема потреба да се споредува со други места, таа е автентична. Затоа не се вели дека Сицилија е како нешто, туку дека нештото Ве потсетува на Сицилија.
- Код на патување
- IT21
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците во Скопје и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Пристигнуваме во Катанија и имаме трансфер до нашето сместување. Авантурата може да започне!
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Катанија (Ryanair) со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40x20x25cm
- Трансфер од аеродромот во Катанија до сместувањето
Сместување
Hotel Villa Cibele 1 ноќ
Место
- Скопје
- Софија
- Катанија
Нашата авантура ја започнуваме во Катанија со патување низ боите, мирисите и музиката на единствениот град кои бил 9 пати уништен и секој пат повторно изграден уште поубав. Го посетуваме главниот плоштад Дуомо, каде доминираат катедралата Св. Агатa и фонтаната на слоновите. Продолжуваме кон Плоштадот на Универзитетот, го посетуваме Театарот Белини, потоа ги посетуваме црквите Виа Кроцифери и улицата Етнеа. Завршуваме во срцето на историскиот центар каде се наоѓа и Римскиот Театар. Продолжуваме на рибниот пазар каде имаме шанса да ја пробаме највкусната улична храна подготвена со најсвежата риба на островот. Воодушевени од сицилијанската кујна, продолжуваме на некои од најубавите плажи во Катанија, седнуваме на пијачка во beach бар, порачуваме лимончело и уживаме под сонцето! Потоа се враќаме во нашето сместување, имаме слободна вечер.
Сместување
Hotel Villa Cibele 1 ноќ
Место
- Катанија
Храна
- Континентален појадок × 1
По појадок, започнуваме со нашата авантура во Таормина, волшебниот бисер на Јонското Море. Зaпочнуваме со катедралата и грчкиот театар. Пешачиме по главната улица -- Корсо Умберто, ги посетуваме најважните места во градот: Плоштадот на Катедралата Св. Никола, Плоштадот IX април, Стариот театар и Саат-кулата. Продолжуваме кон најубавиот видиковец на островот -- терасата на Белведере ди Таормина. Ги посетуваме некои од најпознатите места од серијата White Lotus. Како што се движиме низ Таормина, ќе имаме можност да видиме разновидни архитектонски стилови кои ги рефлектираат различните цивилизации кои оставиле свои отпечатоци во овој град. Се разбира како секоја Jungle авантура дел од денот мораме да го поминеме во некој од локалните beach барови, порачуваме Аперол и уживаме! Време е за последната авантура на нашиот ден го посетуваме највисокиот вулкан во Европа и најактивниот во светот -- Вулканот Етна. Се искачуваме на висина од 1890 метри и ги посетуваме познатите кратери -- Силвестри. Потоа се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време.
Сместување
Hotel Villa Cibele 1 ноќ
Место
- Катанија
Храна
- Континентален појадок × 1
Се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на двата најубави градови на Сицилија -- Сиракуза и Ното. Сиракуза е светско наследство на УНЕСКО, додека Ното се смета за најубавиот град на сицилијанскиот барок. Започнуваме со Сиракуза -- област богата со археолошки наоди кои припаѓаат на неколку периоди од историјата, шетаме по улички стари преку 2000 години, полни со историја на кои не поминуваат автомобили. Нашата авантура ќе ја почнеме на прекрасниот остров Ортигиџа, историскиот центар на Сиракуза, кој е поврзан со градот само преку мост. Шетаме низ уличките и плоштадите на стариот град, почнувајќи од урнатините на храмот на Аполон, до катедралата и фонтаната Аретуса. По Сиракуза се упатуваме кон Ното, мал град на Сицилија кој ќе ве изненади бидејќи е како скриен скапоцен камен. Неговите тесни камени улички се атракција сами по себе. Градот живее и дише сицилијански барок. Започнуваме со Портата на Фердинанд, продолжуваме со катедрала Св. Николас и Плоштадот Св. Франческо. По нашата авантура во овие два прекрасни сицилијански града, имаме можност за уживање во најпознатото Caffe Sicilia -- каде пробуваме вкусно и типично сицилијанско слатко! Дали знаевте дека покрај прекрасните барокни згради -- во близина на Ното се наоѓаат и некои од најпознатите плажи во Сицилија! Време е за уживање! Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Палермо, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време за вечерно истражување на овој град!!
Сместување
Хотел со 3/4* во Palermo 1 ноќ
Место
- Палермо
Храна
- Континентален појадок × 1
Овој ден ја доживуваме магијата на Палермо, главниот град на Сицилија, место со мистерија, каде реалноста често ја надминува имагинацијата. После појадокот започнуваме со Порта Нова, Плоштадот и градината на Кралската палата (факулатативен влез во палатата се плаќа 19 евра) и Катедралата, поминуваме низ улицата Викторија Емануел и продолжуваме кон Плоштадот Болоњи и Плоштадот 4 Канти во самото срце на градот и со најфотографираната глетка во Палермо. Продолжуваме кон Плоштадот Преторија и неговата спектакуларна фонтаната и црквата Св. Катерина кои даваат слика за тоа како изгледал Палермо во своето време на најголем раскош. Ќе ги видиме познатите ботанички градини, Плоштадот Белини со црквите Марторана и Св. Каталдо и улица Македа. Продолжуваме во Театарот Масимо -- најголемиот оперски театар во Италија и трет по големина во Европа. Како и секој ден претходно и овој продолжуваме на плажа -- и тоа на најубавата и најпознатата плажа на цел остров Мондело. Прекрасна плажа со бел песок долга 1,5 километри, тиркизно сино море, прекрасни вили, одлични ресторани за морска храна, бројни барови и енергична летна атмосфера. Уживање во магијата на оваа плажа! Се препуштаме на локалниот начин на живот, уживаме во морска храна, gelato, овошје, пиеме коктели и одмараме под медитеранското сонце. Во вечерните часови се враќаме во нашето сместување, имаме слободно време. Ноќевање.
Превоз
- Локален трансфер од Катанија до Палермо
Сместување
Хотел со 3/4* во Palermo 1 ноќ
Место
- Катанија
- Палермо
Храна
- Континентален појадок × 1
Buongiorno, добредојдовте во San Vito Lo Capo! Ова мало градче во Сицилија е попознато како европските кариби. Се прашувате зошто? Едноставниот одговор претиркизно море, бел песок и одлични beach барови. Самото градче ќе ве освои со топлото гостопримство на локалците и извонредните пејзажи. Не очекува сериозно плажирање и уживање во локалните барови. Јадеме неверојатна морска храна и пиеме лимончело или аперол во типичен сицилијански стил. Се прашувате што е најтешката одлука за време на оваа авантура? Се разбира на која плажа ќе се бањаме, но која и да ја одбереме нема да згрешиме. По нашата релаксирачка авантура, се враќаме во нашето сместување. Ноќевање
Сместување
Хотел со 3/4* во Palermo 1 ноќ
Место
- Палермо
Храна
- Континентален појадок × 1
Кефалу e едно од најубавите села во Италија кое се наоѓа на северниот брег на Сицилија. Во градот доминира карпа која се издигнува до височина од 270 метри, на Феникијците им е позната како подножјето на Херкулес на кое се наоѓа Храмот на Дијана. Нашата авантура започнува од Палатата Марија на Плоштадот Дуомо, шетаме по Јудејската улица, каде го посетуваме Бастионот Маркјафава и старото пристаниште. Пристигнуваме до Катедралата на самиот плоштад. Потоа ја посетуваме и средновековната перална целосно вклесна во карпа, наводно формирана од солзите на жалосната нимфа. По ова интересно потопување во уметноста и културата, останува само да најдеме добро место на плажа и да нарачаме свежа риба и пијачка додека го чекаме зајдисонцето. Потоа се враќаме во нашето сместување во Палермо.
Сместување
Хотел со 3/4* во Palermo 1 ноќ
Место
- Палермо
Храна
- Континентален појадок × 1
Претпладне се одјавуваме од хотелот во Палермо. Трансфер во утринските часови до аеродромот во Катанија. Лет од Катанија до Софија. Пристигнување во Софија и имаме организиран трансфер до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродромот
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа - Софија (Ryanair), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
- Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје
Место
- Катанија
- Софија
- Скопје
Храна
- Континентален појадок × 1
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Катанија (Ryanair) со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40x20x25cm
- Трансфер од аеродромот во Катанија до сместувањето
- Локален трансфер од Катанија до Палермо
- Трансфер од сместувањето до аеродромот
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа - Софија (Ryanair), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
- Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје
Храна
7 × Континентален појадокНе е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Задолжителна доплата за туристичка такса. Таксата се плаќа на рецепција во хотелот. Истата изнесува од 2-3,6 евра дневно по лице (околу 20€ за целото патување).
Сместување
Хотел со 3/4* во Palermo /
Останати поаѓања за Италија
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
ВИЗА
За државјаните на Македонија не е потребна виза.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување во Италија не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден во Септември се движи помеѓу 24-30 степени, а навечер се симнува до 18 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.
БЕЗБЕДНОСТ
Краткиот одговор е да, Сицилија е безбедна. Всушност, стапката на криминал е во опаѓање и е помала во споредба со некои други делови на Италија. Сепак, тоа не значи дека не постои. Како и секоја друга дестинација, има работи на кои треба да внимавате. Mоже да се случат ситни злосторства како џебни кражби или грабнување торби.
Сицилија, исто така, може да има репутација на мафијашка точка, но во реалноста, ова е далеку од вистината, благодарение на италијанската влада која го сузбива организираниот криминал во последните години.
ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Додека италијанската кујна е бескрајно променлива, сицилијанската храна нуди уште поголем пресврт благодарение на нејзините африкански и арапски влијанија. Во западните градови на земјата, рестораните за кускус се пријатни покрај местата за пица на улиците поплочени со мермер. Талкајќи по богатото со историја Centro Storico на Палермо, ќе наидете на улична храна со линк до старите Грци. Сицилијанската храна, исто така, во голема мера црпи од богатството на Средоземното Море, како и од плодната внатрешност на островот. Изберете помеѓу парчиња свежа сабјарка или пржени модар патлиџан во садот со сицилијански тестенини.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Италија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.
СТРУЈА
Во Италија се користиат три поврзани типови на приклучоци, типови C, F и L. Тип на приклучок C е приклучок што има два кружни иглички, приклучок тип F е приклучок што има два тркалезни иглички со две заземјувачи на страна како секаде во Европа и приклучок тип L кој има три кружни пинови.
.png)
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Италија е еврото.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона во Италија е Средно Европско Време и е исто како нашето сметање на времето.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.