Сицилија, позната во антиката како Тринакриа, е најголемиот остров на Медитеранот, домот на најголемиот вулкан во Европа Етна како и на 400 изгасени и неколку активни кратери. Неговата важност била голема низ историјата, а неговата мистика никогаш не ја напуштила. Според грчката митологија, Сицилија е домот на предците на Киклопот Полифем, кој бил заслепен од Одисеј.
Тука многу работи се вртат околу бројот три, три вери и култури, три мориња, три ʽрта... Сицилијанскиот јазик е комбинација на три јазици - италијански, арапски и шпански, и основни производи се виното, житото и цвеќињата.
Острови познати по Семејството Корлеоне и некогашната лулка на мафијата, денес мирна оаза со прекрасни плажи, специјалитети од риба и неверојатни приказни.
Сицилија е остров надвор од секоја категорија. Тешко е да се опише со зборови. Секој треба да го посети и запознае овој недопрен бисер на Медитеранот. Остров кој има карактер и има душа. Место каде што ќе најдете живи улици, мешавина на култури кои оставиле трага од недовршени приказни, градови кои се исткаени со длабока желба да останат единствени, да се зачува секој значаен камен што зборува за бурното минато.
На природните убавини овде им нема крај, од ридските предели кои кријат прекрасни панорамски погледи, до низините кои се исполнети со миризливи насади со лимони, портокали и мандарини. Во секоја долина се крие живописен град кој е тешко да се пропушти, а сето тоа е проследено со будно око од зовриената крв на вулканот Етна, кој одвреме-навреме ја покажува својата моќ со подригнување чад високо во облаците.
Jungle авантура на најшармантниот остров на медитеранот -- остров каде што повторно ќе се заљубите во италјанската кујна! Што ако ви кажеме дека сицилијанската кујна е една од најдобрите кујни во Европа. Острови исполнети со шарени италјански градови, но и некои од најубавите плажи во Европа -- острови со тиркизно море, бел песок и совршени beach барови. Подгответе ги вашите сетила и научете од Италијанците како да живеете живот каде сè е „Va Bene“.
Се гледаме на најновата Jungle авантура, освојуваме уште еден дел на Европа и се разбира на наш начин!!
Сицилијанците, велат дека Сицилија нема потреба да се споредува со други места, таа е автентична. Затоа не се вели дека Сицилија е како нешто, туку дека нештото Ве потсетува на Сицилија.
Состанок на патниците во Скопје и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Пристигнуваме во Катанија и имаме трансфер до нашето сместување. Авантурата може да започне!
Превоз
Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Катанија (Ryanair) со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40x20x25cm
Tрансфер од аеродромот во Катанија до сместувањето.
Овие денови ги посветуваме на потполно уживање под сицилијанското сонце! За прошетка низ барокните улички на Катанија, за кафе на тераса со поглед кон Етна, за книга на плажа или едноставно се препуштаме на „la dolce vita“. За оние што сакаат релакс СПА третман во локален термален центар, или долга прошетка низ ботаничката градина на Катанија. За авантуристите препорачуваме излет до вулканот Етна, истражување на мали рибарски селца, или капење на црните плажи од вулканско потекло. Може да изнајмите велосипед, да испиете вино во некоја скриена винарија, да одите на локален пазар или едноставно да не правите ништо, освен да уживате. Катанија нуди сѐ историја, гастрономија, море и живот! А вечерите... тие резервирајте ги за уживање под ѕвезди во еден од безбројните ресторани со морска храна, жива музика и вино што раскажува приказни. Овие денови се за себе, за повторно полнење батерии, за смеа, за добри разговори и за вистинскиот шарм на Сицилија.
Претпладне се одјавуваме од хотелот во Палермо. Трансфер во утринските часови до аеродромот во Катанија. Лет од Катанија до Софија. Пристигнување во Софија и имаме организиран трансфер до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
Трансфер од сместувањето до аеродромот во Катанија
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа - Софија (Ryanair), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Катанија (Ryanair) со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40x20x25cm
Tрансфер од аеродромот во Катанија до сместувањето.
Трансфер од сместувањето до аеродромот во Катанија
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа - Софија (Ryanair), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје
Храна
6 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Задолжителна доплата за туристичка такса. Таксата се плаќа на рецепција во хотелот. Истата изнесува од 2-3,6 евра дневно по лице (околу 20€ за целото патување).
Сместување
Le Dune Sicily Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Вашето медитеранско прибежиште во Катанија. Само на 2 km од центарот на Катанија, Le Dune Sicily Hotel е сместен на уникатна локација помеѓу златните песоци на плажата La Plaia и живописната морска боровa шума. Со својата медитеранска архитектура, хотелот совршено се вклопува во боите на природата, нудејќи мирна атмосфера и автентично сицилијанско доживување. Гостите имаат на располагање светла трпезарија за појадок, убаво уредена градина и базен, идеално место за релаксација под топлото сицилијанско сонце.
Собите во Le Dune Sicily Hotel се дизајнирани со комфор и едноставна елеганција, совршени за одмор по ден исполнет со истражување на Катанија. Секоја соба располага со: Климa уред, приватна бања со тоалетни прибори, телевизор и телефон, бесплатен Wi-Fi, балкон или поглед кон градината или околината
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
ВИЗА За државјаните на Македонија не е потребна виза.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ За патување во Италија не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ Температурата преку ден во Септември се движи помеѓу 24-30 степени, а навечер се симнува до 18 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.
БЕЗБЕДНОСТ Краткиот одговор е да, Сицилија е безбедна. Всушност, стапката на криминал е во опаѓање и е помала во споредба со некои други делови на Италија. Сепак, тоа не значи дека не постои. Како и секоја друга дестинација, има работи на кои треба да внимавате. Mоже да се случат ситни злосторства како џебни кражби или грабнување торби.
Сицилија, исто така, може да има репутација на мафијашка точка, но во реалноста, ова е далеку од вистината, благодарение на италијанската влада која го сузбива организираниот криминал во последните години.
ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА Додека италијанската кујна е бескрајно променлива, сицилијанската храна нуди уште поголем пресврт благодарение на нејзините африкански и арапски влијанија. Во западните градови на земјата, рестораните за кускус се пријатни покрај местата за пица на улиците поплочени со мермер. Талкајќи по богатото со историја Centro Storico на Палермо, ќе наидете на улична храна со линк до старите Грци. Сицилијанската храна, исто така, во голема мера црпи од богатството на Средоземното Море, како и од плодната внатрешност на островот. Изберете помеѓу парчиња свежа сабјарка или пржени модар патлиџан во садот со сицилијански тестенини.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА Нашите мрежи функционираат во Италија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.
СТРУЈА Во Италија се користиат три поврзани типови на приклучоци, типови C, F и L. Тип на приклучок C е приклучок што има два кружни иглички, приклучок тип F е приклучок што има два тркалезни иглички со две заземјувачи на страна како секаде во Европа и приклучок тип L кој има три кружни пинови.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ Официјалната и основна валута во Италија е еврото.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА Временската зона во Италија е Средно Европско Време и е исто како нашето сметање на времето.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.