Наполи & Амалфи

Наполи & Амалфи

цена од
649
EUR ,00
сега од
499
EUR ,00
траење
5 дена
Пријави се Барање
Барање

Наполи и Амалфи на Jungle Начин – каде историјата пулсира, а морето пее

Наполи, срцето на југот на Италија, е град кој не се раскажува – се доживува. Град на контрасти, на темперамент и страст, каде секоја улица зборува со акцент, секој ѕид има своја приказна, а секое зајдисонце мириса на лимон и морска сол. Тоа е древниот Неапол, домот на пицата, родното место на емоцијата и вратата кон еден од најмагичните предели на Европа – Амалфиското крајбрежје.

 

Патувањето започнува со Наполи – жив, хаотичен, со душа. Старата населба, Спаканаполи, ве враќа назад низ времето, низ лавиринтите на улички со обесени алишта, мирис на кафе и гласови кои се преплетуваат. Тука, животот не се живее – тој избувнува. Помпеи ве поканува да шетате низ улици замрзнати во времето, а Везув го чува споменот на еден изгубен свет.

А потоа, продолжуваме на југот кон Амалфи. Патот што се вие над морето ве води низ гратчиња кои изгледаат како да се дел од некоја приказна. Позитано, со своите пастелни куќи што се спуштаат кон тиркизната море; и градот Амалфи, каде морето и историјата се среќаваат во совршен ритам.

Секој агол е кадар за филм. Секоја лимонова градина, секој тераса, секоја пијачка зачинета со лимончело – зборуваат за животот како уметност. 

Место каде се учи да се живее бавно, со вкус, со страст. 

Неапол и Амалфи не се дестинации. Тие се чувство. Огнено, вистинско, живо....


Рута
Скопје
Тирана
Неапол
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Италија
Код на патување
IT24
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Лет од Тирана и пристигнување во Пиза, Италија. Трансфер до сместувањето во Монтекатини. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Пиза, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродром до сместување.

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Неапол

По појадок, започнуваме со нашата прва авантура во Италија. Го посетуваме древниот римски град -- Помпеја (Pompei). Град замрзнат во времето од катастрофалната ерупција на Везув во 79 година -- кога цел град бил затрупан под вулканскиот пепел. Се запознаваме со начинот на живот на граѓаните пред скоро две милении и учиме повеќе за драматичната ерупзија на Везув. Започнуваме со прошетка низ античкиот дел на градот, каде ги посетуваме Форумот - главниот политички центар и јавните бањи (Римски Терми). Потоа продолжуваме до една од најлуксузните куќи на италјанската аристократија и Лупанарот -- античкиот бордел. Завршуваме со познатиот амфитеатар -- каде гледаме прекрасно сочувани фрески и гипсени отисоци на жителите кои биле погодени од ерупцијата. По нашиот незаборавен излет во минатото продолжуваме со дегустиација на вино, во некои од стотиците винарии во близина. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да се напиеме по некој аперол шприц или да пробаме традиционална Наполитанска пица. 

Место

  • Неапол

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок започнуваме со истражување на едно од највпечатливите крајбрежни подрачја на #целсвет. Место кое мириса на лимуни и солената морска вода, познато по прекрасните карпи, шарените италјански села, живописните патишта и плантажи на портокали. Започнуваме со истражување на еден од најубавите градови во овој регион -- Позитано. Град познат по шарените куќички кои се наоѓаат на ридот со неверојатен поглед кон медитеранот. Попатно застануваме кај познатиот видиковец La Sirenuse, правиме кратка пауза за еспресо или лимунчело и уживаме во прекрасниот панорамски поглед над Амалфи. Продолжуваме до градот Амалфи, каде ја посетуваме познатата катедрала Duomo di Sant' Andrea. Една од најубавите катедрали во овој реон, оттука се упатуваме кон главниот плоштад и пристаништето. Имаме слободно време за ручек во некоја од локалните тратории. По ручекот продолжуваме во Равело -- град кој се наоѓа на самата карпа од каде имаме незаборавен поглед над медитеранот. Шетаме низ ова прекрасно италјанско градче и купуваме џелато за вистински да го доживееме овој прекрасен град. По нашата незаборавна авантура се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време. 

Место

  • Неапол

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок, започнуваме со нашата последна авантура за ова патување. Го посетуваме еден од најегзотичните острови во Италија -- Капри. Остров кој е синоним за луксуз, природна убавина и медитеранска елеганција. Познат по своите стрмни карпи, тиркизно море и легендарната Сина пештера, Капри со векови ги привлекува уметниците, познатите личности и љубителите на автентичното италијанско доживување. Пловиме со катамаран по тиркизното море и пристигнуваме до Марина Гранде -- најголемото пристаниште на овој светски познат остров. Оттука продолжуваме до највисоката точка на островот -- Монте Соларо, од каде имаме незаборавен панорамски поглед. Имаме слободно време да се напиеме еспресо и да пробаме по некое корнето. Оттука продолжуваме кон градот Капри -- шетаме по познатите улички кои се преполни со дизајнер продавници. Оттука продолжуваме кон Градините Август -- нашата оаза во прекрасниот град. Имаме слободно време за шопинг или ручек во некој од локалните ресторани. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време.

Место

  • Неапол

Храна

  • Континентален појадок × 1

 Во раните утрински часови се упатуваме кон аеродромот во Наполи од каде се качуваме на лет за Тирана. Пристигнуваме во Тирана и имаме трансфер до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пиза - Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Локален трансфер од Меѓународниот аеродром во Тирана до Скопје

Место

  • Неапол
  • Тирана
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Пиза, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пиза - Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Локален трансфер од Меѓународниот аеродром во Тирана до Скопје

Храна

4 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)

Останати поаѓања за Италија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.