Полска

Полска

Средноевропска држава која по големина го зазема деветтото место, а по број на жители осмото место во Европа (со околу 40 милиони жители), денес е една од најпопуларните туристички дестинации за млади. Патување во Полска се организира неколку пати годишно, а атрактивна е во текот на целата сезона. Нова Година во Краков, разгледување на Варшава и Гдањск на пропатување кон Балтикот, излети во логорот Аушвиц и рудникот за сол Вјеличка, се само дел од понудите за Полска.

Главен град на Полска е Варшава, додека други поголеми градови се Краков, Вроцлав, Позањ и Гдањск. Официјална валута на Полска е злот (златник), а Пољаците се, после Чесите, вториот најбогат народ во Централна Европа. Цените во Полска се пониски во однос на земјите од Западна Европа. Ручањето во ресторан, брзата храна, пиењето и возењето со такси се со поволни цени и поради тоа голем број на туристи се одлучуваат за патување во Полска. Традиционална полска храна е пиероги, а се пие и варено пиво. Според извештајот на ОН, Полска е една од најбезбедните земји во Европа, па туристите се чувствуваат безбедно шетајќи се по улиците на сите нејзини градови.

Познати личности од Полска се: Марија Кири - првата жена која има добиено Нобелова награда, Никола Коперник - првиот научник кој го формулирал хелиоцентричниот систем, Фредерик Шопен - еден од најпознатите композитори на сите времиња, папата Јован Павле II - првиот папа кој не е по потекло од Италија.

Интересни факти кои ќе ги дознаете низ патувањето во Полска:

  • Најстариот ресторан во Европа „Piwnica Swidnicka” се наоѓа во Врослав
  • Творец на познатиот козметички бренд „Max Factor“ е Пољакот Maksimilian Faktorovic
  • Вториот најстар универзитет во Европа се наоѓа во Краков

Полска е земја на легенди, добра храна и одличен провод, а патувањето во Полска е аватура која долго се памти. 

Видео