Ако Португалија е поезија, тогаш Мадеира е рефренот што ти останува во глава цел живот.
Но, пред да те однесе срцето на Атлантикот, ќе се заљубиш во Лисабон. Шарен, жив, весел град кој те пречекува со мирис на кафе и свежо печен Pastel de nata, со калдрмисани улици кои водат до панорамски видиковци, и трамваи кои тропкаат низ градот како саундтрак од стар филм. Ќе го почувствуваш пулсот на градот во Алфама, ќе ја допреш историјата во Белем, и ќе се опуштиш покрај океанот во Кашкаиш и Коста да Капарика. Но ова е само загревање...
Бидејќи следува Мадеира. Островот кој природата не го поштедила. Остров каде планините се нурнуваат во океанот, каде што палмите растат од вулканска земја, и каде што воздухот мириса на море, цвеќиња и нешто што не можеш да го објасниш ама ќе го почувствуваш. Ќе шетаме низ Фуншал, главниот град. Ќе се искачиме со жичарница до Монте за да ги видиме тропските градини што изгледаат како од бајка. Ќе се бањаме во вулкански базени во Porto Moniz, ќе истражуваме зелени долини, драматични клисури и магични шуми под заштита на UNESCO. Ќе возиме по најфотогеничните патишта, ќе ручаме со поглед што ќе ти ја отвори душата, и ќе запознаеме локалци кои знаат што значи да се живее полека ама со мерак. А ако времето нè послужи (а на Мадеира речиси секогаш служи), ќе пловиме низ океанот, ќе гледаме делфини и китови, и ќе се капеме во мали заливи каде што морето е толку бистро што ќе помислиш дека сонуваш. Мадеира не е место каде одиш. Таа е место каде што остануваш барем со мислите, уште долго по враќањето.
А за крај? Порто, градот што те пречекува со чаша вино и поглед кон реката Доро. Ќе ги прошетаме мостовите, ќе ги откриеме винариите, ќе пробаме Francesinha (не прашувај само вкуси) и ќе ги собереме впечатоците од целото патување со поглед на град кој има своја посебна магија. Но знаеш што? Срцето веќе ќе ти биде на едно друго место...
Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Вечерен лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Лисабон (Lisabon).
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Скопје
Истанбул
По пристигнување во Лисабон имаме трансфер до нашето сместување. Имаме слободно време да го истражиме овој фасцинантен град! Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи започнуваме во Belem -- најживиот дел во овој град, не може а да не видиме се! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме на пловење низ реката Таго на зајдисонце! Ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Mистичен град со кулата на масоните Quinta da Regaleira, шарената палата Pena и националната палата, основана од страна на Маварите во почетокот на 9-ти век. Полни кафулиња и ресторани со голем број посетители за кои Синтра е неизбежна станица низ Португалија. Продолжуваме на Кабо да Рока - најзападната точка на Европа каде брановите се одбиваат од карпите и каде можете да добиете сертификат дека сте биле на крајниот запад на стариот континент! Денот го завршуваме на наааајпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање! Ноќевање.
По појадокот, се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трансфер до аеродромот. Локален лет од Лисабон до прекрасниот остров Мадеира бисерот на Атлантикот, познат по својата уникатна природа, драматични пејзажи и пријатна клима во текот на целата година. По пристигнувањето во попладневните часови, ве очекува трансфер до хотелот и сместување. Остатокот од денот е слободен за индивидуално истражување на Мадеира. Не пропуштајте да ја вкусите познатата локална питa Bolo do Caco или да се освежите со чаша автентично вино. Ноќевање.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон - Мадеира (локален лет), во економска класа со вклучен багаж 20 кг + 7 кг рачен.
По појадокот одиме на прошетка низ шармантниот главен град на Мадеира - Фуншал, град кој изобилува со историја и европска егзотика. Ќе ја посетиме катедралата Sé, една од ретките градби останати од 15 век. Ќе продолжиме кон познатиот Mercado dos Lavradores - живописен пазар каде може да се вкусат уникатни локални овошја како „анона“ и „пешего“, да се видат шарени цвеќиња, зачини и да се почувствува пулсот на локалниот живот. Од центарот, со жичница се искачуваме кон ридот Монте. Овој дел од градот нуди спектакуларен поглед кон Фуншал и бескрајниот Атлантик. Меѓу останатото ова било омилено одморалиште на аристократијата, а таму се наоѓа и Monte Palace Tropical Gardens, неверојатна зелена оаза со над 100.000 растенија од целиот свет, езерца во кои пливаат јапонски коии риби, и патеки опкружени со азиска и африканска уметност. Интересен факт: тука се наоѓа една од најголемите приватни колекции на африкански скулптури во Европа! Ноќевање.
Денес ја откриваме дивата и автентична страна на Мадеира, патувајќи низ западниот дел на островот. Регион каде природата е најимпресивна и недопрена. Поаѓаме од Фуншал и се возиме по живописните планински патишта. Прва станица, рибарското село Câmara de Lobos шармантно гратче со шарени куќи и традиционални чамци, кое било инспирација за уметничките дела на Винстон Черчил. Продолжуваме кон Cabo Girão спектакуларна стаклена платформа поставена на 580 метри височина, една од највисоките крајбрежни карпи во Европа. Панорамските погледи кон Атлантикот и околните лозја се вистинско визуелно доживување. Патот не води понатаму низ Encumeada Pass, со погледи на двете страни од островот, сè до волшебната Laurisilva Forest древна суптропска шума заштитена од UNESCO, вистинска природна катедрала опкружена со зеленила и неверојатен мир. Highlight на денот е Porto Moniz, каде ќе ги посетиме природните базени создадени од вулканска лава, исполнети со чиста океанска вода. Идеално место за освежување, релаксација или едноставно уживање во неверојатните глетки. Враќањето во Фуншал е по северната обала, каде по патот уживаме поминувајќи покрај неверојатните карпи, водопади што паѓаат директно во океанот и глетки што го одземаат здивот. Ноќевање.
Овој ден го посветуваме на источниот дел на Мадеира, полн со природа, традиција и неверојатни моменти. Првата станица е Pico do Arieiro, еден од највисоките врвови на островот, со висина од 1.818 метри. Овде ќе бидете во облаците, буквално! Секој момент околу вас е спектакуларен, совршен за инстаграмски фотки и вреден за вдишување на оваа планинска енергија. Продолжуваме кон селото Ribeiro Frio, прекрасно место опкружено со густа, зелена вегетација и рибници со свежа пастрмка. Потоа ќе го посетиме култниот островски бисер Santana. Познат по традиционалните куќички со покрив од слама, ова село е вистински симбол на Мадеира и идеално место за прошетка, фотографирање и дегустација на локални специјалитети. Патувањето продолжува до живописното крајбрежје на Porto da Cruz, каде ќе посетиме мала локална фабрика која го одржува старото занаетчиско производство на шеќерна трска и ракија, вкус и традиција што треба да се доживеат. Во историскиот град Machico, каде португалските морепловци првпат стапнале на Мадеира во 1419 година, ќе уживаме во панорамски поглед на заливот и кратка прошетка по неговите улички, полни со локални приказни. Денот го завршуваме во селото Camacha, познато по традиционалното кошничарство и богатиот фолклор, каде ќе почувствувате автентичниот дух на островот и неговата култура. Ноќевање.
По појадок имаме трансфер до аеродром и локален лет до Порто. Трансфер од аеродром до сместување. По сместувањето, започнуваме со факултативен излет -- Порто City Tour. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа, градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити и мурали и azulejos. Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно Историскиот центар на Порто, кој е заштитен од UNESCO. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во овој дел на градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и мали кафулиња со само по неколку маси. Транспортирани сме далеку од градската бучава и модерните згради! Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Ја посетуваме и најстарата катедрала во Порто, па продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento и авенијата dos Aliados. Нашиот ден продолжува на Rua das Flores најпосетуваната улица во Порто. Седнуваме во некои од локалните вински барови и конечноо го пробуваме највкусното вино на #ЦелСвет! Вечерта не очекува неверојатно гастрономско и музичко искуство, Фадо вечера. Ќе ја искусиме одличната португалска кујна, а притоа слушаме традиционална португалска музика, фадо -- музиката каде што секоја нота длабоко метастазира во нашиот организам. Ноќевање.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мадеира - Порто (локален лет), во економска класа со вклучен багаж 20 кг + 7 кг рачен.
По појадок ги напуштаме нашите соби и имаме трансфер до аеродромот во Порто. Лет од Порто до Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон - Мадеира (локален лет), во економска класа со вклучен багаж 20 кг + 7 кг рачен.
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мадеира - Порто (локален лет), во економска класа со вклучен багаж 20 кг + 7 кг рачен.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
7 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Туристичка такса за Португалија која изнесува: 2€ (Porto) и 4€ (Lisabon) дневно по лице.
Туристичка такса за Мадеира која изнесува 2€ дневно по лице.
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Sunset Cruise!
Цена:
75,00 EUR
Доживејте го шарениот Лисабон од една поинаква перспектива!
Се упатуваме кон марината, каде не чекаат нашиот капетан и нашата едрилица – авантурата може да започне. Уживаме во прекрасните панорами на градот додека поминуваме покрај кулата Белем, Споменикот на Откривачите, Плоштадот Комерсио – повторно се заљубуваме во Лисабон!
Пловиме под Португалскиот Golden Gate -- мостот „25-ти Април“ и ќе се приближиме до статуата Cristo Rei. Додека пловиме нашиот капетан не запознава со историјата на градот, интересни и забавни приказни за секој локалитет што го минуваме.
Свежиот океански воздух не разладува, додека ја пиеме нашата омилена пијачка и го чекаме зајдисонцето на нашата едрилица!
Lisabon City Tour.
Цена:
40,00 EUR
Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Спремете си удобни обувки, бидејќи Belem се доживува на нога. Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.
Напомена: Излетот се организира со јавен превоз
Sintra, Cabo da Roca & Cascais
Цена:
90,00 EUR
Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Во Синтра одиме за да се воодушевуваме на нејзините дворци и палати во чиј склоп се наоѓаат дури 7 од нив. Тоа кое што никако не смееме да го пропуштиме додека сме во Синтра е Cabo da Roca, најзападната точка на Европа. На овој „крај од Европа“ се наоѓа светилник како и споменик кој што ќе Ви потврди дека од другата страна се наоѓа Америка. Водичот веројатно би се пошегувал и би ви рекол доколку е навиистина сончев денот и добро се загледате таму некаде можете да го видите New York! Тоа што е фасцинантно тука се дивите бранови кои што моќно удираат по карпите. Погледот е неверојатен, а најхрабрите ќе се спуштат до океанот и ќе ги пробуричкаат своите прсти во Атлантикот. Денот го завршуваме на наааајпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање!
Funchal City Tour, Cable Car & Tropical Gardens
Oдиме на прошетка низ шармантниот главен град на Мадеира - Фуншал, град кој изобилува со историја и европска егзотика. Ќе ја посетиме катедралата Sé, една од ретките градби останати од 15 век. Ќе продолжиме кон познатиот Mercado dos Lavradores - живописен пазар каде може да се вкусат уникатни локални овошја како „анона“ и „пешего“, да се видат шарени цвеќиња, зачини и да се почувствува пулсот на локалниот живот. Од центарот, со жичница се искачуваме кон ридот Монте. Овој дел од градот нуди спектакуларен поглед кон Фуншал и бескрајниот Атлантик. Меѓу останатото ова било омилено одморалиште на аристократијата, а таму се наоѓа и Monte Palace Tropical Gardens, неверојатна зелена оаза со над 100.000 растенија од целиот свет, езерца во кои пливаат јапонски коии риби, и патеки опкружени со азиска и африканска уметност. Интересен факт: тука се наоѓа една од најголемите приватни колекции на африкански скулптури во Европа!
West Madeira Tour: Porto Moniz & Natural Pools
Денес ја откриваме дивата и автентична страна на Мадеира, патувајќи низ западниот дел на островот. Регион каде природата е најимпресивна и недопрена. Поаѓаме од Фуншал и се возиме по живописните планински патишта. Прва станица, рибарското село Câmara de Lobos шармантно гратче со шарени куќи и традиционални чамци, кое било инспирација за уметничките дела на Винстон Черчил. Продолжуваме кон Cabo Girão спектакуларна стаклена платформа поставена на 580 метри височина, една од највисоките крајбрежни карпи во Европа. Панорамските погледи кон Атлантикот и околните лозја се вистинско визуелно доживување. Патот не води понатаму низ Encumeada Pass, со погледи на двете страни од островот, сè до волшебната Laurisilva Forest древна суптропска шума заштитена од UNESCO, вистинска природна катедрала опкружена со зеленила и неверојатен мир. Highlight на денот е Porto Moniz, каде ќе ги посетиме природните базени создадени од вулканска лава, исполнети со чиста океанска вода. Идеално место за освежување, релаксација или едноставно уживање во неверојатните глетки. Враќањето во Фуншал е по северната обала, каде по патот уживаме поминувајќи покрај неверојатните карпи, водопади што паѓаат директно во океанот и глетки што го одземаат здивот.
East Madeira Tour
Овој ден го посветуваме на источниот дел на Мадеира, полн со природа, традиција и неверојатни моменти. Првата станица е Pico do Arieiro, еден од највисоките врвови на островот, со висина од 1.818 метри. Овде ќе бидете во облаците, буквално! Секој момент околу вас е спектакуларен, совршен за инстаграмски фотки и вреден за вдишување на оваа планинска енергија. Продолжуваме кон селото Ribeiro Frio, прекрасно место опкружено со густа, зелена вегетација и рибници со свежа пастрмка. Потоа ќе го посетиме култниот островски бисер Santana. Познат по традиционалните куќички со покрив од слама, ова село е вистински симбол на Мадеира и идеално место за прошетка, фотографирање и дегустација на локални специјалитети. Патувањето продолжува до живописното крајбрежје на Porto da Cruz, каде ќе посетиме мала локална фабрика која го одржува старото занаетчиско производство на шеќерна трска и ракија, вкус и традиција што треба да се доживеат. Во историскиот град Machico, каде португалските морепловци првпат стапнале на Мадеира во 1419 година, ќе уживаме во панорамски поглед на заливот и кратка прошетка по неговите улички, полни со локални приказни. Денот го завршуваме во селото Camacha, познато по традиционалното кошничарство и богатиот фолклор, каде ќе почувствувате автентичниот дух на островот и неговата култура.
Porto City Tour и посета на винарска визба
Цена:
40,00 EUR
Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.
Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.
Фадо вечера во Порто
Цена:
60,00 EUR
Одиме на традиционално fado шоу -- музиката каде што секоја нота длабоко метастазира во нашиот организам и must-see без кој ниедна посета на Португалија не би била целосна. Ги слушаме нотите на гитара додека уживаме во прекрасно порт вино и вечера.
Во цената на излетот се вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци и вечера.
Напомена: превозот до ресторанот не е вклучен во цената на излетот
Сместување
easyHotel Lisbon
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
easyHotel Lisabon e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Лисабон, Португалија. Хотелот се наоѓа на само 10 минути пешки од центар на Лисабон. Хотелот располага со двокреветни соби со клима уред, фен за коса, телевизор со сателитски канали и тоалети (шампон, купка).
Адреса
60A Rua de Santa Marta
Santo Antonio
1150-006 Lisbon
Portugal
Хотел 3/4* во Мадеира
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел со 3/4* во Мадеира
HF Tuela Porto
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
HF Tuela Porto e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Порто, Португалија. Се наоѓа во најживиот дел на градот (Boavista) на само 10 минути пешки до реката Дуро. Хотелот располага со сопствен бар и ресторан. Хотелот располага со двокреветни соби со телевизор со сателитски канали, минибар, електричен kettle и клима уред.
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.