Њујорк City Tour #1
.jpg)
Денот го започнуваме со посета на места кои го раскажуваат духот на Њујорк. Првата станица ни е Carnegie Hall една од најпознатите концертни сали во светот, каде што настапувале музички легенди како Тосканини, Елвис Присли и The Beatles. Вистински симбол на уметноста и културната елеганција на градот. Продолжуваме по единствената 5th Avenue улица на луксузот, модата и стилот, каде што ќе го видиме и иконскиот The Plaza Hotel, симбол на стара холивудска гламурозност и раскош. Тоа е тој ретро град. Ќе застанеме пред величествената катедрала Свети Патрик, архитектонско ремек-дело и оаза на духовен спокој среде модерни облакодери. Следна станица е култниот Rockefeller Center симбол на динамиката на градот, познат по зимското лизгалиште, новогодишната елка. Потоа се упатуваме во Greenwich Village квартот на уметноста и креативноста. Шармантните улички, уникатните кафулиња, книжарниците и џез баровите создаваат атмосфера што инспирира и опушта. Продолжуваме со прошетка по модерниот High Line урбан парк изграден на стара железничка линија, кој нуди прекрасни погледи кон новиот кварт Hudson Yards и футуристичката структура Vessel, која го освојува вниманието со својот уникатен дизајн. Денот го завршуваме на Pier 57 нов модерен центар исполнет со културни и гастрономски содржини. На неговиот rooftop не очекува спектакуларен поглед кон реката Хадсон и хоризонтот на Менхетен. Дали и ти ја почувствува оваа урбана магија?